Што сонувавте денес?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Каков сон...
Јас демек во среќна врска со совршен дечко.
Заљубена до уши, среќна...
Отидовме на плажа, мене демек ми било ептен жешко и сум заминала дома, а по неколку часа ми стигнал глас дека дечково се удавил.
Толкава болка зар може да се осети на сон? Појака и од на јаве.
Зафркнато нешто, прв пат да ми умре некој на сон кој божем ептееен ми значел.
И што може да значи ова?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Каков сон...
Јас демек во среќна врска со совршен дечко.
Заљубена до уши, среќна...
Отидовме на плажа, мене демек ми било ептен жешко и сум заминала дома, а по неколку часа ми стигнал глас дека дечково се удавил.
Толкава болка зар може да се осети на сон? Појака и од на јаве.
Зафркнато нешто, прв пат да ми умре некој на сон кој божем ептееен ми значел.
И што може да значи ова?
можеби ти е сеќавање на некој од прошлите животи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Го сонував дедо ми. Како и многу други пати, така и вчера. Според некои толкувања, ако сонуваш починат човек што ти бил потпора , во стварност ти недостасува поддршка и заштита...
Кога и да станам од таков сон си викам „ знам... знам... ама што да правам“


едит:
Каков сон...
Јас демек во среќна врска со совршен дечко.
Заљубена до уши, среќна...
Отидовме на плажа, мене демек ми било ептен жешко и сум заминала дома, а по неколку часа ми стигнал глас дека дечково се удавил.
Толкава болка зар може да се осети на сон? Појака и од на јаве.
Зафркнато нешто, прв пат да ми умре некој на сон кој божем ептееен ми значел.
И што може да значи ова?
Старското толкување е „му умрела смртта“, односно дека ќе живее долго... Така сум слушнал, така ти кажувам...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Го сонував дедо ми. Како и многу други пати, така и вчера. Според некои толкувања, ако сонуваш починат човек што ти бил потпора , во стварност ти недостасува поддршка и заштита...
Кога и да станам од таков сон си викам „ знам... знам... ама што да правам“
Ја знам кога сонуваш починат човек во стварноста ќе се видиш/сретнеш со некој роднина - пријател што многу време не си го видел или не си имал воопшто контакти со него.
Не е убаво во сон да збориш на мртовец или да тргнеш некаде со него, ако збориш мислам ќе се разболеш, а ако тргнеш со него ќе отидеш кај него.
Викаш многу пати си го сонувал дедо ти. Подај нешто за неговата душа или па запали му свеќа.


Каков сон...
Јас демек во среќна врска со совршен дечко.
Заљубена до уши, среќна...
Отидовме на плажа, мене демек ми било ептен жешко и сум заминала дома, а по неколку часа ми стигнал глас дека дечково се удавил.
Толкава болка зар може да се осети на сон? Појака и од на јаве.
Зафркнато нешто, прв пат да ми умре некој на сон кој божем ептееен ми значел.
И што може да значи ова?

Во една книга прочитав дека удавен човек ако е непознат е лош знак т.е дека ќе ти се случи некоја несреќа, а додека е познат ондак обратно т.е ќе имаш среќа и радост.
Пошто си била среќна со некој дечко во јаве нешто ќе те мачи, нешто ќе ти се случи за што ќе бидеш тажна, нерасположена но пошто си заминала и не си го видела дечкото како се дави, а си слушнала и си осетила болка за него тогаш во јаве би требало тоа за што си била тажна или кратко речено проблемите што би ги имала да завршат, да поминат или да се ослободиш од нив. Друго не знам што би можело да биде.
 
Последна промена:

*Mina*

Нов член
13 февруари 2014
19
9
3
Скопје
Го сањав бившиот нешто безвезе..
После го сањав дечко ми како сме се расправале и после као сме пробувале да се смириме преку пораки.Се секавам долги тешки муабети беа, и кога се разбудив бев ко измачена..:|
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Сонува непознат човек кој ми зборува милно...
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Уште се смеам за сонот.

Јас на некој огромен маскембал, каде маската строго била тигар. Шетам, се забавувам и наеднаш се слушаат истрели. И јас демек нешто надредена се јавувам кај партнерот и доаѓа Бред Пит :rofl
Го најдовме телото во една кола (можеби беше Елен : )) ) па истраги ова она, ама тешко беше да се фати убиецот покрај сите тие исти маски. После тешки моменти и напорна работа со партнеров, убиецот беше најден, затворен, а ние си заминавме на ручек...
Ете ја причината зошто оскарите се одржуваат само еднаш годишно :D
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Нема сон кој што го сонувам а да не биде или глупав, или језив или неповрзан.
Сношти сонував дека сум го убила бившиот дечко. :eek
Сум го оставила на фудбалско игралиште на средина и задоволно сум се смешкала.
Сабајле и го раскажав на другарка ми и ми рече : Јас почнувам да се загрижувам за твоето здравје :D .