Terms and rules

1.Регистрацијата на „Црнобело форум“ е бесплатна. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица. Сите членови имаат право да регистрираат само едно корисничко име, дури и кога претставуваат повеќе физички или правни лица едновремено. Секое лице што ќе регистрира повеќе од едно корисничко име ќе биде отстрането од форумот.

2. „Црнобело форум“ се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица, освен во случај кога официјален државен орган со судски налог побара од сопственикот на „Црнобело форум“ IP адреса, електронска (email) адреса, или било какви други податоци кои што се достапни за некој член.

3.Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, вулгарен, и полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна, или лична) кон другите членови на форумот. Секој член на „Црнобело форум“ е должен да ја почитува приватноста на останатите членови. Објавување лични фотографии, приватни разговори, како и телефонски броеви, електронски (email) адреси, или било каков вид на лични податоци без одобрение на таа личност не е дозволено на овој форум. Членот кој што ќе прекрши некое од овие правила може да биде времено или трајно отстранет од форумот.

4. Иако основниот принцип на форумот е да се дозволи слободно искажување на ставови, сепак „Црнобело форум“ нема да толерира политички теми и ставови кои директно или индиректно значат негирање на македонската нација, јазик и самобитност. Доколку некој постави таков пост, поставувачот ризикува да биде трајно отстранет од форумот.

5. Официјален јазик на „Црнобело форум“ е македонскиот. Тoа значи дека сите постови мора да бидат исклучиво на овој јазик. Толеранција може да има само кога се поставува текст напишан на јазик сличен на македонскиот, но само ако тој текст е со намера да се развие дискусија и доколку не е тенденциозно насочен против форумот и против македонската култура, историја и традиции. Секое непочитување на ова правило, веднаш повлекува времено или трајно отстранување од форумот. На „Црнобело форум“ препорачано е користење на кириличното писмо, сепак доколку се злоупотреби непочитувањето на оваа препорака можни се дополнители санкции.

6.Кога отворате нова тема, обрнете внимание на избор на насловот на темата. Насловот на темата треба веднаш да асоцира на тематиката која што е замислено да биде опфатена на таа тема. Исто така, при отворање на нова тема, ве молиме да проверите дали тоа што сакате да го напишете би можело да се вклопи во некоја од веќе постоечките теми. Доколку некоја тема се дуплира, администраторите и модераторите од соодветниот подфорум истата можат да ја затворат, или да ја спојат со некоја друга слична тема. Администраторите и модераторите од соодветниот подфорум можат да издвојат одреден пост од некој член и тој пост да го објават како нова (посебна) тема.

7. Ве молиме да не објавувате една иста тема на повеќе од еден подфорум. Би било добро да го изберете најсоодветниот подфорум за темата, a доколку не сте сигурни каде, тогаш поставете ја темата на подфорумот „Општи муабети“. Секоја отворена тема може да биде префрлена од еден на друг подфорум, доколку администраторите и модераторите проценат дека за неа има посоодветено место на форумот.

8. Кога поставувате пост на некоја тема, ве молиме тој пост да биде поврзан со тематиката од таа тема. Доколку при поставувањето на некој пост се прекрши некое од правилата на овој форум, тогаш администраторите и модераторите на соодветниот подфорум можат да ја корегираат содржината на тој пост, или целосно да го отстранат. Воздржете се од поставување пораки во кои што доминираат ГОЛЕМИ, здебелени, или подвлечени букви, или пак текст во кој што доминира одредена боја. Доколку сакате нешто да нагласите, тогаш сторете го тоа со нагласување на еден или неколку зборови.

9. Кога пишувате пост на некоја тема особено обрнете внимание на начинот со кој се обраќате кон останатите членови на форумот. Коментирајте ги ставовите на членовите, но не навредувајте ги. Закани, навреди, понижувања, уцени и расправии нема да се толерираат, а најстрого ќе бидат санкционирани навреди од расна, национална, или верска природа кон некој од членовите на „Црнобело форум“ .

10. При поставувањето слики на форумот, ве молиме да обрнете внимание тие да не бидат во хоризонтала поголеми од 800 пиксели што би било причина за бавно вчитување на темата, или би наметнало употреба на хоризонтален „Scroll-bar“. Преголемите слики го оптоваруваат форумот и предизвикуваат тешкотија за корисниците, па затоа ваквите големи слики ќе бидат модерирани. Во ситуација кога имате голема слика и истата немате начин како да ја смалите, најдобро би било да поставите линк кон таа слика.

11. Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот. Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страни кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на „Црнобело форум“ и членовите на форумот. Исто така, на „Црнобело форум“ не е дозволено тендециозно рекламирање на интернет страници. Секој линк кон друг вебсајт, кој што по проценка на администраторите и модераторите ќе биде поставен со цел рекламирање на истиот, ќе биде отстранет, а поставувачот може да биде санкциониран.

12. Ве молиме вашите потписи да бидат во најмногу два реда, со големина на буквите (size) = 2, со нормален стил на букви (без bold, italic, underline, strikethrough) и со најмногу 10 големи (capital) букви. Во потписот не смее да се употребуваат бои, слики, емот-икони, како и линкови кон други вебсајтови (освен со дозвола на администраторите на „Црнобело форум“ ).

13. Доколку некој член прекрши некое од правилата на „Црнобело форум“, тогаш членот може да биде опоменат, односно времено, или трајно отстранет од форумот. Додека сте отстранети од форумов (времено или трајно) не е дозволено регистрирање нови кориснички имиња. Секое новорегистрирано корисничко име ќе биде избришано и може да придонесе за ваше трајно отстранување од форумот.

14. Доколку имате некакво прашање, забелешка, предлог, или сугестија, ве молиме за такви намени да го користите подфорумот „Известувања“. Доколку забележите некаква активност надвор од правилата од овој форум, тогаш ве молиме да ги известите администраторите и модераторите на соодветниот подфорум каде што е забележана таква активност со користење на опцијата „Пријави“ кое што се наоѓа под секој пост.

15. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на сопствениците на форумот.

16.Администрацијата на „Црнобело форум“ го задржува правото, без претходна најава и образложение, да ги менува и дополнува овие правила, но се обврзува дека членовите на форумот во краток рок ќе бидат известени со информација на самиот форум.

17. Забрането е навлегување во дискусија со администраторите и модераторите за горенаведените точки. Администраторите и модераторите имаат ексклузивно право да го уредуваат „Црнобело форум“ во сооднос со сопствените убедувања и проценки и не се должни да даваат објаснувања ниту да ги оправдуваат своите активности и постапки.

18. Доколку не се согласувате со овие правила, најљубезно ве молиме да не го посетувате овој форум, или да не пишувате мислења на него.