Редовна војска

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Бесими не е за задолжителен воен рок

Бесими контра Котески. Не се согласува со предлогот на началникот на Генерал шатабот на АРМ за повторно да има задолжително служење војска.

На министерот за одбрана му се допаѓа сегашниот начин, само професионални војници, тоа било успешен метод и прифатен од НАТО.

„Засега нема анализа во МО која би препорачала таква промена во составот на АРМ. Тоа е крупна промена за која одлучуваат граѓаните преку Собранието. Мораме како држава да бидеме конзистентни во однос на реформите кои ги правиме за членството во НАТО, појасни Бесими.

Тој додаде оти Македонија е меѓу првите земји во регионот која во 2006 година го напушти задолжителното служење воениот рок и воведе систем на професионална армија, што досега се покажал како успешен и е високо оценет од НАТО.

Бесими не гледа причина да се менува регрутниот систем, доброволниот пристап бил сосема доволен за војската. Но, Котески не мисли така, тој предлага со задолжителното служење да се покрие 15 проценти од вкупниот активен воен состав, а воениот рок би траел три месеци.

На првиот ден од новата година министерот за одбрана преку скајп врска ги поздрави македонските мировници во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либија. Им посака здравје и успешно водење на нивната мисија.

Ѓорги Томиќ“

Преземено од: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=102923&AspxAutoDetectCookieSupport=1
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Дал не е јасно дека само сакаат ефтина работна рака за внатрешна употреба за која не мора да се грижат на професионален план и за која ќе е само за прикривање на трошоци. Регрутите никогаш нит биле нит можат да ја заштитат државата од било кога а не пак од озбилни надворешни играчи. Зар не слушате за сите акции кои ги прави платената војска за да добие статус после 35 или 38 години старост. Сите тие се само на товар на државата која мора да се грижи за нивниот статус на неопределно, а вака со регрути ќе си имаат стража, чистачи, готвачи, перачи на возила, хаус мајстори... и се останато за гага а пак сите работи ќе се извршат како што треба и во рокот кој треба а по три/шест месеци дај ново дете е муабетот. Сега во моментов ако има да речеме лупам бројка од 5000 платена војска која е специлизирана за нешто има уште 5000 која извршува дај што им се да дневни задачи. Така да сите тие ајт чао а наместо нив по овај нивниов план ќе сакаат да пуштат регрути.


Ова до некаде мене ми фаќа место, но јас мислам дека нема да има редовна војска, барем не годинава, зошто нели изгласан е буџетот, а пари за редовна војска нема во него, така да може по некоја година, а може и не, но нека работат и они малку нека се замараат,не само плати да зимаат :)
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Кој е овој Отески? (wasntme)
Горанчо Kотески е тој, му избегал цитатот на легионерот, иначе Генерал-мајор, командант на генерал штаб што би дошло заменик на претседателот на државата во случај на воена состојба. Трет степен до највисок воопшто чин можен во АРМ. Можено е да нема моментално со повисок чин активен старешина (кој не е во пензија).
Генерал-полковник
Генерал-потполковник
Генерал-мајор
Генерал
Полковник
Потполковник
Мајор
Капетан 1ва класа
Капетан
Поручник
Потпоручник
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Со лигуши што спијаат до 12 и единствена “акција“ што ја гледале е Долина на Волците, тешко дека ќе се има корист од било каква обука. А па и колкава е храброста на денешницава, најјакото оружје ни е тастатурата, а мониторот штит.
Познавам само една, единствена личност моја возраст, која доброволно служи (или барем служеше) војска во Велес.
Ова што денеска го нарекуваат Воен Рок и она што било пред, благо речено, 30 години, се неспоредливи.
Дечково што го знам се колне дека на физичко имал потешки вежби, додека храната стандард им била тиња - грав, грашок, боранија итн. и им давале ко на мачиња со изговор дека мора да е истрениран на секакви услови, услови кои не ги поседуваме за да би имале задолжителна војска, а и користа од истата е речиси еднаква ко користа од обичен полицаец.
Пропратно со условите, се немаат и никакви физички критериуми и предиспозиции, а за психички и да не зборуваме колку треба да се внимава кому се дава авторитет и пушка, а богами ко што е голем одзивот, ги делат ко кондоми во петок.
Нека седи братов мирен, имаме доволно специјални единици, не ни треба шут копија на ЈНА.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Со лигуши што спијаат до 12 и единствена “акција“ што ја гледале е Долина на Волците, тешко дека ќе се има корист од било каква обука. А па и колкава е храброста на денешницава, најјакото оружје ни е тастатурата, а мониторот штит.
Познавам само една, единствена личност моја возраст, која доброволно служи (или барем служеше) војска во Велес.
Ова што денеска го нарекуваат Воен Рок и она што било пред, благо речено, 30 години, се неспоредливи.
Дечково што го знам се колне дека на физичко имал потешки вежби, додека храната стандард им била тиња - грав, грашок, боранија итн. и им давале ко на мачиња со изговор дека мора да е истрениран на секакви услови, услови кои не ги поседуваме за да би имале задолжителна војска, а и користа од истата е речиси еднаква ко користа од обичен полицаец.
Пропратно со условите, се немаат и никакви физички критериуми и предиспозиции, а за психички и да не зборуваме колку треба да се внимава кому се дава авторитет и пушка, а богами ко што е голем одзивот, ги делат ко кондоми во петок.
Нека седи братов мирен, имаме доволно специјални единици, не ни треба шут копија на ЈНА.


