Пријателства од форумот

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не. Никој не ве сакам и мама не ми дава да се дружам со вас. Oд кај да знам кои сте зад монитор. |-(

Озбилно, кога ќе подразмислам, нит виртуелно, нит во живо познавам многу.
Онака, знам горе-долу дека многумина ме сметаат арогантно створење што не сака да комуницира, не учевствува во играчницата која освежува и зближува, нит по собиранки, па дури ни по ПП не разоткривам многу за себе (иако гарант шпиуни су меџу нама, па којзнае кои сè ме знаат), а името ако го кажам, не ми се крши чинот, исто е ко да знаат и дека дрвото се вика дрво. Сето тоа е оти си почитувам приватност. А чуму да се расфрлам? Ќе ми делите повеќе лајкови ако сум ви убава?
(знам оти и тоа е опција, а мама рече најубава сум :D )
Скромна ми е мене листата, а е предводена од правилото „Колку ти мене, толку и јас тебе“, информација за информација...иако веќе не ме чуди да налетам на фиктивна личност. Колку убавини, толку и болни работи има по виртуелниов свет. :eek:
Така да, луѓе на кои сум открила која сум и со кои имам близок, (речиси) секојдневен контакт и за кои ми е мило оти сум ги запознала, се Nighty, slb_bobo и cakar_ulav. Првиве двајца мислат оти сум посебен случај и едвај чекаат да утнам нешто за да се скинат од смеење, а Чаки ми е несудениот, постар бато што секогаш сум сакала да го имам.
И Кенди, која е неактивна со пишување, но чита и ми е долгогодишна другарка од која немам што да кријам.
Тие се засега. Може имам уште некој што го знам барем на ФБ од други форуми што сме размениле, ама не знам кои се тука.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Не ми се верува колку се зближив со Snape, ни појде муабетот, па ајде на ФБ, па и во живо, штета што сме не сме поблиску. Нема ден а да не си пишеме, се слуашме и на телефон, на скајп исто.

После него ми е Dr.Gonzo како постар брат ми е, порано поредовно комунициравме, и сега но не како на почетокот.

А овде запознав и еден сограѓанин, со него бевме во исто училиште па таму се гледавме. :giggle Љубов има овде (wasntme)
 

MountainMan

Активен Член
29 јануари 2013
96
151
33
K2 Pakistan
Јас сум си мн близок пријател со Badgirl a со Марија си станав и "роднина", таа е мојата дада... Се дружам и со Сара.13 и тоа... Јас сум отворен за пријателства така да не ми пречи да се здружам со кој и да е од форумов :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Искрено со никој не сум се запознала од форумов. Ниту на фејсбук сум додала некого. Не сакам. Форумов ми се допаѓа многу, го користам за релаксирање и сметам дека може да се створат виртуелни пријатели, без да се знае идентитетот. Тука сакам да сум слободна, да пишувам за што сакам, да кажам некоја луда секс идеја, едноставно да кажам работи што не ги кажувам пред секого. Секако дека тука нема некој да ме издаде која сум ако се доверам, но сепак стегите дека некој ме познава кога го чита моето мислење не ми е убаво. Вака се чувствувам многу послободно. А има лоши луѓе. Луѓе кои по цел ден дремат на фејсбук, пробувајќи се да разбијаат нечиј идентитет. И јас не им ја разбирам поентата, но ете. Затоа луѓе, овде си оставате дел од интимниот живот, внимавајте кој се има акцес до него. Озборувачки народ сме, полн со табуа. Не зборувам за членовите на форумот, туку тие снајперисти што само чмаат тука, не пишуваат, туку само бараат нов трач.

