Имам една комшика која е неверојатен извор на негативна енергија. Избегавам да бидам во нејзина близина, ама кога ќе се деси да ја сретнам или да сум во нејзино присуство несакајќи, верувајте 5 дена сум намуртена и негативна. И не само јас, него општо секој што ќе поседи 3 минути со нејзе. Толку намуртено и негативно човечко суштество немам видено. Не знам ама негативната енергија ја впивам како сунѓер. Многу ми сметаат негативните луѓе и најдобар спас од негативната енергија е само тотална изолација од ваквите луѓе, добра музика, ете пример мене ме расположува некоја добра латино песна, една добра шетња низ парк и дружење со некое милениче. Никој како некое мало кутре кое ќе ве сака како никој, нема да ви помогне да се спасите од негативната енергија!