Со мајка ми бевме бркани од некои двајца издртавени манијаци, но потоа лабаво појдовме до супермаркет од каде украдовме изолир трака и некако по пат сме ги убиле пошто остатокот од сонот го минавме криејќи траги и бегајќи од полиција и другари на манијаците.
Потоа снимаа Нетфликс документарка за тоа како сме успеале да ги скриеме телата да не може никој да ги најде, ама во документарката имаше дисклејмер дека е за едукативни цели, а не дека навистина сме го направиле тоа.
Кон крајот се исплашив дека според краевите на еден чаршав ќе не фатат, но никој не примети, па така одеднаш се најдов со другарки во некоја огромна соба да купуваме фалш парфеми.
Не знам какви чудесии се дешаваат во мојава потсвест, ама би ја замолила да биде малку појасна.