Го сонував дедо ми. Како и многу други пати, така и вчера. Според некои толкувања, ако сонуваш починат човек што ти бил потпора , во стварност ти недостасува поддршка и заштита...
Кога и да станам од таков сон си викам „ знам... знам... ама што да правам“
Ја знам кога сонуваш починат човек во стварноста ќе се видиш/сретнеш со некој роднина - пријател што многу време не си го видел или не си имал воопшто контакти со него.
Не е убаво во сон да збориш на мртовец или да тргнеш некаде со него, ако збориш мислам ќе се разболеш, а ако тргнеш со него ќе отидеш кај него.
Викаш многу пати си го сонувал дедо ти. Подај нешто за неговата душа или па запали му свеќа.
Каков сон...
Јас демек во среќна врска со совршен дечко.
Заљубена до уши, среќна...
Отидовме на плажа, мене демек ми било ептен жешко и сум заминала дома, а по неколку часа ми стигнал глас дека дечково се удавил.
Толкава болка зар може да се осети на сон? Појака и од на јаве.
Зафркнато нешто, прв пат да ми умре некој на сон кој божем ептееен ми значел.
И што може да значи ова?
Во една книга прочитав дека удавен човек ако е непознат е лош знак т.е дека ќе ти се случи некоја несреќа, а додека е познат ондак обратно т.е ќе имаш среќа и радост.
Пошто си била среќна со некој дечко во јаве нешто ќе те мачи, нешто ќе ти се случи за што ќе бидеш тажна, нерасположена но пошто си заминала и не си го видела дечкото како се дави, а си слушнала и си осетила болка за него тогаш во јаве би требало тоа за што си била тажна или кратко речено проблемите што би ги имала да завршат, да поминат или да се ослободиш од нив. Друго не знам што би можело да биде.