Прво сакам да кажам дека навистина овој форум е еден од многуте на кои имам направено профил , но единствениот на кој сум активна и кој ми го задржа вниманието. Буквално ме натера да си го запомнам пасвордот и да се вратам повторно.
CrnoBelo како добра страна е заслужна, ама без вас членовите форумов ништо не би ми значел. Не само долуспоменатите туку сите, дури и тие што утре прв пат ќе се зачленат.
Како што кажав по другите теми, прво налетав на
WomanInRed I na
melpomena.
WomanInRed не знам, што и да кажaм е малку. Едноставно зрачи со харизматичност и позитивност преку пишаните зборови, преку аватарите, преку лајковите. Секој би сакал да си има во близина таква личности со така убава енергија. Мојата другарка тука на форумов.
Потоа
melpomena....умерена, мудра, точна во коментирањата. Зрела во размислувањето и преку неа навистина кој умее да слуша може да научи многу нешта. Морам да признаем дека прво го изгуглав ова мелпомена зошто не знаев од каде влече потекло. Секогаш ги читам нејзините постови бидејќи секогаш имаат скриена порака. Мистичноста некако ми е поврзана со ориенталноста што ја поседува како стил.
JaMi исто така меѓу првите ја забележив, се чудев леле колку мислења има напишано . Кратко време требаше за да откријам дека љубовта ја пронашла токму на форумов. Кога ќе помислам на Париз го поврзувам непланирано со неа или ако видам слика на девојка а позади неа Ајфеловата кула веднаш помислувам ете добар аватар за Јами.
Saladin и
Arkantos се мудрите машки на Форумов. Имаат богат речник и секогаш кажуваат тешки филозофии за животот. Секогаш ми треба дополнителна концентрација кога ве читам, бидејќи сакам да го разберем тоа што сакате да го пренесете преку постовите.
Legioner, искрен и љубопитен. Сака да ја знае приказната до крај. Ништо не остава на случајот.
parvati... Гавро...
Ти си топ. Секогаш те читам. Ти го кажуваш кратко, јасно (добро не баш најјасно ама респект за тоа што се држиш до дијалектот свој) и комично она што некој друг би го напишал долго, конфузно и без поента.
street_chic ,
Luckky ,
redhead и
Anastasija ми се мнoогу позитивни ликови. Секогаш ги читам со задоволство. Многу пријатни и навистина му даваат колоритет на црнобелиов форум.
Electra и
DarkPassenger ми се tough жени. Знаат што сакаат и тоа и го прават во животот. Не осудуваат но не се плашат да бидат покажани со прст за тоа што ќе го кажат тоа што го мислат Ја чувствувам вашата решителност, борбеност и самодоверба во секој ваш пост.
Mila Kunis , Девојка која е свесна за моќта и привилегијата од тоа да се биде девојка.
Sarah , тое е едно девојче кое прераснува во една комплетна девојка што е ретко за младинава. Мислам дека имаш толку многу креативност и талент во себе, што блеска секој твој пост или тема со иновативност, искреност и позитивност. Секоја чест.
Последни но не и помалку важни, нормално двојката Гонзо и
The_Mayor. Фраерите за пример. Очекувам прирачници со потпис од вас како автори за тоа како да се ќари еден цел харем девојки.
J
Многу од вас сигурно имам испуштено, но ќе има наредни прилики. Секој нов пост е нов впечаток.