Зошто оваа тема не е во важните теми?
http://forum.crnobelo.com/threads/Добро-утро-Добар-ден-Добра-ноќ.1550/page-113
http://forum.crnobelo.com/threads/Добро-утро-Добар-ден-Добра-ноќ.1550/page-113
сигурно немаш флеш или треба да направиш мобилна верзија првоЗошто неможам да се уклучам од мобилен? Го нема полето за да го напишам корисничкото име и лозинката?
е како тоа?сигурно немаш флеш или треба да направиш мобилна верзија прво
оди најдоле на форумот пред да се најавиш, имаш да избереш пц или мобилна верзија.е како тоа?
Еве, околу темите што ги набројав може и од твоја перспектива и има некоја поврзаност. Но да речам дека има претераност во нив пошто со таквите не се потегнува дискусија туку само пласирање на слики што е еквивалент на играчница тема.Саладине,морам да го искоментирам твојот пост,од една страна сум свесна на реакцијата што ке следува,но неможам да се воздржам
1. Вашите моментални чувства преку слика..
2. Како се чувствувате денес?
Овие две теми се сосема различни,едната е чувствата преку слика,другата со зборови.Плус едната е за моменталните а другата за денешните,значи за цел ден
3. Сакам да кажам 2.
4. Личен Дневник
За овие две единствената поврзаност ја гледам во тоа што обично првата членовите ја злоупотребуваат,да не речам злоупотребуваме,кажувајки што ни се случило во денот,како сме станале,па дали сме кивнале,кафето прво ни било горко или слатко..... наместо тоа да го напишеме во темата за дневникот.
Но тука не сме виновни ние членовите,каде била администрацијата да реагира со префрлување на постовите од една тема во друга,укажувајки индиректно дека ја злоупотребуваме темата.Со тек на време ке се искоренеше тоа,но сеуште не е касно.
1. Мудри мисли и народни поговорки
2. Мисла на денот
3. Омилени цитати и убави мисли
4. Сликовити цитати
Од овие четири не гледам зошто мегу нив е сликовити цитати,јес да и тоа се нечии мудри мисли но немора да значи ама се и сликовити.
Мудри мисли и народни поговорки и Омилени пак имаат донекаде јес да тенка линија на разлличности но сепак имаат.
Мисла на денот си е мисла на денот,јес да и таа е можеби нечија позната мудра мисла или поговорка,но сепак ни го одбележила конкретно тој ден.
За темата офф топик мислења која ја спомнуваш,ако толку сметаш дека е потребна зошто не ја отвориш?
Што им фали на темите во играчница?
За некои се тие вистинска забава,не сме сите на форумот дојдени со иста цел.Неможеме да ги навредуваме тие околу нас со она дека постои квантитет и дека постои и квалитет.
Понекогаш и темите во играчница каква позитива квалитетна знаат да направат после некој долг и тежок ден,може не си приметил пошто не си влегол како што велиш ти ...ама јас не ти верувам,знам дека зиркаш знаааам.
Не ме свакај погрешно но од прв ден откако сум присутна често наидувам во твоите постови дека ете позастапени биле квантитетните отколку квалитетните теми.Ете и директно ке те запрашам,зошто не отвориш малку повеке квалитетни теми конкретно ти,па да се поучиме сите ние од нив?
Не го заборавив фактот дека сум мегу најголемите мрчатори ако не и најголем,и не реплицирам на твојот пост со лоша намера,туку сакам да те испровоцирам конечно да ни покажеш што се тоа квалитетни теми.Нема да признаам за одговор дека нема квалитетни дискутанти.Овде има доста интелегентни лујгенца кои итекако мируваат ради својата скромност и осет на ненаметливост.
Дај помогни ни да ги испровоцираме на тие таканаречени квалитетни теми за кои јас сметам дека ги имаме итекако бајаги.
Но каде лежи зајакот,односно проблемот нема да напишам оти ке забегам пак офф топик.