Дали сте истите како што се претставувате на интернет и надвор од него?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Дали сте истите како што се претставувате на интернет и надвор од него?

Живееме во време каде што реалноста речиси ја знаменивме со виртуелниот свет. Компијутерите и интернетот станаа наше секојдневие. Луѓето може за себе да креираат целосно нов идентитет на интернетот, но дали ќе бидат истите зависи од нив. Доколку одбераат да креираат целосно нов идентитет на интернет и да се претставуваат како друга личност, за мене претставува водење на двоен живот... Јас не би можел да бидам таков и да водам двоен живот. Затоа што кога тогаш реалноста ќе излезе и ќе се види вистинското лице.
Еве ќе дадам најпрост пример:
Дали сте личност која води двоен живот т.е. на интернет се претставува како една, а во реалноста како друга или имате искуство со друга личност?
 

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Јас сум си јас. Немам проблем со мене. Можеби не сум најубав, најпаметен, богат или др, ама не ми смета тоа. Како и повеќето имам фб профил и сликите 90% се од мене и не се кријам. Не се ни претставувам со др име, бидејќи не ми се допаѓа моето или слично.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Јас сум си јас. Немам проблем со мене. Можеби не сум најубав, најпаметен, богат или др, ама не ми смета тоа. Како и повеќето имам фб профил и сликите 90% се од мене и не се кријам. Не се ни претставувам со др име, бидејќи не ми се допаѓа моето или слично.
Има и такви кој се отворени, но што е со другите? Водењето на таков двоен живот може подоцна до доведе до психички нарушувања.:confused:
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Јас сум си таа Сара, а тука, а на Фб во живо тоа сум јас. Нема што да се кријам или да се правам дека не сум јас. Никогаш не ми текнало лажно да се претставувам како друга личност на интернет со цел да бидам некој кој не сум. Не се правам светица дека сум јас се во суперлатив, но не се претставуам лажно овде или на друго место, едноставно не ги разбирам некои кои се со лажни профили. :)
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
секогаш сум си јас истата...мои слики мои мислења,се мое...добро сеа на мирц во 3 одд лажно се претставував (happy)....
 

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
225
411
63
Јас си сум таа од стално шо сум била ... и сметам дека само личности кои имаат проблеми со егото водат таков живот ... Иначе од секогаш сум била отворена и нема причина зошто да се кријам .. воглавно на фб ги имам сите кои ги познавам и ме познаават лично па нема потреба да се прам тоа што не сум ... јас си се сакам самата себе онаква каква што сум ... па дали другите ме сакаат или не тоа веќе не е мој проблем .. :angel
 

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
тоа го прават оние кој не се задоволни од тоа што се и мислат дека ако лазно се претстават ке си го исполнарт сонот да бидат нај нај пред другите ,но како сто реце Hip Hop тоа мозе да доведе до психицки проблем, па ако некој се претставил лазно мислам дека веќе има психички проблеми :frantic