е збориш за ова време кога армијата беше поим во секоја смисла
во тоа време не ти давале девојка дур не отслужиш војска те сметале за неспособен
 

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
отески: Враќање на задолжителниот воен рок во АРМ - во војска да се служи по 3 месеци

Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо, вели началникот на ГШ на АРМ

1117
koteski16.jpg

Армијата размилсува за враќање на задолжителниот воен рок. Началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески во интервју за Без Пардон вели дека рокот би траел 3 месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1500 до 2000 војници
„Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо. Размислувањето е да пополнувањето сo регрути се врши со враќање на воената обврска и да 15% од активниот состав на АРМ биде составен од војници регрути. Согледувајќи ги бројките на војниците кои доброволно се јавуваат за служење на воениот рок и потребите на Армијата може да се заклучи дека процентот од 15% војници на отслужување на воен рок би бил сосема доволен.
Воениот рок би траел 3 месеци. Тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале 1.500-2.000 војници. Во текот на годината би служеле три генерации по три месеци. Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за преземање на одредени подготовки“ - вели Котески за БезПардон
Целото интервју прочитајте го тука

Доколку се реализира оваа идеја, а најверојатно кај и да е и тоа ќе биде.
Од многу причини а пред се од економска едноставно државата нема доволно средства (пари) за да ги покрие мисиите во странство а воедно и да ги финансира специјалните војници кои што се задолжени за одбрана на државава.
Што мислите колку е спремна денешнава пацифистичка да не речам инфантилна младина да ја помине таа обука од 3 месеци??
кои се позитивните а кои негативни аспекти од повторното враќање на воениот рок.
Според Вас.
јас го потржувам овој предлок и го охрабрувам началникот Горанчо Котевски без разислување да се донесе задолжителниот воен рок од три месеци нормално ако се создадат услови за тоа, сметам дека денешнава младина не е спремна ова да го прифати бидејки има многу лигави деца кој одсем седење на интернет друго не ги интересира
ЗА МЕНЕ СЛУЖЕЊЕТО ВО ВОЈСКА Е СВЕТА РАБОТА
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
38
На клупата крши дујкан
Ова до некаде мене ми фаќа место, но јас мислам дека нема да има редовна војска, барем не годинава, зошто нели изгласан е буџетот, а пари за редовна војска нема во него, така да може по некоја година, а може и не, но нека работат и они малку нека се замараат,не само плати да зимаат :)
Вака иако е донесен буџетот тој не е конечен можи во секое време односно за 3 месеци да претрпи измена со менување на разходна страна така да за брзо го пуштат во собрание некаде од лето можи да почнат со редовна војска веќе, инаку јас сум за редовна војска иако јас сум од таа генерација која можеше последна да оди војска но поради студиите не појдов војска а и не ми се брзаше за војска секако никој од моите другари не беше војник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Abe CreP

Истакнат Член
14 февруари 2012
111
84
328
28
Војска после 4-та година средно обавезно идам без разлика на што. Сега ако има некој да ми даде некоја информација во врска со оружјето. Дали во доброволна војска не учат нешто од тоа, што ваљда би имало смисла, или пак не, стварно сум неупатен во ова ?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://kurir.mk/makedonija/vesti/97661-Makedonija-go-vraka-zadolzitelniot-voen-rok

Некојси генерал Горанчо Котевски кој бил и начелник на генералштабот на АРМ изјавил дека се разгледува можноста за враќање на задолжителен воен рок кој беше укинат во 2006.

Каков е вашиот став кон ова прашање, дали сметате дека младината збеснала и мора да се врати на колосек со воведување воен рок, каков е вашиот поглед на ова прашање од воен аспект и дали има смисол во економски контекст.

Лично сметам дека тешко може да се најде рационално оправдување за такво нешто, но како и да е, spare a few thoughts here. :)