Несоница

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да медитација,
но за почетници,не без надзор од некој кој е поискусен на тоа поле.
Доаѓа до компликации кои делуваат збунувачки
и застрашувачки за тие кои тек почнуваат:)
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
За спиење ми помага техно, транс или амбиенталната музика заради хипнотизирачките ритмови. Пред да легнам пуштам тивко и право во спанчево! :rofl
 

Мрачна

Нов член
16 ноември 2013
12
3
3
26
Скопје
Имам несоница дури и се случува да не заспијам цела ноќ а утрото да работам 300 на саат. Не се обидувам да ја решам затоа што до сега никогаш не сум ја решила и најчесто ми е забавно навечер, хиперактивен човек.
 

dreamydreamer

Староседелец
11 октомври 2012
38
47
1,018
Несоница имам веќе подолг период, без разлика дали сум преморена или не, мене тоа ништо не ми менува.Ќе легнам, ќе се вртам со саати во кревет, и ќе заспијам накај 6 саат сабајле и ќе спијам 3-4 саати.Во периодиве на распуст ајде де, ништо страшно да речеме, ама кога сум во школо ми пречи ептен, се ми се пореметува, дремам на часови...Порано успевав со музиче да заспијам, ама се одвикнав некако од тоа, па не ми помага сега.После тоа алтернатива ми беше чај од камилица пред спиење, еден период океј ми беше, ама еве сега ни тоа не ми функционира, така да пробувам барем навечер да го искористам времето колку што можам...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Чајче од природен микс на нане , валеријана, и слични безопасни работи... комбинацијата е добитна...
ВАЛЕРИАН МИКС се вика. И јас имам проблеми со несоница, користиш чај по потреба , некаде сат- два пред спиење и спиеш како бајче...
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
мене ништо од чаеви и билки и витамини техники и видеа на јутуб за спиње ми немаат помогнато како и долги прошетки и топли млека тушеви ароми и проветрени соби перници и нз што веќе не.Отидов на психијатар ми препиша прво мелатонин ни тоа не ми помогна па луната 10 мг ни тоа ништо и сеа пијам флузепам 30 мг и спијам секоја вечер од 6 до 8 саати и без тие апчиња не можам да заспијам и си ги обожавам ...проблем е што ствараат зависност ама мене не ми е гајле зошто по 9 месеци мачење со несоница го најдов лекот
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас имам несоница скоро десет години. Поточно, каде и да отидам, ми кажуваат дека имам фобија од спиење.
Легнувам, се чувствувам преморено. Сакам да заспијам. Ми треба сон. Ги затворам очите. Почнувам да го слушам отчукувањето на срцето, се забрзува. Зуење во уши. Мислам во секој миг ќе се урне врз мене нешто. Се трудам да ги насочам на друго место мислите. Залудно, почнува да ме притиска нешто во гради, губам воздух.
Станувам, се шетам како куче низ цела соба, сѐ уште го имам чувството дека пред малку ќе сум умрел.
И така секоја вечер, сѐ додека не паднам за спиење. Често заспивам со телефонот во рака додека пишувам. Можам да заспијам со книгата во рака. Еднаш, дури и задремав во кафиќ додека чекав другар ми да направи муабет на телефон.
Сѐ имам испробано. И апчиња, медитации, опуштање пред спиење. Ништо не ми помага. Освен ако не заспијам несвесно и тоа тоа се 4-5 часа.
Овие 10 години имам такви главоболки поради слабото спиење што едно време мислев тумор имам. Се штрекнав во мозок и направив секакви испитувања за да стигнеме до тоа дека имам хроничен замор.
И доста е пишување.
Еве сега веќе изминуваат околу 30 часа без спиење...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Lady* and cece17

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Имам и јас несоница неколку месеци,сакам да ја снема ама од друга страна не сакам да се клукам апчиња.Пробав и со прекумерена физичка активност ама привремено само ми помогна.И сега методот со кој што се слуажам е што не спијам 2 дена по ред и утре вечерта си легнувам рано кај 8,така да добро утро. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and MATEJA

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Луѓе сатот 05:51 мене сон уште не ме фаќа :( - Веќе 1 недела имам несоница никако не ме фаќа спиење. Тамам ќе заспиам пак се будам. Во теекот на ноќта многу често се будам. Имам многу лоши мисли, лоши сонови сонувам. :mad: