Дали сте истите како што се претставувате на интернет и надвор од него?

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Како во реалноста така и во виртуелниот свет. Иста сум. Ниту се обидувам да бидам некоја што не сум, ниту лажам во врска со мене и измислувам. Едноставно не гледам поента во тоа да се претставуваш дека си некој што не си. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Веројатно не сум размислувала каква сум тука или надвор.:igra
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Дали сте истите како што се претставувате на интернет и надвор од него?

Живееме во време каде што реалноста речиси ја знаменивме со виртуелниот свет. Компијутерите и интернетот станаа наше секојдневие. Луѓето може за себе да креираат целосно нов идентитет на интернетот, но дали ќе бидат истите зависи од нив. Доколку одбераат да креираат целосно нов идентитет на интернет и да се претставуваат како друга личност, за мене претставува водење на двоен живот... Јас не би можел да бидам таков и да водам двоен живот. Затоа што кога тогаш реалноста ќе излезе и ќе се види вистинското лице.
Еве ќе дадам најпрост пример:
Дали сте личност која води двоен живот т.е. на интернет се претставува како една, а во реалноста како друга или имате искуство со друга личност?

Единствено нешто што го правам на интернет е што кријам идентитет и мејл.Нити пак на фејсбук немам нешто многу пријатели.
Повеќе сум за комуникација на мобилен телефон.Така сум се научил уште пред поодамна плус фактот дека 80% од времето не сум дома, телефонот ми е сеуште најдобро средство за комуникација.
А кога наоѓам време за интернет тогаш највеќе од се ме радува кога луѓе се искрени како што сум јас и можеме еве пример на форумов да развлекуваме долги дискусии каде што секогаш има некои препирки.Тоа е многу кул :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Hip.Hop_MKD

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Сегде сум си јас во право светло, ама да седнеме во живо јас нема да зборнам и нема да процени никој дали сум стварно јас таа каква што се претставувам. Пошто у принцип не зборам, туку пишувам, вака сум поотворена отколку во 4 очи
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Не сум истата..
На фејсбук, мсн, скајп и тн. премногу пишувам, крај едвај ставам, со сите пишувам се зафркавам, а во живо ќутам...
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Миалам дека сум иста, во живо дури и поотворена би била..тука сепак треба време додека се вклопиш и потполно опуштиш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD