Редовна војска

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да те попраам само, јаничарите се прва редовна војска.

Не знам како е на хунзистански јазик, но поимот на југословенски е "стајача војска" т.е. војска која постои мимо ратни периоди, постојана армија. Таква имало уште од сумерски времиња. Јаничарите биле високопрофесионална елитна сила која секогаш била ангажирана при најтешките борби. Припадниците биле внимателно бирани јаки каурски деца кои подоцна биле претварани во она што денес го нарекуваме "специјалци", во отоманско време немало регрутација тука, таа се јавува тек со србијанската окупација. Значи од некои 4000 години цивилизиран живот на Балкан само 80-90 години постоела регрутна војска.

Да така е тоа веднаш ќе зазеле витални точки и готово комунизмот ќе владеел на балканот. Ко да не знаеш дека крајот морало да биде таков каков што беше. А за тоа дека сите се јаки на зборови и никој не оди на доброволно служење војска, доволно говори за тоа каков народ живее тука, а кога ќе му е задолжително одењето војска тогаш не знам баш дали сите ќе се вакви ко што се сега.

Така се спречува она што се нарекува insurgency, а ЈНА требаше да ја штити СФРЈ од унутрашни и спољашњи непријатељ. Имало некој обид за усташка insurgency во седумдесети каде освен полиција се употребиле и единици на ЈНА и изгинале 18 годишни копиљаци кои требало да ги уништат закоравените и добро истренирани усташки бандити.
Во сите профи армии има единици за брзо распоредување кои држат одредена позиција до доаѓање на главнината која се пробива на конвенционален начин. Словенија беше прва која се отцепи, значи брза акција со заземање на трите меѓународни аеродроми, пристаништето во Копар и граничните премини, заедно со брза акција за елиминација на водачите на сецесијата, толку треба, тоа е, нема каде. Наредниот сецесионист ќе се замисли малку пред да истапи во јавност.
А во реалноста имавме касарни во кои немало генератори за струја, дизел и резерви од вода. Замисли база во која има бригада тенкови а нема бекап за струја и вода. Е тоа е тоа ниво на тупавост кај ЈНА. И ајде предавај се на словенечки ловачки друштва опремени со двоцевки и малокалибарски карабини или чак пиштоли.

Во РСМ "служењето" војска се укина во 2006. Дали до 2006 имало дисциплинирани самураи овде? Не баш. Исто како и со оние кои биле во ЈНА. Тој вид на служење создава бескичмењачки кукавици и морони. Истите тие генерации немо гледаа како сета економија која ја граделе со децении се приватизира и не писнале. Да беа јаки мажишта од легендите за ЈНА имаше да има демонстрации, побуни, востанија....кад оно тресла се гора родио се миш.

Сето тоа со служење војска е само ефтин мит кој полека но сигурно оди на ѓубриштето на историјата.