Браво бе, сите сте исти..
Сте го сфатиле прашањево на ниво како „дали навистина сте жена како што се претставувате или сте машко?“. Ретко да има некој до толку да се замара и да лаже, да се претставува како сосема различен човек.
Секако другите треба да проценат тоа за вас, не можете вие. Без разлика дали намерно или несвесно, можете да давате различна слика на форум отколку во живо.
На форум имате време да напишете, измените, размислите за било што, а во живо се` треба да се случува во моментот. Па сигурно во живо не сте толку спремни, не зборувате со толку добар речник како на форум.
Во живо не се криете зад аватар кој може секогаш да дава погрешна слика за изгледот на човекот. А физичкиот изглед многу менува во живо.
Во живо е многу различна комуникацијата од форум. Не се користат слики, анимации, смајлиња.
Во живо тремата и срамот можат многу голема улога да играат кај вас
Јас мислам дека никој не е ист како што е на форум или општо на интернет. Може само да се приметат малку сличности, но никогаш нема да бидат исти двете личности.