Несоница | Црнобело Форум

Несоница

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сигурна сум дека одвреме на време, на секого му се појавува несоница. Кои се главните причина за ова пореметување? На што треба да внимаваме за да ја избегнеме несоницата? Споделувајте совети и искуства.

Еве од мене еден микс кој може да ви помогне полесно да заспиете.

http://naturesoundsfor.me/Rainy_evening_1
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,103
393
28
Струмица
Е оваа баш како за мене, цел месец веќе се мачам и неможам да заспијам убаво, се будам во текот на ноќта многу пати, и спијам по многу малку :( благодарам :)
 

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
И ја се пореметив со спиењето, сон не ме фаќа...еве 4:50 е уште немам легнато, од 9 сум на испит ке отидам ке се вратам ке одспијам 3 4 саата и после сум цело време буден. Нешто не е у ред
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,388
1,133
Yellow submarine
Јас како зависник од инсомнија и несфатено блеење у плафон, да ви дадам еден совет на сите кои и покрај избројано цело бачило не можат да заспијат...

Немојте да јадете касно навечер! Тоа многу влијае на мирниот сон.
Млак туш пред спиење....мераци...
Просторијата во која спиете обавезно нека биде проветрена, не пушете во неа и пред да заспиете ароматизирајте си ја со некоја свеќа миризлива...

И се исклучете!
Телевизор, компјутер, или било каков спроводник на светлина....
Мене ми помага.
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
124
343
Скопје
Несоница.
Многу често имам несоница.Се некако ме фаќаат некои мисли кои не ми дозволуваат да спијам.
Ниту туш,ниту нејадење не ми помага.
Се е во главата.Па и убаво да се наспиеш зависи од расположението на човекот.
Инаку се некои кошмари се сонуваат.