Дали сте истите како што се претставувате на интернет и надвор од него?

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
90 посто сум, ми фали само тоа што надвор не можам да отерам упм некој во лице. Не дека немам му.а и дека ми е страв туку немам срце !
 
  • Like
Реакции: Mistery :)

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
62
18
Браво бе, сите сте исти..
Сте го сфатиле прашањево на ниво како „дали навистина сте жена како што се претставувате или сте машко?“. Ретко да има некој до толку да се замара и да лаже, да се претставува како сосема различен човек.

Секако другите треба да проценат тоа за вас, не можете вие. Без разлика дали намерно или несвесно, можете да давате различна слика на форум отколку во живо.

На форум имате време да напишете, измените, размислите за било што, а во живо се` треба да се случува во моментот. Па сигурно во живо не сте толку спремни, не зборувате со толку добар речник како на форум.
Во живо не се криете зад аватар кој може секогаш да дава погрешна слика за изгледот на човекот. А физичкиот изглед многу менува во живо.
Во живо е многу различна комуникацијата од форум. Не се користат слики, анимации, смајлиња.
Во живо тремата и срамот можат многу голема улога да играат кај вас




Јас мислам дека никој не е ист како што е на форум или општо на интернет. Може само да се приметат малку сличности, но никогаш нема да бидат исти двете личности.
 

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Браво бе, сите сте исти..
Сте го сфатиле прашањево на ниво како „дали навистина сте жена како што се претставувате или сте машко?“. Ретко да има некој до толку да се замара и да лаже, да се претставува како сосема различен човек.

Секако другите треба да проценат тоа за вас, не можете вие. Без разлика дали намерно или несвесно, можете да давате различна слика на форум отколку во живо.

1. На форум имате време да напишете, измените, размислите за било што, а во живо се` треба да се случува во моментот. Па сигурно во живо не сте толку спремни, не зборувате со толку добар речник како на форум.
2. Во живо не се криете зад аватар кој може секогаш да дава погрешна слика за изгледот на човекот. А физичкиот изглед многу менува во живо.
3. Во живо е многу различна комуникацијата од форум. Не се користат слики, анимации, смајлиња.
4. Во живо тремата и срамот можат многу голема улога да играат кај вас

Јас мислам дека никој не е ист како што е на форум или општо на интернет. Може само да се приметат малку сличности, но никогаш нема да бидат исти двете личности.
1. Речникот е тој, капацитетот е тој освен ако дома друг не ти ги пишува постовите. А џабе ти се сите предности тука, ако немаш капацитет да ги искористиш.
2. За ова со аватарот да, стварно влијае во дел за сликата што се оформува за тебе, ама ако си човек кој тврди дека и тука и таму е сличен (не може ист се разбира) ќе си ставиш аватар кој до некаде те опишува (не мора да е секогаш за физички изглед, а и да е, ако си некоја помалку убава женска не можеш да ставиш аватар од мис на Индија, а кажуваш дека си иста секаде). Ете пример твојот аватар кажува дека си фан на Jason Statham и на Револвер, нема врска дека личиш на него :zelen
3. Кој користи многу смајлиња, во живо повеќе се смее : )
4. За срамот и тремата да, читав во една тема за молчаливи луѓе, пола од тука се изјасниле дека ако тука нон стоп пишуваат, се мешаат во дискусии, надвор цело време ќутат.

И се согласувам дека сам не можеш да оцениш колку си ист тука и надвор од во случајов форумов.