Што сонувавте денес?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Морав сабајле да станам рано, па отпосле не можев да заспијам и налетав на статија со проколнати места/работи по нет, па си читав.
Е сеа, го знаете мрачниот сетинг во хорор филмовите, па така појдов до WC, се погледнав во огледало и движењата што ги правев не беа исти ко тие во огледалото (Mirrors), кое пак од мало, се рашири низ цел ѕид, за потоа до мене да се најде една другарка која почна да лебди во воздух (The Exorcist), а сите врати се испоотворија (рандом хорор филм). Ги затворив и појдов да се чешлам (The Ring ваљда). :D Кога излегов, вратите пак беа испоотворени, па почнав да чатам некакви молитви и тие некои икони што во сонот ги имав по ѕидови, почнаа да се трескаат од нив и после се смири ситуацијата, а другарка ми одлебди некаде. Some Supernatural stuff, yo.:frantic
После тоа излегов надвор во војничка униформа и Слеш од ГнР се обидуваше да ми продаде аудио касети на пазар. (facepalm)
WTF brain?
Како неосетно сум заспала, исто ко вистински да се дешаваше, само во вистинскиов живот би го скршила огледалото, ќе ја запалам зградата, па ќе бегам во манастир. (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and existence

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јас и другар, во прошетка низ некој град, па застанавме пред нешто ко банкомат, а уствари имаше рулет на него, и една стара дебела жена позади, ко демек некој шалтер за наплата/исплата за рулетов. И другаров извади пари, да си ја пробал среќата, и ги даде на женава т.е и даде 1000 а сакаше да игра за сто, а оваа му врати две 500ки (уствари цело време повеќе пари враќаше натаму низ сонот).
Му го уклучи рулетов, а на овој па му заѕвони мобилниот и замина со трчање. Јас седам пред тркалото ко муле и чекам и сега демек позади на ред чекаат и ми викаат, па од пусти срам зедов да играм, ај лупнав таму 7-8 бројки и падна 11ка (ја имав ставено) и добив 200, така по бројка +200 даваше овој рулет : )) и си реков ај до 500 да стигнам и ќе ги земам парите, па добив на уште некои бројки (ги запамтив) и на 1000 прекинав и си побарав да ми ги даде женава. И вика таму доле ќе ти излезат парите почекај...
А таа машината расипана, стара, па кога почна да излегуваат 500ки 500ки, па јас ги тегнам, ги ставам во џеб набрзина да не види оваа (а и да видеше немаше да сфати до толку глупа ја ставиле со пари да работи) и пријатно, убав ден и заминав да го барам другаров да се почастиме, ама пошто ме изнервира и го чекав многу време, не му ги кажав парите.
Хахахаха
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Се пораѓам, а јас и бебето умираме, а мојот сакан подоцна умира во сообраќајна несреќа.
 
Последна промена:

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Ја сонував сум имала куче и сум го држел в раце, наеднаш се претвори во змија :nerd
Ми кажаа дека куче било верност а змија неверество и дека некој шо ми бил верен ќе ме изневерел..:unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Ја сонував сум имала куче и сум го држел в раце, наеднаш се претвори во змија :nerd
Ми кажаа дека куче било верност а змија неверество и дека некој шо ми бил верен ќе ме изневерел..:unsure
Јас знам дека кучето е верен пријател, а ако се претворило во змија тогаш некој верен пријател ти прави лице и ќе ти забие нож во грб..
Не мора да значи јас си кажвам то шо знам :D
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Таквите
Јас знам дека кучето е верен пријател, а ако се претворило во змија тогаш некој верен пријател ти прави лице и ќе ти забие нож во грб..
Не мора да значи јас си кажвам то шо знам :D

Таквите многу ги има ретките се искрени:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Ја сонував сум имала куче и сум го држел в раце, наеднаш се претвори во змија :nerd
Ми кажаа дека куче било верност а змија неверество и дека некој шо ми бил верен ќе ме изневерел..:unsure
Црно куче е непријател, а бело е пријател.:)
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Сонував како компјутерот ми издржал еден месец без да се расипе, штета што морав да се разбудам. :(
ЕЕ тоа не ти е на арно,тоа е дека многу глупости пишуваш затоа почнал и на сон да ти иде!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja