аман де, само една шанса?
каква врска има тоа што е јавен форум?
Колку што знам никаде не стојат на увид твоите лични податоци, стои само измислен ник кој на јавноста не му значи ништо посебно.
Ако заради било која причина те загрижува приватноста, од било кој аспект, во секој миг можеш да се обратиш до некој од модераторите во ПП и да им го посочиш проблемот.
Во однос на бројките кои ги спомна во другите мислења, ќе кажам само дека во ниту една статистичка обработка на податоци, една бројка која означува само еден сегмент од целината не претставува релевантен податок сам по себе.
Секогаш постојат анализи на целокупноста, односно на сите податоци, кои ги опфаќаат сите аспекти, изразени преку бројки, а во зависност од нивните специфични соодноси.
Просто кажано, бројот на регистрирани членови означува само број на регистрирани членови. И толку.
А дека ти веќе си се регистрирал на форумов, тоа е факт. И нема причина зошто тоа да не стои како податок.
Тоа би ти било отприлика како кога ќе решиш да одиш во кино. За да влезеш треба да си купиш билет. Со тоа додаваш плус 1 на бројот на продадени билети. Е сега некаде после првите 10 минути се предомислуваш, сфаќаш дека филмот не ти е по мерак и решаваш да не останеш до крај. Фино лепо, без многу галама и без да го реметиш мирот на останатите, излегуваш и си одиш. Одиш да го вратиш билетот со образложение „дојдов, видов, не ме бендиса и не сакам да се брои мојот билет во бројот на продадени билети“ ?
Секому му е јасно дека на било кој сајт, каде постои можност за било каква активност, бројот на регистрирани членови не е еднаков на бројот на активни членови. Така да тврдењето дека непостоењето на опција за бришење на профилот е нешто што може на некој начин да задржи нечие внимание и присутност, е смешка.
Кога некој сака да си оди од некаде, од било каде, ама кога навистина сака да си оди, тогаш едноставно си оди без многу бука. И додека другите да забележат дека си заминал, тој е веќе далеку некаде.
Барањето „да ми се избрише профилот“ значи дека:
1.сакам да ви ставам на знаење дека не сум задоволен од вниманието кое ми го посветувате, па си одам
2.сакам индиректно да ве замолам да ми покажете дека сакате да останам
3.сакам да се тргнам од тука, зашто местово ми се вовлекува под кожа, ама немам доволно силна волја за да останам подалеку и да не се логирам
4.првите две понекогаш се наменети кон точно определена личност
(да не речам симпатија)
Лично мислам дека не е воопшто страшно ако не постои опција за бришење на профилот, ниту па е нешто неопходно.
Тие што така „на Ура“ бришат, по некое време, обично многу кратко, се враќаат пак, со нов профил и со нов ник. Втора шанса?