Што кога сме со негативна енергија?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Имам една комшика која е неверојатен извор на негативна енергија. Избегавам да бидам во нејзина близина, ама кога ќе се деси да ја сретнам или да сум во нејзино присуство несакајќи, верувајте 5 дена сум намуртена и негативна. И не само јас, него општо секој што ќе поседи 3 минути со нејзе. Толку намуртено и негативно човечко суштество немам видено. Не знам ама негативната енергија ја впивам како сунѓер. Многу ми сметаат негативните луѓе и најдобар спас од негативната енергија е само тотална изолација од ваквите луѓе, добра музика, ете пример мене ме расположува некоја добра латино песна, една добра шетња низ парк и дружење со некое милениче. Никој како некое мало кутре кое ќе ве сака како никој, нема да ви помогне да се спасите од негативната енергија!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кога сме со негативна енергија, ја истураме на форум, за потоа во писанките да ни запишат дежурните дека сме агресивни и исфрустрирани. (:|

Едноставно, некогаш една баналност може да ме наполни со негативна енергија многу повеќе од некои поголеми проблеми.
Лек? Некогаш ми е потребно малку време за себе, па самата енергија си оди, некогаш слушам „насилна“ музика и се дерам уз песната, но најголем дел од времето цртам или се качувам на глава на некој што ми е во близина.
Нема некоја голема филозофија, само гледам после одреден период да се преориентирам кон нешто што ќе ме исполни со позитива.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Некогаш можам само во себе да ја чувам, ама ако се собери многу тогаш тешко на тој шо ќе се најди во моја близина или лом да го направам и да не е крив да си го однеси :giggle
викам, лупам врати, а некогаш можи да излезам и сама да пешачам за да ми помини и книга некогаш можи да земам да прочитам онака ме релаксира.
А најубаво се опуштам кога ќе пуштам музика на цел глас онака ме опушта и некогаш почнувам да играм и да пеам хаха и не знам за брзо време така ми поминува негативната енергија брзо забораам.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Се изолирам од светот,пуштам музика најгласно на слушалки и по пола саат сум ко нова!Само сакам да бидам сама,да размислувам,да се опуштам за да не ја пренесам на некој шо ми е во близина!
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Тогаш сакам да бидам сама, не сакам никој да има до мене, да си пуштам музика и да се релаксирам, често знам и да заплачам :D и после саат време заборавам на се :giggle

И јас исто така...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Не е во ред нашата негативна енергија да им ја пренесуваме на луѓето околу нас. Зашто и на нив да им го расипеме денот,ако веќе нашиот е расипан? Фино лепо,ќе си најдеме начин како да ја исфрлиме од организмот и да продолжиме понатака. Јас во таква ситуација се обидувам да мислам на нешто друго, си пуштам музика си играм игри на Фејсбук или си читкам по интернет порталите.
Не викам дека кога сум лута не ми се случило да не се развикам на некој (во момент на огромна нервоза) но се трудам тоа да не се случи,а доколку се случи се извинувам, откако ќе ми помине(wasntme)
 

hannibal

Нов член
12 јуни 2013
24
16
3
43
овие денови баш сум во фаза-негативна енергија и најмала ситница чекам за да се расправам :eek. иако се трудам со спортски активности да ја ''решам'' негативната енергија, за жал овие два дена не успеа. се надевам утре нов ден ќе ја снема :)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Се трудам да се контролирам и си збирам во себе.
Се обидувам да се смирам читајќи книга, слушајќи музика или играм некоја игра шо ме опушта додека и таа не ми прекипи па почнам да губам животи или пак излегувам сама и вртам некој круг низ маало.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ако не можам да се качам на планина, тогаш се фрлам на чистење и тоа манијачко чистење...