ко мала ѕверче невидено сум била...темперамент голем...во градинка учителката ми удрила шамар за да и вратам, утре дента сите креветчиња ги нашла доле,па ги викнала моите сакала да ме избрка од градинка...моите нормално не прифатиле и рекле дека е она педагог и треба да се справи со таквите деца ко мене и да најде некој начин да ме смири,нашла начин одличен...ме праќаше во јасли да ги хранам и гушкам бебињата....најсреќна бев тогаш...
а после тоа и станав омилена на учителката...кога си одев од градинката кога тргнав во школо си плачевме со учителката од жал......
инаку сум се качувала по дрва ,по огради,сум кинела алишта...па затоа моите се откажале од купување и почнале да ми ги крпат алиштата хахахах уште од тогаш крпен живот...хахахахах ...
сум обожавала да ги имитирам пејачките посебно Благица Павловска хахахах, сум ги пцуела у фаца комшиите,сум собирала пикавци од улица и сум ги ставала во уста се додека татко ми еден ден не ми даде добар ќутек хахахха,сум играла многу со барбики и кукли ,со ливчиња(детска пошта) и со салфетки,собирав Касандра ливчиња ,играв џамлии со машките,обожававив жмурка и Вис (игра во две групи со бркање ),сакате ли војска ,Цигари,Мати мати колико је сати,па збриам фото,продавачка на цвекиња ,докторка,мајки,фризерка и др.....
бев големо гушкало и бацувало.... многу бев дружељубива и никогаш не сум била себична за ништо....
обожавава еден период да и ги крадам кармините на мајка ми ,да и ги кршам штиклите....ѕидовите беа испошарани со фломастери,многу чаши и украси беа скршени хахахаххахах
кога бев мирна и глас не ми се слушаше моите знаеа дека спремам некоја беља.....
татко ми на спиење го шминкав....има излезено со лак на малите нокти на рацете,со шнола во коса и штипки за алишта на ногавиците......многу убаво и интресно детство сум имала .....хиперативно дете полно со емоции ,идеи ,креативност....