1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Личен дневник

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од JaMi, 28 септември 2012.

  1. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,374
    Што мислите за личните дневници ?
    Дали сте меѓу тие кои водат личен дневник,ако да на кој начин го пишувате (електронски или во тефтер со катанче),дали ги опишувате сите детали од денот,или можеби водите само љубовен дневик.Каде го чувате?Дали сте го дале на некој да го прочита или некој случајно налетал на него и го прочитал?!
    Притоа еве тема(простор и место)за оние кои што сакаат да си напишат како си го поминале денот,можеби без многу детали со евитирање на приватните моменти .
    [​IMG]
     
    На armiolde, i_wanna_fly, WomanInRed и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Што мислам? Папир све трпи. И треба да трпи. Мора да има некоја рашрафена дизна, иначе сите ќе потиснуваме све у себе и ќе пукаме ко меури од сапуница. Некој пишуваат детално, други со изрази полни метафори. Луѓето не се сигурни во денешно време. Секоја информација поверена на друг е потенцијална закана твојот душевен интимен живот да биде тема за разговор во друштвото.

    Е сеа субјективно како постапувам. Прозни ствари каде ликовите се измислени но местата не. Премногу креативност бара тоа кај мене. Повеќе се приврзувам кон душевното и тоа како тие ликови се чувствуваат отколку кон она каде, што, и како постапуваат.
     
    На Roxelana, Court Pathologist, Lena и уште 8 други им се допаѓа ова.
  3. i_wanna_fly

    i_wanna_fly Староседелец

    Зачленет на:
    25 јули 2012
    Мислења:
    649
    Допаѓања:
    848
    Личниот дневник го пишувам со години, исклучиво во тефтер со катанче или од оние споменари што ги собирав како малечка. Најчесто ги искажувам моите чувства и емоции, моите желби, поплаки и слично. Опишувам детали само ако ми се случило нешто важно тој ден. Го менувам местото секој пат за да не можат да го најдат моиве дома. Овој последниов никому му го немам дадено, а онака тешко дека ќе налетаат на него да го прочитаат :)
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Кога полнев 10 години мајка ми, ми подари тефтер, со кожни корици и катанче со впишување шифра, уште ја паметам шифрата „2282“. Не многу долго пред да ми го подари тефтерот јас гледав филм со водење дневник. Не би можел сега конкретно да се сетам на насловот од филмот но знам дека тематиката беше, читање на дневникот и притоа илустрирање на моментите кои се запишани таму. Тоа ми направи тежок филм.
    Кога ми го подари тефтерот веднаш знаев за што намена ќе го искористам. Чкртав детски и невини реченици побрзани со настаните од цел мој ден. Со тек на време ми стана навика. Пред спиење да посветам барем 40 минути за да го раскажам сиот ден(а ако не се случило ништо важно само да напишам како сум се чуствувал).
    Сакам да кажам од тогаш ретко кога прескокнувам да не запишам ништо. Имаше неколку периоди од по 2-3 месеци кога престанував да пишувам, но се’ некако повторно ме враќаше назад.
    Сега веќе не сакам да престанам. Бидејќи хартијата, и „другарот“ како што го нарекувам додека пишувам нема да ми се налутат и нема да ги повредам со ниту една реченица, а од душава сепак ќе ми излезе.
    Сега за сега, понекогаш и’ давам да прочита на жена ми, ако почне да инсистира без престан. Исто така сестра ми често знаеше додека бевме помали да ми направи урнебес во соба само за да го најде и да прочита.
    А планирам, некогаш многу напред во иднината да ги оставам сите тефтери(дневници) да им останат во наследство на децава.
    И кога сме кај тоа каде го чувам, порано го чував во кутија од патики полна со весници- на дното.
    Сега го чувам на втората полица со книги во спална...
    А останатите „дневници“ се поредени во сталажа во подрум.
     
    На armiolde, Inna93, Diablo III и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Извадок од мојот личен дневник од летото 2002 :)

    ....
    Денес излеговме да играме на ледина. Бевме јас, Петело, Србо и Мариоецо. ИграФме фудбал и едно време Србо го удри Петело за да му ја земи топката. Петело успешно се одбрани и пуцна (шутираше по скопски) покрај голот. Србо му рече нешто на Петело и Петело го фати за врат и му рече:
    -Или 5:0 или те скршив од мавање, пи*ка ти мајчина....!
    ...

    Дневници ко дневници, сум пробал да пишувам дневник, ама сум се откажал :)
     
    На Lena, MoonFairy, The High Commander и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,374
    Јас водев дневник ко помала,еднаш моите ми го најдоа и ми се изнасмеаа после(го искинав) :giggle после водев во едно мало споменарче пишував со ситни букви за да неможат да прочитаат но по неколку години кога го најдов го прочитав, се изнасмеав на пишаното и го искинав...чувам само еден дневник кој го пишувавме со најдобрата другарка.Не пишувам дневници со години а ниту имам намера,некогаш ако напишам нешто на лист хартија после тоа одма го кинам за да не прочита никој ... :)
     
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Здраво дневник. Сефте од мене.

    Слушна?! Си купивме по една нова рубикова коцка со нубот (читај |o$y(|-|0$0(|@l ) и си се испотивме во автобусите без клима. Немам предавања денес па сум си слободен. И уште нешто да се пофалам де...си купив и футрола за телефонот. Не ми е многу по мерак, ама нема да ја носам на изложби па. Ајде нека е колку да не го изгребам.

    Си симнав и нова музика и немам седнато да ја преслушам. Тоа дневник значи дека следниве неколку дена ќе преслушувам нешто што досега не сум слушнал. Морам да признаам дека сум малку радосен поради тоа затоа што цело лето слушав нешто што го преслушав одамна, вака се враќам во нормала.

    Но има една работа која што ме гризе и ме јади одвнатре. Не знам да го опишам тоа чувство затоа што е многу измешано...Чувствувам дека следниов период ќе ми биде поминат во јад и тага, во омраза кон себе и својот гаден карактер. Знам дека е тешко некој да издржи подолго време со мене, но не можам да се сменам драстично. Кога и да пробам да сменам нешто кај мене секогаш завршува неуспешно и некој е повреден.

    Доста е за денес. Се читаме другпат.
     
    На armiolde, Inna93, Luckky и уште 6 други им се допаѓа ова.
  8. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,374
    Мил мој дневнику,ја испратив мојата Џени ,сега сум во соба под јорганче се мрзнам,односно се обидувам да се стоплам...друштво ми прави музиката која ме релаксира многу...:gus мозок на пасење...:sreken
     
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Од никогаш не сум сакала исповеди,форумов ми е прва исповедаоница :biggrin
    И доволна е.
     
    На Luckky, Hkakashi, Kisserboy и уште 4 други им се допаѓа ова.
  10. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,374
    Драг мој дневнику,прекрасен ден си имав,исполнет со луѓето што ги сакам,кафе на нашата vip тараса во Gisors :sreken.
     

Сподели: