Како мали...

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Како мала...ах камо да сум пак мала.
Ќе почнам од берењето на неузреани кајсии и сливи, палење огнови по дворови за да печеме пченка, крадење грозје од тезгите на продавниците.
Се догаваравме еден од нас да глуми дека се онесвестува, па луѓето што поминуваа се испаничуваа и трчаа да ни помогнат за на крај „онесвестениот“ да стане и да извикаме сите СКРИЕНА КАМЕРА.
Врзувавме паричник со конец и кога некој ќе се наведнеше за да го земи ние му го тргавме.
Се криевме зад автомобили, дрва, огради и ги плашевме минувачите.
Редевме картони големи на улица, па возачите се врќаа назад мислејќи дека не се минува натаму, а некои па изнервирани ги распуцуваа картоните.
Фрлавме со најлони полни со вода по автомобили, па се погоди еден да вози со отворен прозор и најлоните внатре. Па не’ бркаше по уличиња и една другарка ја фати и ја однесе дома. Утредента мајка и’ сите не ’ издаде на домашните.
Има уште купишта глупости кои сме ги правеле ама во моментов не можам да се сетам на сите.
Ама колку што бевме немирни толку бевме и мирни. Си организиравме фестивали, квизови, циркузи, па за тие пригоди одевме од продавица во продавница и ги молевме продавачите да ни бидат спонзори за да има награди за учесниците. Па тие даваа по некое пакетче смоки, лижалчиња, чоколатца, соленки. Влезовите за тие што сакаа да учествуваат беа по 10 ден.
Ах, спомени.:(
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Мајка ми ми вика дека детте како секоја мајка што може да посака...пошто немало кој да ме чува ме оставале сама уште на 5 години,цел ден сум го поминувала во кревет,само ми било страв ако бил запален огнот во печката на дрва:D.Не сум била многу плачлива ни захтевна,ова второто ни сега не сум но првото?пооооо:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and parvati

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673
Од мала бев темпераментно дете. :D
Бидејќи сум единствено женско во фамилија сите други се машки и јас бев како нив.
Што немаме правено. Кисневме надвор не можеја да не приберет дома.....
Кога имав негде 3-4 год. имав обичај да фрлав преку тераса миленциња и крпи, одбесував алишта и штипки фрлав... после кога потпораснав се возев низ стан со ролери, знам дека брат ми ме седнуваше во количка за кукли и ме пушташе по скали :rofl абе лом...
ахх детство детство најубавите спомени (inlove)
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Ми го згрешиле мене полот :rofl Со сите машки околу мене морав и јас така да се понашам, ама лошото беше што во се бев боље од сите тие машки околу мене, од брат ми, комшиите и другарчињата од маало па дури и од маалото кај вујко ми, дека цело детство го поминав таму.... Играв фудвал, џамлии, камај камај, игравме индијанци и каубојци, си праевме засолништа, се пентаревме по бандери на жмурка, се криевме во каналче на план, се прскавме со шишиња и пиштолчиња на вода, крадевме зелени сливи и кајсии од кај лошиот комшија, игравме со колички, им сметавме на девојчињата од другото маало кога играа ластик или со барбики хахахаха (happy) Женски игри не памтам колку сум играла, освен оние неутралните расипан телефон, плочка, сакате ли војна, џамија, жмурка на топка (кога ќе дојдеше некое девојче кај нас у маало, кај баба му за викенд). Ах...детствооо, се би дала да се врати :smug
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Како малаа.. хахах многу имам за кажување.. значи ми го згрешиле полот.. Требало да бидам машко ама јас ги зезнав и ете ме женско :Р
И одма проблеми на сите им створив, нешо неубаво врзана папочна врвца, па секој ден ме носеле на преврски :Р На 8 месеци прозборев и од тогаш уста не затворив :Р
на година проодев ама нестабилно - до ден денес :Р На права ледина знам да се отепам :Р
На година и пол ќе сум скокнела од тераса, налет тоа шо сум скокала од двоседи, троседи .. се фрлале под мене да не се повредам :Р
на 2 и пол години заминав надвор од границите на МК, кефој бев.. ама не се делев од перничето - ко денис со кебенцето :Р
на 4 години ја скршив главата :Р И од тогаш феноменално работи :D ..
после тоа бев помирна .. мислам бирно детство скроз.. :))) секој втор ден паѓав :Р натака не продолжувам, ама убаво ми беше :)
 

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
29
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Како мал бев.. па да речам воспитано дете не бев многу дружељубив повеќе сакав сам да се играм... инаку со царски рез знам дека сум бил роден и дека сум бил 4,5 кг.. :eek: на 6-7 месеци проодев и бев опседнат со машини за перење алишта :sram коа и да мајка ми ја вклучеше машината јас бев во ВИП сепарето пред неа :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Selma

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Како мал, додека бев во забавиште, многу сакав да останувам и прва и втора смена, но поим немам зошто.

Знам дека многу сакав (и сеуште сакам) домашни миленичиња, но сум немал врска како да ги одгледувам. Имам пуштано папагали да летаат, имам мумифицирано хрчак, имам убиено желка (а всушност сакав да ја стоплам, па ја бутнав во видео) и имам убиено папагал (го бутнав во дупка од гитара). И знам дека кучето сакав да го јавам многу.

Истотака секогаш кога ќе ми се дадеше нешто благо - се криев позади врата и додека не го изедам не излегував, го лепев цел стан со селотејп за да си играм таен агент.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and Dr.Gonzo

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Како мала играв си другарките од утро до мрак...Дома прибирачка никако.
Паметам како си игравме Беверли Хилс, и јас секогаш бев Бренда:giggle, една другарка беше плава и она беше Кели, другите беа Дона и Андреа. И влегувавме у филм демек звони телефон и другарками ќе викне Брендааа дојди Дилан те бара на телефон...:rofl лелеее како се потсетив.
Игравме и Тетки по цела ден....правемве торти, куќи, соби, зависи какви реквизити имаме..
А по дома со брат ми нинџи бевме...Тој правеше нончаки, звездички,учевме шпага да правиме, боксувавме во вреќи полни со алишта.. си врзувавме марами на главата и нормално јас како помала обавезно јадев ќотек секоја ден..:giggle..
Многу беше убаво...
И се секавам еден период бевме во филм да бараме скриено богатство па се собиравме пола оделение и во потрага се пуштавме, ем копавме безвеза нешто ем си зборевме шо ќе направиме со парите или ако најдиме оружје, дека одма ќе одиме во полиција, па ќе не наградат тие..леле леле :x(wasntme)
ми недостига детството...
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Јас сум бил бељаџија ипол. Мочкав од тераса, доле врз моите. Го пуштав далечинскиот во бокал со вода, бегав од дворот секогаш кога имав шанса, ги палев завесите, ги уништував цвеќињата, еднаш испив и полна чашка ракија, го тепав брат ми, игравме криенка, брканица, бам-бам ( се криевме и едни напаѓаат други се бранат), кога пораснавме малку шмркавме оние степчиња и мноогу други бељи, сите плачеа од мене по маалото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi