ми треба совет од вас........вака со едно машко се запознавме на одмор пред два месеци, он не е од Македонија, туку е од Србија. Бевме заедно две вечери се мувавме и толку јас си заминав дома и тој дома. И мислев дека толку ќе биде дека нема да го видам повеќе, ако некогаш онака си пишиме на фб. Но тој почна нон стоп да ми пишува еве дели 2 месеци сме во контакт и нон стоп пишуваме, ми пишува дека му недостигам, декА сакам да ме види и дека ќе дојдел во МК. Почна да ми пишува и дека ме сакал. (што нема шанса такво нешто да е ) И дојде и тоа време и почна да ми пишува во кој град да дојди да се најдиме и кога ќе можам за сега во октомври да се договориме, требаше да почни деновиве смештај да бара и јас да му помогнам да видам и јас. Но, вчера кога пишувавме ме праша дали јас ќе сум била со него да бара смештај за двајцата и му кажав дека ќе спијам јас кај една другарка во студенски, а он ми пиша барем една вечер да сум спијала кај него, би било убаво......
И сега ова како да го сватам сака да има секс со мене ? Мене така ми делува.... Сепак јас имам 20, а тој 24
А јас и минатиот пат му кажав дека нема таково нешто да се случи помеѓу нас, а и вчера му пишав дека нема тоа да биди, како прво он ми е само едно мување и јас никогаш не би спиела со машко за една вечер, а и + досега немам со никој спиено.....
Како да постапам, што да му речам, не знам веќе што да мислам......дали тој сака само да ме искористи, или стварно сака да ме види, а тоа дека ќе спијам со него ако мисли за секс нема да се случи.