човекот ја создал религијата а со тоа и боговите... без разлика дали станува збор за денешните монотеистички религии или во минатото кога се верувало во повеќе богови. Мене лино интересни ми се паганските митови, приказни обичаи итн... ама сето тоа е само плод на човековата имагинација и потреба да се чувствува заштитено па и да се тешат луѓето дека иако тапа им е животот сепак од горе ги гледа некој дедо со бела брада (а не е дедо мраз) и тоа еден ден ќе им го награди. Секако додека сами не си ја земат судбината во свои раце никаква виша сила нема да им помогне апсолутно во ништо (виша сила во смисла на некакво божество). Башка во природата на човекот е да бара постојано одговори за се што го опкружува, зашто грми, зашто врне снег и вечното прашање кој или како е создаден човекот. Тоа што порано го објаснувала религијата денес се вика наука, па така ако порано кога грмело тоа било зашто богот на молњите се налутил, денес тоа се електрични празнења и никој не се сомнева во тоа. Така да верувам во науката а прашањата на кои и науката не може (сеуште) да даде одговор, сигурно не ги сфаќам како “божја“ работа, туку како нешто што со сегашниот степен на развој, науката не може да даде конкретен одговор, ама оди напред, за среќа инквизицијата е векови позади нас.