Мојот став, човекот го создал Господ. Зашто, па бидејќи е човекот многу постар од него и го создал исто како шо ги создал и Зевс и компанија. Мислам , кој гарантира и дека после неколку години , нема да излезе нешто ново кое ќе наиде на општа прифатеност и теоријата за монотеизмот ќе замине во историјата исто како шо и многу други заминале.
Знаете, апсурдот е токму во тоа шо голем број веруваат во таа теорија, а сеуште немаат јасно расчистено шо всушност претставува Господ, каков вид на сила, на енергија е тоа. И сите се држат кон тоа дека Господ е таква невидлива сила, некој си вид на алгоритам кој го контролира целиот наш живот како да сме ние само дел од некој програмски јазик. И ако некој случајно се спаси од некој неизбежна ситуација, одман смета дека тоа е нова шанса дадена од таа сила, за која подоцна чувствува стравопочит. Ама чекајте, шо е со оние невини души пак кои не се спасуваат ? Тоа е тоа, игра на среќа, игра на случајност каде ситници одлучуваат. Или ќе се спасиш или не, трето нема.
И како шо кажав, она шо не ми дава да верувам дека Господ го создал светот е тоа шо тој како поим е уште недоволно објаснет и за него постојат илјада варијаиции. Па имаме муслиманска варијанта, православна, католичка, протестантска ит.н. И сите оние кои цврсто велат дека го спознале Господ и дека знаат шо всушност е тоа, сигурен сум дека длабоко во својот ум, сеуште имаат некоја мала доза на несигурност. Лебди прашањето: Чекај, абе вистина ли е се ова во кое верувам ?
И не разбирам, како може идејата да сме настанале по пат на еволуција да биде посмешна од таа дека сме туку така создадени од кал и ребро. Процесот на еволуција е докажан, па дури и да не е 100 проценти точен концептот на Дарвин ние сепак еволуираме. Еволуираме и сега додека седиме на компјутер и се згрбавуваме.
Разбирливо дека тоа е процес кој трае илјадници, да не речам милиони години. И сигурно дека не сме директно еволуирани од мајмуни, туку најпрво од многу попрости форми на живот. Од едноклеточни живи форми па се до денес. Патем се претпоставува дека првите живи форми излегле од вода, се развиле рибите, па водоземците и така. И иако ова не е 100 сигурно, дека тешко е возможно да се утврди точниот редослед на тоа како се развивале организмите секак е многу пологично од повеќето над-природни варијанти на религијата.
И ако ме прашувате, пак како тие едноклеточни форми, бактерии настанале одиме уште поназад и одговорите стануваат се понејасни. Искрено да ви кажам и јас не сум сигурен како што и многу научници во светот бараат одговор на тоа прашање веќе повеќе години наназад. Ама барем бараат и не се ограничуват на една идеја која само ќе ја замени љубопитноста на тоа како сме настанале и ќе се задоволат со тоа.
Прашања секогаш ќе има, и подобро да останат неодговорени отколку да умрете убедени дека сте го знаеле одговорот, ама и самите притоа не сте биле сосема сигурни. (damn this is deep, мора да го болдирам
) .
Ете оваа планета ја имала таа благонаклонетост на универзумот да биде поволна почва на која преку силите на природата би се создало живот. Да претпоставиме дека семето веќе лебдело во етерот после самата експлозија на Биг-Бенгот, Земјата ги имала поволните услови и овде се создало живот. Притоа јас сум убеден дека вакви услови има и на други планети, земајќи ја впредвид самата големина на универзумот.
Ете толку нека биде од мене на оваа тема.