Јас сум против воскреснувањето на Југославија. Да од една страна можеби се живеело подобро во тоа време ама право да кажеме македонскиот народ па и држава била само инструмент во таа унија, а моќта се знае каде била центрирана , во Белград. Историјата која ја учеле децата во школо била искривена и ги терале да учат марксизам.
Сега кога конечно се оствари идејата за една самостојна и независна држава (иако осакатена) треба да ја задржиме.
Меѓутоа сметам дека соработката на економско па и воено поле помеѓу екс-ју земјите би била многу корисна. Значи без мешање на идентитетите и институциите. Ни одалеку не како системот на ЕУ. Туку онака, само да се зајакнат трговските врски и да се олесни меѓуграничниот премин. Тогаш сите ќе имаат корист, а притоа ќе бидат независни во управувањето и постоењето.
На тој план веќе нешто се прави, ама не доволно.