А инаку дефитинитивно на форумв има луѓе со кои сакам да сум пријател, има доста паметни луѓе.
До апсолутизам се согласувам со твојот пост,за да не го пишувам наново се послужив со цитирање на кое сакам да се надоврзам.
Повеке од јасно е дека познанства се шират секаде,каде што има луге.
Само во џунгла неможе да се шири.Не е тоа откривање топла вода.
Што и да напишам ке звучи дрско односно препотентно,па ке пробам да ублажам.
Имаше коментари дека некој седел на форум по цел ден оти немал пријаатели.
Некој седи на повеке форуми па не му се познава дека поминува повеке време по форуми од било кој член кој е активен само на еден.Но и тоа не значи дека тој човек нема пријатели.
Сите ние имаме пријатели онолку колку што сами сме си заслужиле.
Редно е да сфатиме дека скоро се што сме направиле или ке направиме во животот е по наша вина и заслуга.
Ми треба малку повеке време за некој да можам да наречам пријател.Познаник е веке сосема нешто друго.
Не дека сум се попарила на млекото па пазам и на матеницата.
Ова е сајт на кој што ми се нуди опцијата да бидам анонимна.
Рекла казала муабетите си течат но караванот си врви и си носи нови бури.
Скоро со сите се познавам само виртуелно,со некои малку повеке,но тие некои сама сум си ги избрала за да ним им верувам.
Досега сум задоволна од изборот.
Не дека некои други ми се по несимпатични или не толку примамливи за дружба,но толку ми налага времето а и потребите богами.
Има прекрасни лујгенца на овој простор.
Не дека рестот не се прекрасни,туку едноставно ужиот круг се бира обострано.
Ако целта овде ни е да седиме и на основа на некаква си за мене непозната репутација,насобереме што повеке познаници,е тогаш или имаме премногу слободно време,или сме ептен дружељубиви па можеме да постигнеме насекаде.
За се си постои време и простор,па така и за новите познанства.Немам потреба од брзање.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Со никој не сум толку многу блиска,но има добри пријатели на форумот како ZmajChe Legioner Nighty, со melpomena мислам дека сме исти ама не сме имале прилика за повеќе да се запознаеме.Можеби и би имала повеќе пријатели доколку некои членови не се дигнати премногу во облаците.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Имаше коментари дека некој седел на форум по цел ден оти немал пријаатели.

Малку сум оф топик, ама се надевам нема да ми замери модератор.
Ова ми е најсмешното нешто што сум го прочитала. Факт е дека во 21 век сме зависни од компјутерите. Нема човек кој дневно не поминува време на компјутер. Тоа време некој го користи за садење домати на фармата на Фејсбук, друг си чита хороскоп, трет гледа филм... Секој различно. Кванитетот на моите пријатели не е право пропорционален со тоа колку седам јас на форум. Ретко имам слободно време, и тоа си го искористувам меѓу другото и тука. Никој не може да ме убеди дека некој е нон стоп надвор со пријатели. Така да, тоа е користење на напад за да се одбранеш. И јас седам тука, па се сметам себеси за нашетан човек.

Што се однесува до пријателите, порадо би одбрала квалитет од квантитет. Така да тој што го рекол тоа, автоматски сам си се вреѓа затоа што и тој го пишува тоа тука, значи седи на форум.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Виртуелни пријателчиња стекнав многу тука, па и малку повеќе од тоа (wasntme)
не дојдов тука за да барам пријатели, баш спротивно, но ете како што минуваа деновите и се зголемуваа моите мислења, одредени личности се пронајдоа во мојот став, делеа исто мислење..истото беше и од моја страна. и така спонатано започнаа некои пријателства, но да напоменам во живо не познавам никого од форумов но мислам дека и не е толку важно тоа кога хемијата ќе стапи на сцена :)
ќе издвојам неколку драги личности(мои форумски пријатели) parvati Ночной охотник @|o$y(|-|0$0(|@l MountainMan Martin_MKD Solstice МиГ 21 .... со Стази Anastasija немам многу контактирано ама си ја рачунам за мое пријателче, исто така и за JaMi и violetmoon :)
Aко некого заборавив слободно обратете ми се, ваљда ќе ми текне ;)
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Се утепавме со дружење,на дружбата крај не можам да и фатам:zelen

па сеа не толку често ама битно си го иаме на ти го дај ми го , де!
од форумов само со тебе, а замисли па ич?:eek:
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас во реалност а и во виртуелниот свет сум си малку срамежлива.Ми е срам да стапам прва во контакт со машко/женско од една главна причина а тоа е што не знам некој збор да сврзам од почеток а после кога ќе се разврзе некој разговор лесно ми е..Не сакам да ме сватите погрешно..не дека не сум дружељубива јас воглавно уста не затворам пред сегашните пријателки/пријатели во реалноста..затоа и се немам пријавено на некоја собиранка ете тоа е главната причина а не дека тешко ми е до Скопје да дојдам ама и виртуелно тешко ми е додека стапам во контакт иако иако и јас самата не знам што е толку проблематично ама што да правам кога таков ми е карактерот.Си признав и бев искрена ..ама си имам јас виртуелни пријателчиња иако слабо контактирам а сакам некогаш да се запознаам и во живо со нив..а тоа се: melpomena Сара.13 Martin_MKD Foxboro MountainMan Knife Arkantos LoveDealer JaMi Sarah Hkakashi Marchisio Trajche МиГ 21 ..мислам дека не згрешив а ако сум испуштила некого се извинувам и нека си каже слободно :)
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
не можам да си поверувам дека Arkantos го испуштив, нејверојатно поради тоа што веќе не го сметам само за пријател од форумот, туку за многу поголем пријател :) јавно се извинувам поради ова :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Arkantos