06.06. 2011 Пред неполна година отидов, ама не издржав, за жал.
На ова што го наброја погоре, има многу машки кои нема да издржат, а камо ли женски, сепак браво за храброста.
06.06. 2011 Пред неполна година отидов, ама не издржав, за жал.
Има еден старешина/постар водник во Велешката касарна, Албанец е, Мамути се презива, кој служел таму сигурно го знае, на војниците им ги шутираше чизмите по ходникот затоа што не биле под конец наредени. И тоа го правеше се додека не ги наместеа како што тој кажалНа ова што го наброја погоре, има многу машки кои нема да издржат, а камо ли женски, сепак браво за храброста.
Што не би издржале машки а и женски ?На ова што го наброја погоре, има многу машки кои нема да издржат, а камо ли женски, сепак браво за храброста.
Тоа заборавив да го напоменам. Јас сум хард кор мразач на грав, ама таму пројадов. Од што морав. Друго - нема. Што ти е сервирано тоа ќе јадеш. Јадењето е катастрофа. И јас за рок од 10 дена си дојдов ослабена. Среќа живеам преку улица од касарната во Велес, па мајка ми доаѓаше и ми носеше редовно на посета по нешто да си каснам, па така и шверцувавме во собата по нешто.Еве ти личен пример.. заминав со 93 се вратив со 78 кила.
Па за да влезеш во Професионалните војници или Платени како што ги викаме, мораш да ја минеш основната обука, па после да конкурираш, а за тоа треба многу муви лапање. И врски, секако.
На преглед нема ништо страшно, тоа е комплетен систематски преглед, како во школо, само те проверуваат детално се, дали си здрав, крв, мокраќа, притисок, дали си правен операција, заби ти проверуваат, вид, тежина, висина, рентген...
Треба да имаш минимум 50 кг за да те примат. Јас имав 47, ама ми допишаа 3 килца колку за да не ме вратат назад. И јас си го сфатив тоа здраво за готово и не се потрудив ништо.
Треба да си многу физички спремен. Ако планираш да одиш во војска, имај на ум дека тоа воопшто не е заебанција. Првите денови е многу тешко и нормално е дека ќе кенкаш за дома. Оди тренирај нешто, трчај, кондиција набивај. И психички спреми се ако планираш да издржиш. Досадно е кога ти кењаат старешините над глава, особено ако си темпераментен тип. Мораш тоа да го отстраниш, јбг авторитет се и мора да ги трпиш и да им одговараш на секое со Разбирам, постар воднику (внеси рандом чин).
Послушност, дисциплина како што кажав, мора. Мобилни телефони се забранети, ама лесно можеш да ги шверцуваш внатре, друго несмееш ништо, за мобилните прогледуваат низ прсти колку-толку. Заебанција нема, касетките мора да бидат секогаш под конец наредени, растурен кревет исто така - нема. Ако тоа ти се случи, рачунај дека дома ќе си одиш. Креветот МОРА да е скоцкан секогаш кога ќе се разбудиш. Го местиш како што е правилно, не по твое да си диплиш, туку според правила и прописи. Чаршафот несмее да биде провиснат, туку убаво да биде оптегнат. Ако не биде, рачунај дека старешината ќе ти го растура додека не го наместиш како што треба, пропратно со навреди и исмејавање. Истото важи и за касетите (шкафчињата). Ќе ти растура се додека не наместиш како што треба и ќе ти сере над глава додека местиш (читај ќе те омаловажува).
Чистота мора да има. Метење, нон стоп во собата каде што се спие, вецињата исто така чисти, несмее ни капки во мијалникот да има. Се треба да свети. Прашина избришана, чизми наредени како што треба, и во кревет треба да си најдоцна во 10 часот навечер. Наутро во 6 се станува.
За таму ти треба само паста и четка за заби, тоалетна хартија, бањарка, шампон, сапун, гел за туширање. Никакви други работи не се дозволени. Веш ќе си носиш од дома, нормално. Други алишта не. Само долен веш смееш. Ни чорапи несмееш, тие ќе ти дадат од таму војнички чорапи (од оние зелените до колена).
Ако те интересира нешто друго, прашај ме
Ако не ми се стари информациите и Швајцарија немала,на Ватикан не ми ни текнаВатикан можеби?
Да. Ама немој да мислиш дека ќе ти објаснува 100 пати. Еднаш објаснува и гледај да научиш од прва За бричење треба да си избричен секој ден, ич да нема подраснато брада, немој да мислиш дека тебе некој ќе те чека да се депилираш Едно влакненце да стрчи, ќе те врати назад да го избричиш и нормално уз тоа дека ќе ти кења. Алишта несмееш твои да имаш, таму кога ќе стигнеш ти ги собираат алиштата твои и ти даваат униформа, и ти немаш пристап до собата каде што твоите а и другите алишта стојат заклучени.А дали има некој таму што го покажува сето тоа (местење кревет средување во шкафчето) а дали можи алиштата да си ги носиш со тебе во купатило. Потоа дали можи да се депилираш на лице да не се бричиш, и дали има некој кој покажува како се чисти W.C. и сите пропратни работи.