Редовна војска

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Инче јас вежбам 300 стомачни ми се собираат во денот потоа 40 склека еднаш во денот и полека наголемувам трчам кога имам време + загревајне некои најобични вежби.
А дали знае некој што ако не можиш да извршиш некоја вежба треба цела ден да ја работиш таа вежба ?

a si trcal 15, 20 km :) ???
vo vojska imas i mars vo tek na obuka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Инче јас вежбам 300 стомачни ми се собираат во денот потоа 40 склека еднаш во денот и полека наголемувам трчам кога имам време + загревајне некои најобични вежби.
А дали знае некој што ако не можиш да извршиш некоја вежба треба цела ден да ја работиш таа вежба ?

Значи инфово ми е старо од кага бев јас војска. Сега во доброволнава војска со едне регрутен центар во цела држава во велес не знам што и како се случува ама ќе ти кажам за тогаш. Утринска гимнастика ти беа 9 вежби за класично загревање и еден круг од по мое некаде околу 800 метри темпо трчање. Вежбите се класични , вклучуваа и 20 склекови и гуштеров лет на крај. Е сега има идиоти десетари ама пошто има старешини околу нема да те зазааат и повторуваат броење повеќе од еднаш максимум два пати ... знаете она броење 1.2.3.4.4.4.5.6.7.7.7.9.... Гуштеров лет не етешка вежба но треба да имаш добри колена...

А дали има некој таму што го покажува сето тоа (местење кревет средување во шкафчето) а дали можи алиштата да си ги носиш со тебе во купатило. Потоа дали можи да се депилираш на лице да не се бричиш, и дали има некој кој покажува како се чисти W.C. и сите пропратни работи.
Секако дека да за покажување за местење... за алиштата... цивилката освем долен беш беше во заклучена соба во илинден. Клучевите во собата кај поручникот... ако имаш брада која се депилира (читај трчи трчи влакненце) што е комплицирано во бричењето не ми е јасно. Секако дека ќе ти покажат како, легендите за глупостите со четки за заби владееле во сфрј кога главни фаци во војска биле неандерталците слезени од планина кои не виделе луѓе па со тоа што добиле некоја мочана црвена трака се мислат дека го фатиле (некого) за киндерите... И да, златно правило во војска пандан на ПС (правила на служба) е изврши па жалисе. Под изврши имаш прави дека се трудиш колку можеш и труди с есе разбира , колку можеш толку, нема да падни таванот ако плочките не се исчистат за 10 минути... После тоа имаш барање за рапорт кај претпоставениот, верувај нема да те заебава никој офицер, само незванични и званични подофицери (десетар, водник, постар водник, заставник, заставник прва класа). На офицер не му е од корист да те зеза, проблем со војник може да го кошта унапредување додека цивилните лица (тие подофицерите без академија) толку им е просперитетот, што и да прават не можат повеќе од заставник прва клас и тоа кога ќе бидат на најмалку 45-50 години тој чин ќе го имаат... нема некој чичкo од 50 години да се замара со млада војска во WC. На прв муабет сакам да разговарам со некој офицер ќе видиш свртување на карактер за 180 степени. Нивната диктатура успева кај психички слабите војници. Верувам било кој што сака да е војска доброволно не е таков тип...

Евети мој пример од Куманово што сакаа некои неандерталци новодојдени да ми подметнат. Значи нов водник по рамковен со средно плочкарско (сериозен сум овде бев присутен на муабет за неговото образование) + платен војник од некое си село на косовска граница + двајца гуштери сакаат да ми сместат казна со укинување на редовно , укинување на седум дена наградно и две викенда кои си ги чував за крај да си скратам фиктивно служење на воен рок односно да заминам скоро месец дена понапред од мојот датум за кинење и само да појдам да се раздолжам на крај.
Чочките се договараат на десет метра од мене како да ми наместат ситуација пред командантот на касарна и заменикот АМА забораваат битен факт дека за моите стотина дена предходни (вклучено и теренска/тактичка вежба од недела дена ) имав таков круг на луѓе од сите чинови, раси, вери околу мене што мојот збор важеше малку повеќе од зборот на некој што по рамковен сакаше да има нешто туѓо и поволности какви што беа моите... Е па кога е така може и малку поинаку ... се надевам убаво си поминаа на граница, штета само што зимата веќе беше помината па не им студеше на патроли...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Везилка

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
a si trcal 15, 20 km :) ???
vo vojska imas i mars vo tek na obuka
В кој век живееш без лутење ?
марш имаш на 21 ден преживување со волците, овде правиме маубет за служење воен рок во порано редовна сега доброволна војска ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Везилка

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Котески: Враќање на задолжителниот воен рок во АРМ - во војска да се служи по 3 месеци

Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо, вели началникот на ГШ на АРМ

1117
koteski16.jpg
Армијата размилсува за враќање на задолжителниот воен рок. Началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески во интервју за Без Пардон вели дека рокот би траел 3 месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1500 до 2000 војници
„Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо. Размислувањето е да пополнувањето сo регрути се врши со враќање на воената обврска и да 15% од активниот состав на АРМ биде составен од војници регрути. Согледувајќи ги бројките на војниците кои доброволно се јавуваат за служење на воениот рок и потребите на Армијата може да се заклучи дека процентот од 15% војници на отслужување на воен рок би бил сосема доволен.
Воениот рок би траел 3 месеци. Тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале 1.500-2.000 војници. Во текот на годината би служеле три генерации по три месеци. Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за преземање на одредени подготовки“ - вели Котески за БезПардон
Целото интервју прочитајте го тука

Доколку се реализира оваа идеја, а најверојатно кај и да е и тоа ќе биде.
Од многу причини а пред се од економска едноставно државата нема доволно средства (пари) за да ги покрие мисиите во странство а воедно и да ги финансира специјалните војници кои што се задолжени за одбрана на државава.
Што мислите колку е спремна денешнава пацифистичка да не речам инфантилна младина да ја помине таа обука од 3 месеци??
кои се позитивните а кои негативни аспекти од повторното враќање на воениот рок.
Според Вас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Прво: Само 1500-2000 војници годишно во трите генерации?! Да фак? некако многу мала бројка на војници ми изгледа и сосем погрешна..зар само толку млади луѓе годишно се физички и психички способни за да одат во војска?
колку за илустрација оваа година средно завршија 17 000 млади.
второ: Според стандардите на НАТО според кои ние како земја кандидат се придржуваме не смееме да имаме редовна војска туку професионална војска..
и трето: Во кои касарни ке спијат војниците? во Битола каде касарнат е целосно распродадена на приватен бизнисмен, во Прилеп или пак во Струмица можеби? или во некоја друга касарна.Или сите ке бидат обучувани за специјалци и ке спијат под отворено небо ..Друг проблем е тоа што АРМ нема доволно опрема за да прима многу војници.Сетете се само на протестите на синдикатите на професионалните војници кај шо се жалат дека немаат ни чизми..
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Прво: Само 1500-2000 војници годишно во трите генерации?! Да фак? некако многу мала бројка на војници ми изгледа и сосем погрешна..зар само толку млади луѓе годишно се физички и психички способни за да одат во војска?
колку за илустрација оваа година средно завршија 17 000 млади.
второ: Според стандардите на НАТО според кои ние како земја кандидат се придржуваме не смееме да имаме редовна војска туку професионална војска..
и трето: Во кои касарни ке спијат војниците? во Битола каде касарнат е целосно распродадена на приватен бизнисмен, во Прилеп или пак во Струмица можеби? или во некоја друга касарна.Или сите ке бидат обучувани за специјалци и ке спијат под отворено небо ..Друг проблем е тоа што АРМ нема доволно опрема за да прима многу војници.Сетете се само на протестите на синдикатите на професионалните војници кај шо се жалат дека немаат ни чизми..

финансискиот товар е преголем интензитетот и побарувањата на Нато се преголеми за професионални војници, Нато за нас е далеку.
Државата некој мора да ја брани врти сучи најефтина варијанта редовни војници
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Е па ј*беш га, платата на платен војник е од ~20.000 па нагоре а додека беше задолжителен воен рок беше околу 900 денари месечно по војник. Башка што за редовна војкса немора никаква специјална исхрана туку може со некои многу едноставни јадења. Нема плаќања за стража , нема слободни денови, нема потреба од нова облека, нема потреба од многу работи... Илјадници администрадивци ќе јадат плата затоа што се лепачи на плакати или фиктивни 25% а за војнице ќе јадат дрнч...

Ако се донесе законот и ако почне да се повикуваат регрути во прво време ќе има многу доброволци ама од кога тие ќе се потрошат тука ќе стапат казните кои гарант ќе се во илјадници евра како што име е политикава на полнење на буцетот така да ако не појдеш ќе треба да одиш на брод за да извадиш пари за казната ако нема тато да му плати на маминото синче галениче.

Војска како животно искуство е добра работа, штета што се прекина сега ако се врати многу потешко ќе оди повратокот кој баш и не верувам дека може да така брзо да се реализира...

ВП 5510 одјава...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal and Legioner

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Услови има како до сега што се одвивала ќе се одвива и од сега. кој сака може да си оди во војска па така да не треба да се врати редовниот рок не треба државата да плаќа за некој што само ќе отслужи и токлу.