Mатурска вечер

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Си купив фустан. Сина боја. Едноставен е, баш каков што сакав. А, штиклите ми се сосема затворени и црни со панделка и циркон на нив. И не се многу високи 9цм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Купив бело фустанче. Кратко и елегантно. Штикли планирам да земам црвени со црвена ташна, ама не сум најдела уште. Во потрага сум :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673
Наједноставно кратко фустанче си купив. Корсетот е шампајн боја а другиот дел црна.
Со црни салонки и ташна и спремна сум :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie and Ludaca

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Немојте толку да си трошите нерви, жити сè.
Матурска и онака на денешно време ви е скупштина сељачане и кичерај.
Ќе ве погледнат првите 5 минути тие што се околу вас и толку. Никој нема да трча да ве види што сте и како сте, онака ќе се делат празни комплименти колку сите се најубави и крај. Речиси сите ќе се со глава во облаци замислувајќи се курац ипол.
Јас пола од најблиските школски не помнам што носеле, а пред нецели 2 години беше, мајката.
Со другаркиве буквално 5 дена пред матура купивме што ни се свиде и толку. Абе ич замарање.
Прошетавме низ бутици, секаков кичерај видовме, и на крај од локална продавничка за смешни 2300 си купив ептен убаво фустанче. Горе нешто како црн корсет, само не со груда на изволте, туку онака убаво склопен, а од половина надолу виолетов онака малку во глог и пристојна должина од педа-две над колена.
Според мене таман, ни на тетка, ни на к***а да личи едно 18-19 годишно девојче. Имаме пријателка козметичарка, па инсистираше да ме нашминка бесплатно и мака ми е, пренагласено се осеќав за мој вкус. А за облека, имаше кај нас и пауни, и црни лебеди, и светајучи (д)ефекти, и измешани бои, и сирени со фустани специјално шиени од Америка, и на крај што? Со овој менталитет наидоа само на исмевање...а не дека навистина не беа смешни.
Само умереност, и бирајте вие во што ќе се почувствувате удобно, рајата и онака ќе си оговара, макар и во Версаче да се појавите. И немојте розово, ве моли дада, во никој случај нема да е уникатно покрај толку „барбики.“
И најбитно, опуштете се и уживајте во тие неколку часа, oблеката е најмалку битна.
 

Индискo оревче

Истакнат Член
22 април 2012
74
99
318
30
Матуриве наши се глупости во боја. Кичерај невиден, одвратна музика, невкус за извоз...
Кога ќе ми текне на сите тертипи што ќе се случуваат: гости (па треба да излезиш пред нив, па да ти кажат колку си пораснала и колку си разубавена, па партнерот кога ќе дојде, па ти создаваат чувство како да е маж дојден по тебе да те земе и така натака... затоа им реков на моите да си им речат на роднините и пријателите дека матура дома не! славам и да не доаѓаат зашто несакам да ги гледам), презентација на џупските фустани пред школо, летање во облаци со многу пудра, руменило и сенка, сликање, музика ко на свадба... да продолжам?
Добрата страна е што откако ќе се испијаниш се’ ти е рамно :D

И уште нешто.. не знам зошто толку ги преувеличуваат матурите. Средно да завршиш, барем во денешно време, е гола вода. Ништо. Без вредност. Која е потребата тоа толку свечено и не знам како да се прослави? Или да се фрлат толку пари? Реално стандардот ни е низок за толкави луксузи. 90% од една страна се жалат колку пари фрлиле за матура, а од друга страна кога ќе кажат колку скап фустан купиле и во кој ресторан прославиле со своите 150 гости - се чувствуваат многу помоќно отколку што навистина се. А се’ е тоа платено од кредитот шо ќе го отплаќаат некое време. Тоа е жално. И е лицемерно. И сите се свесни и се бунат, ама од друга страна самите се фаќаат за таа сламка, за да се покажат во некое поинакво светло... или да се исфилмаат дека е поинакво. Жално е што сонот на многу девојчиња е да „блеснат на матурскиот тепих“. Мене тоа ме асоцира на некаква празнина во нив, на очајна потреба за внимание и признание. И извитоперена слика за реалноста.

И не се однесува ова само на матурите како такви. Алудирам на нешто многу пошироко. На потребата луѓето да се претстават како нешто што не се. На потребата за некоја фиктивна надмоќ. На слепото следење на толпата во нејзините обичаи, без разлика колку се тие апсурдни. На потребата да се преувеличи банална работа.

А можеби и јас преувеличувам.
И пак ќе речам, среќа што ќе има алкохол. Сите сме исти л****.

Поздрав
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
Јас си купив фустанче кратко циклама боја за 1700. 6 саати барам долг, елегантен со солидна цена, но за жал не најдов. Го искомбинирав со штикли во сребрена боја и таква ташничка и убаво изгледа.
Како и да е задовлна сум, со тие 200евра што ги зацртав за фустан и штикли сега си ја обновив гардеробата со супер парчиња + си купи и скоро се за матура.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Вака сеа, Саци да ви каже. Матурската (вечер) сама по себе нема вредност. Значи тоа е да не речам као некое рандом искачање у кафана/клуб/дискотека. Тогаш зошто по ѓаволите да се зима нешо шо ќе носиш само еднаш у животу? Срање е, неекономично (као сегашнава ситуација) а и дегутантно е. Со ваков менталитет па поготово. Не експериментирајте за нешто што може само да ви ја расипе вечерта и да цмиздрите после на форум зошто срање сте си прошле. Дешавките ги праат стварите. Поготово ако сте сложни, можете некое афтерче да договорите по ваша желба, да се изнаџускате/ролате трава по паркови/се убаците у вашето средно у училница внатре у ниедно време. Гајле ви е.

(малку офтопик е ова, ама памет у глаа, купете нешо шо ќе го носите после на повеќе испадвања).
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
За 3 недели ми е матурата, а јас сеуште немам појма што да носам. Не сакам да носам некој свечени алишта (shake).. Па, си праев некои комбинации..

Ваква блуза (знам дека изгледа малку како горна пижама)

2841988430_1_1_3.jpg


Фарерки

0424256426_1_1_3.jpg

Патики

0305b17.jpg

...

Ај ве молам предложете нешто, и алиштата да бидат од Бершка (Грција) /www.bershka.com

:sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and - Dee Dee -

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Нели е малце неформално тоа.. јас као што сум гледам кај нас малце по формално се облекуваат..
peaked-single-breasted-suit.jpg


можеш вака нагоре и некој по тесни фармерки надолу као што имаш на сликата. сепак сето тоа е ствар укуса така да :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO and - Dee Dee -