^ Интересно ти е размислувањето иако звучи малку неверојатно и нема толку цврсти докази. И јас имав прочитано во една книга, дека демек човечка цивилизација и предходно постоела ама не на нашава планета туку на Венера. Се претпоставува дека планетите во сончевиот систем во одредени периоди ги смениле растојанијата од одалеченоста од сонцето. (за ова подетални информации ако најдам, друг пат, сега ме мрзи). И така Венера се наоѓала на приблино место каде шо сега е Земјата и имало поволни услови за живот. Таа цивилизација веројатно била технички понапредна и имала бродови за вселенско патување. Така кога условите за живот почнале да се намалуваат тие ја колонизирале Земјата. Па од тука излегува и претпоставката дека пирамидите и останатите чуда ( пештерски цртежи на вселенски летала) се оставени од цивилизација која предходно имала искуство со таков начин наживот.
Ова е многу малку веројатно и така попросто ви го раскажав оти не се сеќавам на сите детали поврзани со ова и одредени појаснувања. Како на пример зошто ако биле толку напредни почнале пак од почеток или слично.
Јас сепак си се држам до еволуцијата на Дарвин, додека некој повеќе не успее да ме убеди во нешто сосема друго.