Редовна војска

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Платена војска да, но мислам дека првите 6 месеци се како почетнички курс, па после веќе ќе зима и плата. Барем така сум слушнал последно од оние кои биле.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
хаххаа тешко вас бе... која војска кои бакрачи... уствари војска да ама не е ни 6 месеци не е ни платена за тоа што прашува членот ...

за авторот , прво треба во некое оделение за одбрана да појдиш подрачено, па да ти закажат кога има во воена болница се сега прегледите од цела македонија, па да поминеш таму ... е тука е работата... ако поминеш таму ти као да имаш четири кецови на покер... одслужена војска сега во ова време на доброволна војска ти е 90% добиена работа во гранична полиција ... што збначи треба да имаш вујко владика за да бидеш поп...

в.п. 3266/5-5
20/10/2004 - 20/12/2004
Илинден - Скопје
в.п 5510
20/12/2004 - 12/04/2005
Боро Менков - Куманово

jasvojnik.png


smiley-face-soldier.gif
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Платена војска да, но мислам дека првите 6 месеци се како почетнички курс, па после веќе ќе зима и плата. Барем така сум слушнал последно од оние кои биле.
Па за да влезеш во Професионалните војници или Платени како што ги викаме, мораш да ја минеш основната обука, па после да конкурираш, а за тоа треба многу муви лапање. И врски, секако.

На преглед нема ништо страшно, тоа е комплетен систематски преглед, како во школо, само те проверуваат детално се, дали си здрав, крв, мокраќа, притисок, дали си правен операција, заби ти проверуваат, вид, тежина, висина, рентген...

Треба да имаш минимум 50 кг за да те примат. Јас имав 47, ама ми допишаа 3 килца колку за да не ме вратат назад. И јас си го сфатив тоа здраво за готово и не се потрудив ништо.
Треба да си многу физички спремен. Ако планираш да одиш во војска, имај на ум дека тоа воопшто не е заебанција. Првите денови е многу тешко и нормално е дека ќе кенкаш за дома. Оди тренирај нешто, трчај, кондиција набивај. И психички спреми се ако планираш да издржиш. Досадно е кога ти кењаат старешините над глава, особено ако си темпераментен тип. Мораш тоа да го отстраниш, јбг авторитет се и мора да ги трпиш и да им одговараш на секое со Разбирам, постар воднику (внеси рандом чин).
Послушност, дисциплина како што кажав, мора. Мобилни телефони се забранети, ама лесно можеш да ги шверцуваш внатре, друго несмееш ништо, за мобилните прогледуваат низ прсти колку-толку. Заебанција нема, касетките мора да бидат секогаш под конец наредени, растурен кревет исто така - нема. Ако тоа ти се случи, рачунај дека дома ќе си одиш. Креветот МОРА да е скоцкан секогаш кога ќе се разбудиш. Го местиш како што е правилно, не по твое да си диплиш, туку според правила и прописи. Чаршафот несмее да биде провиснат, туку убаво да биде оптегнат. Ако не биде, рачунај дека старешината ќе ти го растура додека не го наместиш како што треба, пропратно со навреди и исмејавање. Истото важи и за касетите (шкафчињата). Ќе ти растура се додека не наместиш како што треба и ќе ти сере над глава додека местиш (читај ќе те омаловажува).
Чистота мора да има. Метење, нон стоп во собата каде што се спие, вецињата исто така чисти, несмее ни капки во мијалникот да има. Се треба да свети. Прашина избришана, чизми наредени како што треба, и во кревет треба да си најдоцна во 10 часот навечер. Наутро во 6 се станува.
За таму ти треба само паста и четка за заби, тоалетна хартија, бањарка, шампон, сапун, гел за туширање. Никакви други работи не се дозволени. Веш ќе си носиш од дома, нормално. Други алишта не. Само долен веш смееш. Ни чорапи несмееш, тие ќе ти дадат од таму војнички чорапи (од оние зелените до колена).
Ако те интересира нешто друго, прашај ме :)
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
E туак немаш лајк да знаеш , зошто ? 3 месеци требаше само нели ? :S
10 дена бев. Јебига, не бев доволно спремна и направив голем промашај во терминот. Се пријавив летно време, а имам низок притисок, и на сонце ми се слошува. Нормално дека во Воена болница не ме вратија поради низок притисок, туку онака ме протуркаа, ти викам, со 47 килца отидов. Плус во тој период имав некои проблеми, многу стресен период, слаба бев и не издржав. Многу ми е криво, неостварена желба ми остана тоа, да служам војска:)