Јас и другар, во прошетка низ некој град, па застанавме пред нешто ко банкомат, а уствари имаше рулет на него, и една стара дебела жена позади, ко демек некој шалтер за наплата/исплата за рулетов. И другаров извади пари, да си ја пробал среќата, и ги даде на женава т.е и даде 1000 а сакаше да игра за сто, а оваа му врати две 500ки (уствари цело време повеќе пари враќаше натаму низ сонот).
Му го уклучи рулетов, а на овој па му заѕвони мобилниот и замина со трчање. Јас седам пред тркалото ко муле и чекам и сега демек позади на ред чекаат и ми викаат, па од пусти срам зедов да играм, ај лупнав таму 7-8 бројки и падна 11ка (ја имав ставено) и добив 200, така по бројка +200 даваше овој рулет : )) и си реков ај до 500 да стигнам и ќе ги земам парите, па добив на уште некои бројки (ги запамтив) и на 1000 прекинав и си побарав да ми ги даде женава. И вика таму доле ќе ти излезат парите почекај...
А таа машината расипана, стара, па кога почна да излегуваат 500ки 500ки, па јас ги тегнам, ги ставам во џеб набрзина да не види оваа (а и да видеше немаше да сфати до толку глупа ја ставиле со пари да работи) и пријатно, убав ден и заминав да го барам другаров да се почастиме, ама пошто ме изнервира и го чекав многу време, не му ги кажав парите.
Хахахаха