Немојте толку да си трошите нерви, жити сè.
Матурска и онака на денешно време ви е скупштина сељачане и кичерај.
Ќе ве погледнат првите 5 минути тие што се околу вас и толку. Никој нема да трча да ве види што сте и како сте, онака ќе се делат празни комплименти колку сите се најубави и крај. Речиси сите ќе се со глава во облаци замислувајќи се курац ипол.
Јас пола од најблиските школски не помнам што носеле, а пред нецели 2 години беше, мајката.
Со другаркиве буквално 5 дена пред матура купивме што ни се свиде и толку. Абе ич замарање.
Прошетавме низ бутици, секаков кичерај видовме, и на крај од локална продавничка за смешни 2300 си купив ептен убаво фустанче. Горе нешто како црн корсет, само не со груда на изволте, туку онака убаво склопен, а од половина надолу виолетов онака малку во глог и пристојна должина од педа-две над колена.
Според мене таман, ни на тетка, ни на к***а да личи едно 18-19 годишно девојче. Имаме пријателка козметичарка, па инсистираше да ме нашминка бесплатно и мака ми е, пренагласено се осеќав за мој вкус. А за облека, имаше кај нас и пауни, и црни лебеди, и светајучи (д)ефекти, и измешани бои, и сирени со фустани специјално шиени од Америка, и на крај што? Со овој менталитет наидоа само на исмевање...а не дека навистина не беа смешни.
Само умереност, и бирајте вие во што ќе се почувствувате удобно, рајата и онака ќе си оговара, макар и во Версаче да се појавите. И немојте розово, ве моли дада, во никој случај нема да е уникатно покрај толку „барбики.“
И најбитно, опуштете се и уживајте во тие неколку часа, oблеката е најмалку битна.