Одењето војска ти е нешто како факултет, се учат некои работи кои никаде не може да ги научиш на друго место освем од непознати... нешто како живот во студенски, како екскурзија во сфрј, како летување во детско/младинско одморалиште, како ...
А за авторот, тој некојси генерал Горанчо биди сигурен има повеќе авторитет во луѓето кои го знаат од Ѓорѓе, Грујо, Бранко и ххх други “истакнати македонци“ заедно...
http://forum.crnobelo.com/threads/Редовна-војска.2308/
Кои работи можат да се научат на пример?
А ова споредбиве со екскурзии...шта речи? Коју поруку послати?
Не сум запознаен, можеби во воените кругови има авторитет, само што во наведената изјава нема ништо околу причините за враќање на воен рок.
Нека ја спојат надлежните темата, пребарувачот не покажуваше дека постои таква тема.
По тоа што читам на темата....срам ме фаќа да читам кои глупости се тресени. Војската како поправен дом за фејл деца на фејл родители, не биле мажи тие што не сакале војска, ЈНА била прав пример (пораз во Словенија, пораз во Хрватска, распад на државата која требаше да ја заштити.....) некои фрази за долг кон државата...
Има и корисно инфо како тоа за 36-те (!?) куршуми боева муниција кои биле истрелани од еден регрут за време на цел воен рок. Тоа доволно зборува. Примерот со илјадниците ЈНА регрути кои ги враќале во лимени сандаци или инвалиди....мора тоа чистењето вецеа и местењето кревети да направило прави самураи од нив, жими се...Толку добро ги обучиле што ги собирале по нивите во Славонија, измешани коски од неколку души, рандом сандак и ајт...
Не верувам дека ке има ама навистина не се мажи тие што ја избегнуваат.....ете јас ке одам место нив ако можам некако да им ја докажам нивната машкост
Имаш фетиш кон лица со униформа?
Инаку можеш да се пријавиш за доброволно отслужување и сега, само некако се сомневам во тоа...