Љубовни проблеми

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Значи вака, со девојка ми сме заедно 2 години, она е помала неколку години од мене, не сме од ист град (јас сум од Ск и она наскоро треба да се пресели тука) и може да се каже дека само тоа е мала пречка за се да биде перфектно.
Во текот на овие 2 години неверојатно многу се засакавме и зближивме, буквално немаше да пројдат 5 мин. а да не се слушнеме или пратиме порака или било што, ептен поврзани...уште на почетокот сфатив дека е многу искрена и чувствителна и една од ретките девојки што човек би можел да посака. Секое одење кај неа или доаѓање кај мене беше од убаво поубаво, баш како од бајките, и на крај пред да си одам/оди не сакаше да ме пушти, плачеше и чекаше едвај да се видиме пак...Нејзините особини толку многу ме освоија што станав многу слаб на неа, само нешто да слушнев дека не е во ред полудував, одма ми беше многу тешко а кога ќе ја слушнев да плаче срцето ми се кинеше...
Секако како и секој пар и ние некогаш си се поткарувавме за ситници ама тоа е и нормално во секоја врска па немаше никакви проблеми...
Времето поминуваше и доаѓаше време за одмор, се договоривме да одиме негде накај 20 јули и се беше ок се додека неколку дена пред одморот наеднаш ми каже дека нема да одиме нигде и дека сака да раскинеме!!! Мислев дека се зеза со мене ама ми рече долго размислувала за тоа и дека треба да разговараме сериозно во 4 очи.
Се видовме и тогаш таа како да беше друга личност, беше дрска, ладна кон мене и ми рече ова неможе веќе да продолжи, ги изгубила чувствата и неќела да ми дава лажна надеж за понатака зашто ќе било полошо за мене!?!? Изненаден почнав да паничам и да поставувам милион прашања како е можно после толку време силно сакање наеднаш да нема никакви чувства за мене, реков тоа не е можно а она ми кажува подолго време се борела со своите чувства и неможела повеќе вака. Најлошото е што бара од мене да ја заборавам најбрзо што може, не сака ниту да ми даде шанса да се почне се од почеток и да не ја барам на тел. туку да продолжам со животот..Сеуште неможам да се изначудам и ова ми е како лош сон, ништо ама баш ништо не ми е јасно, скршен сум од болка и се осеќам предадено и насамарено..Пробав да разговарам со неа уште 2-3 пати ама секогаш беше исто-нема зошто да и се јавувам зошто ми раскинала и тоа е нејзина одлука и ништо немало да смени...После некое време успеав некако да ја наговорам да се видиме иако ми кажа дека ќе биде кратко гледање т.е. на кафе, и неможев да поверувам колку само сакаше брзо да заврши се и да си оди!!! Се што прашував беше џабе, никакви и ладни одговори од нејзина страна и само повторувајќи дека сака само полесно да ми биде..Помина тоа што помина, одма другиот ден ми се јави да праша како сум и ми кажа да бидам добро, да се чувам и дека она не вреди за вака јас да се чувствувам. Од тогаш се немаме слушнато едно 23-4 дена.Се прашувам дали е можно да фрли 2 год во вода само заради изгубени чувства (иако јас мислам дека и се само помешани) и да не ми даде никаква шанса знаејќи колку многу ја сакам и што не сум спремен да направам за неа..
Незнам што да правам, очаен сум неможам без неа, премногу ми е тешко да го поднесам ова, ќе полудам!!! Ве молам дајте некој совет што понатаму, ми треба ваша помош...

штом без никаква причина ти раскинува тука е многу јасно ,си нашла друг фраер што веќе си се гледала додека ти си бил во Скопје а она у нејзиниот град,па затоа ''оддеднаш'' она снемала чувства за тебе ,односно развила чуства кон друг.
И јас со дечко ми знаеме да се искараме ама секогаш после карањето мислам дека се сакаме уште повеќе... а без причина нема ништо верувај...
Животот продолжува...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Секако дека не е сеедно како ке биде дали по смс,фб или во живо.
Но исходот е ист.
Некогаш дури смс е ем полесно за страната шо раскинува,а и за онаа другата,од причина што ке биде кратко и јасно без болни патетики.
Секако дека би сакала ако некој ми раскине да ми образложи и ми каже во лице,но ако јас самата не сум ги прииметила претходните симптоми,тогаш е сеедно и како ке биде прекинот.
штом веке збориме за прекин на сериозна врска секако дека треба да знаеме дека во сериозните врски претходно претходат еден куп долги разговори околу работите што не чинат.
Ако не дојде до обострано разбирање чеми комплицирање на работите ако едната страна смета дека треба да е смс нека биде смс,нема што да навалуваме.
Може да ни е криво штом некој не сметал дека заслужуваме разговор во четири очи но немора да значи дека таа била причината штом не не удостоил со разговор,сметајки дека така сме заслужиле ако не ради друго туку ради почит на времето и вниманието што сме си го посветувале заедно.

Ист е?

Знаеме дека е ист?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Па крајот е крај,а што и како ке биде понатаму со поединците зависи од нив самите и само од нив самите.

Ама јас те прашувам во состојба кога ти некого многу сакаш и не веруваш во крајот. Дали крајот е ист гледано со твои очи?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ама јас те прашувам во состојба кога ти некого многу сакаш и не веруваш во крајот. Дали крајот е ист гледано со твои очи?

