Котески: Враќање на задолжителниот воен рок во АРМ - во војска да се служи по 3 месеци
Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо, вели началникот на ГШ на АРМ
1117
Армијата размилсува за враќање на задолжителниот воен рок. Началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески во интервју за Без Пардон вели дека рокот би траел 3 месеци и годишно низ обуката на АРМ би поминувале по 1500 до 2000 војници
„Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо. Размислувањето е да пополнувањето сo регрути се врши со враќање на воената обврска и да 15% од активниот состав на АРМ биде составен од војници регрути. Согледувајќи ги бројките на војниците кои доброволно се јавуваат за служење на воениот рок и потребите на Армијата може да се заклучи дека процентот од 15% војници на отслужување на воен рок би бил сосема доволен.
Воениот рок би траел 3 месеци. Тоа значи дека за една година низ единиците на АРМ би поминале 1.500-2.000 војници. Во текот на годината би служеле три генерации по три месеци. Помеѓу секоја генерација би постоела пауза од еден месец за преземање на одредени подготовки“ - вели Котески за БезПардон
Целото интервју прочитајте го
тука
Доколку се реализира оваа идеја, а најверојатно кај и да е и тоа ќе биде.
Од многу причини а пред се од економска едноставно државата нема доволно средства (пари) за да ги покрие мисиите во странство а воедно и да ги финансира специјалните војници кои што се задолжени за одбрана на државава.
Што мислите колку е спремна денешнава пацифистичка да не речам инфантилна младина да ја помине таа обука од 3 месеци??
кои се позитивните а кои негативни аспекти од повторното враќање на воениот рок.
Според Вас.