Како мала...ах камо да сум пак мала.
Ќе почнам од берењето на неузреани кајсии и сливи, палење огнови по дворови за да печеме пченка, крадење грозје од тезгите на продавниците.
Се догаваравме еден од нас да глуми дека се онесвестува, па луѓето што поминуваа се испаничуваа и трчаа да ни помогнат за на крај „онесвестениот“ да стане и да извикаме сите СКРИЕНА КАМЕРА.
Врзувавме паричник со конец и кога некој ќе се наведнеше за да го земи ние му го тргавме.
Се криевме зад автомобили, дрва, огради и ги плашевме минувачите.
Редевме картони големи на улица, па возачите се врќаа назад мислејќи дека не се минува натаму, а некои па изнервирани ги распуцуваа картоните.
Фрлавме со најлони полни со вода по автомобили, па се погоди еден да вози со отворен прозор и најлоните внатре. Па не’ бркаше по уличиња и една другарка ја фати и ја однесе дома. Утредента мајка и’ сите не ’ издаде на домашните.
Има уште купишта глупости кои сме ги правеле ама во моментов не можам да се сетам на сите.
Ама колку што бевме немирни толку бевме и мирни. Си организиравме фестивали, квизови, циркузи, па за тие пригоди одевме од продавица во продавница и ги молевме продавачите да ни бидат спонзори за да има награди за учесниците. Па тие даваа по некое пакетче смоки, лижалчиња, чоколатца, соленки. Влезовите за тие што сакаа да учествуваат беа по 10 ден.
Ах, спомени.

.Не сум била многу плачлива ни захтевна,ова второто ни сега не сум но првото?пооооо

Женски игри не памтам колку сум играла, освен оние неутралните расипан телефон, плочка, сакате ли војна, џамија, жмурка на топка (кога ќе дојдеше некое девојче кај нас у маало, кај баба му за викенд). Ах...детствооо, се би дала да се врати :smug
)) секој втор ден паѓав :Р натака не продолжувам, ама убаво ми беше
на 6-7 месеци проодев и бев опседнат со машини за перење алишта
коа и да мајка ми ја вклучеше машината јас бев во ВИП сепарето пред неа
, една другарка беше плава и она беше Кели, другите беа Дона и Андреа. И влегувавме у филм демек звони телефон и другарками ќе викне Брендааа дојди Дилан те бара на телефон...