Пошто сум као историчар-аматер, специјалност пост Џемс Ват (пред тоа е досадно) можам со сигурност да тврдам дека ЈНА е најлошата армија веројатно во историјата на светот, послаба и од италијани во WW2, ма какви талијани во WW2 се Ханибалова армија за ЈНА.
ЈНА е традиционално армија од совјетски тип, мутав горостас со основна тактика праќај маса тенкови зад кои доаѓа пешадија, тоа заштитувано од воздух и тоа е рецепт за победа...
Тотално застарена и дебиласта концепција која изумрела таму во WW2.
ЈНА била армијата на СФРЈ и како таква одговорна за чување на територијалниот интегритет на државата. Не само што ЈНА не успеала во основната своја задача, не само што се распаднала како кула од карти туку имаме и комични ситуации каде ловечки друштва од Словенија опколуваат ЈНА касарни по Цеље и Ново Место.
Некој може би помислил дека тоа била неопремена и слабо финансирана армија па затоа слаби резултати. Но таа ЈНА пола век била товена со пари, мислам дека била најголема црна дупка за пари во федерацијата.
Како резултат на тоа, едно време ЈНА има над 10.000 ОБВ (линиски тенкови, јуришни топови, лесни тенкови, оклопни автомобили, оклопни транспортери итн.) што е манијакален број. Цифрата на артилерија не ми е позната но секако е петцифрена (топови, хаубици, минофрлачи, бестрзајни орудија, ракетна артилерија, балистички ракети итн.)
Авијацијата била опремена со една ескадрила МиГ-29, 10 ескадрили МиГ-21 како пресретнувачи и 5 ударни ескадрили Орао, настрана CAP авиони како Јастреб и Крагуј или школско-борбените Супер Галеб. 200 борбени хеликоптери Газела и 80 Ми-8 ја надополнуваат сликата.
Морнарицата рака на срце била запоставена и имала само 6 фрегати, 7 подморници, 30-тина корвети и нешто ситно ракетни чамци и торпедњаци. Но тоа нема да посмета на таа морнарица да гранатира цивили по Дубровник, Задар, Шибеник итн.
И таа мамутска "сила" со 600К аскер, опремана и гоена половина век, забележува драматични порази, само на "гробљу тенкова" во Вуковар се уништени над 200 ОБВ. Мој постар братучед за жал беше во тие срања пошто отишол да служи ЈНА 1991, кој тајминг јебига, па знам инфо од човек од прва рака.
Хрватите со скромно опремена паравојска успеаа да заземат многу касарни од ЈНА и да го употребат оружјето вс. ЈНА. Интересно што до ден денес хрватите имаат во својата армија тенкови од ЈНА (М-84, М-82)
Така да армија која губи од ловечки и шаховски друштва, не може да заземе едно гратче со големина на Струга за 100+ дена гранатирање и бомбардирање и да сузбие 800-850 бранители со свои 40К војници, армија која губи касарни и бази за неколку денови (им крателе струја и вода и овие се предавале), тоа е армија која сериозно конкурира за најслаба во познатата историја.
Единствено биле добри во убивање невооружени цивили, за тоа биле способни и тоа како, пример баба од 80 години или дете од 7 годинки, да го снајперира додека минува улица мх мх мх, то је бре армија није шала !
Кога некој ми спомене дека бил во јаката ЈНА јас му викам дека тоа е брука а не нешто за фалење...
Има и други причини па ако сака некој да читне само кажете
Кога сме кај најдобри армии, една од нив е онаа на Родезија weirdly enough.