Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Болки во душава ми ствара темава. Често не можам да заспијам. Обично ми се случува кога сум под стрес, депресивна или кога ми е периодот. Не можам ни да помислам на спиење. Се гушам и не можам да дишам од толку нерви што ме фаќаат. Во последно и не ме загрижува тоа толку. Многупати знам и на училиште на некој час да си преспијам.
Чуден организам имам, често ме држи таа несоницата и по неколку дена, а не се осеќам лошо ниту осеќам недостаток од сон. Некогаш па спијам и по 16-18 сати и пак после дремка ме фаќа...
ги заморувам очите со телефонот, потоа заспивам. Имам навика 10 години спијам со музика, значи системот ми е пуштен. Доколку нема музика....не можам да спијам. Во последно време одма заспивам.....