„Бесими не е за задолжителен воен рок
Бесими контра Котески. Не се согласува со предлогот на началникот на Генерал шатабот на АРМ за повторно да има задолжително служење војска.
На министерот за одбрана му се допаѓа сегашниот начин, само професионални војници, тоа било успешен метод и прифатен од НАТО.
„Засега нема анализа во МО која би препорачала таква промена во составот на АРМ. Тоа е крупна промена за која одлучуваат граѓаните преку Собранието. Мораме како држава да бидеме конзистентни во однос на реформите кои ги правиме за членството во НАТО, појасни Бесими.
Тој додаде оти Македонија е меѓу првите земји во регионот која во 2006 година го напушти задолжителното служење воениот рок и воведе систем на професионална армија, што досега се покажал како успешен и е високо оценет од НАТО.
Бесими не гледа причина да се менува регрутниот систем, доброволниот пристап бил сосема доволен за војската. Но, Котески не мисли така, тој предлага со задолжителното служење да се покрие 15 проценти од вкупниот активен воен состав, а воениот рок би траел три месеци.
На првиот ден од новата година министерот за одбрана преку скајп врска ги поздрави македонските мировници во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либија. Им посака здравје и успешно водење на нивната мисија.
Ѓорги Томиќ“
Преземено од: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=102923&AspxAutoDetectCookieSupport=1