Извини сега кога образложи сфатив што ме прашуваш а ова вака формулирано не ми означуваше такво прашање
Ист е?

Знаеме дека е ист?

Иначе да,пак е ист.
Јас сакала некого многу или не,болката нема да е иста но нема што да не верувам во крајот кога тој пласира дека сака да е крај.
Верувала не верувала тоа си е мој проблем,кога тој означува дека сака да е крај е крај.
За се е потребно двајца,поготово за љубовта.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Извини сега кога образложи сфатив што ме прашуваш а ова вака формулирано не ми означуваше такво прашање


Иначе да,пак е ист.
Јас сакала некого многу или не,болката нема да е иста но нема што да не верувам во крајот кога тој пласира дека сака да е крај.
Верувала не верувала тоа си е мој проблем,кога тој означува дека сака да е крај е крај.
За се е потребно двајца,поготово за љубовта.

Дури и начинот ако е само со една СМС порака, и без никаква физичка блискост?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дури и начинот ако е само со една СМС порака, и без никаква физичка блискост?

Веке образложив,ниедна долга и сериозна врска не прекинува без претходно наговестување,расправање и разговарање околу проблемите.
Или многу ретко.Јас не знам за такви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Онака само прашувам, дали кога некој искрено те сака, а ти не му возвраќаш на љубовта пошто нормално не може на срце да се нареди, значи дека си разгалено детиште кое не знае да цени вистинска љубов?? :rolleyes:
Изгледа не.
Не можеш да осудиш некој дека е ваков и таков ако раскинал со некој после 2 или 22 години. Никој не кажал дека љубовта е вечна, освен Дизни.
Тоа е, денес сакаш, утре сакаш пак, ама друг.
Сум сакала и сум оставала, ме сакале и ме оставале и тоа е.
Џабе се сите совети на светот, сите зборови од најголемите мудреци, само времето е тоа што ќе ти помогне.
А колку повеќе размислуваш, раздлабочуваш, бараш грешки, се осудуваш или осудуваш тоа полошо станува.
Остави, животот е таков и оди понатаму...


Не, разгалено детиште си ако не знаеш еден саглам муабет да направиш.
Кога гледа колку тој неа ја сака, достојното нешто што треба да го направи е да биде искрена, да му ја каже причината зошто не сака веќе да се заедно.

Знаеш ли кој користи изговор не е до тебе до мене е, сакам да си среќен, не те заслужувам и слични? Тоа се шаблонски муабети, небулози во кои никој не верува.

Точно е дека на срцето не може да му се нареди, ама барем биди човек и кажи го тоа. Кажи дека љубовта исчезнала, полесно нему ќе му биде и ќе знае зошто е раскинувањево. Вака, нему а ни мене не ми е јасно што станало.

Во глобала, совет е само оној со времето. Ќе помине време и нему ќе му помине. Life goes on.
 

decko

Истакнат Член
11 септември 2013
2
1
303
38
Ќе ми беше многу полесно да седневме да напраиме асален муабет и да ми кажеше што навистина се случува, од кога тоа почнала да не ме сака, како тоа го дознала после толку време итн.
Ме зачудува и тоа што само 5 дена пред да ми каже дека не ме сака повеќе ми рече дека премногу ме сака, сум заслужувал да бидам среќен и дека секогаш ќе биде тука за мене.Па зарем е навистина можно за 5 дена од премногу сакање да ме отсака скроз и тоа без никаква причина (да сум ја тепал или изневерил ќе сфатев)
Уште повеќе ме боли тоа што се осеќав многу сакано, она буквално беше дури и посесивна личност, ќе заплачеше ако каснев 5 мин да и се јавам, а скоро секое сабајле се будев со нејзини прекрасни пораки кои ме правеа толку среќен...
Знам само дека се прифативме какви што сме со сите доблести и маани и дека никогаш далечината не ја стававме за проблем. Е сега, после толку време сакање и издржување ваква врска на далечина, кога и таа едвај чекаше да дојде тука и да бидеме заедно како што треба вакво нешто да ми направи без да ми даде било каква шанса да видиме дали е навистина така дека ги изгубила чувствата за мене е премногу болно, како гром од ведро небо ми го скрши срцето и ми ја донесе тагата...Незнам веќе што да мислам, излегува дека не сум ја познавал добро, девојката што со солзи во очите ми кажуваше дека не би можела да замисли живот без мене и ме молеше никогаш да не се случи да ја оставам, сега е некоја друга девојка што нема срце и не е достојна да ми објасни се што се треба да се објасни.
Иначе за друг дека има не верувам, кога правевме малце муабет и реков ако е така подобро да ми каже да ми биде полесно и полесно да ја заборавам ама ништо од тоа, рече дека нема такво нешто и само што треба да направам е да ја прифатам нејзинта одлука дека е крај, што е премногу себично од нејзина страна и таа тоа го признава само што вика мора така да биде...
И така секој ден се повеќе и повеќе се чудам, болката е се поголема спомените ме убиваат и незнам што да правам, само надежта ми останува дека ќе ме побара она и се ќе ми каже како што е, од премногу што ја сакам спремен сум да и простам и пак да почнеме заедно затоа што навистина незнам докаде ќе издржам да сум без неа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer