Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Апсолутно не си во право и тоа од повеќе аспекти. Од политички , Југославија е основач на неврзаните, која не била ( сега баш и не до толку) организација за потценување. Во периодот за време на и по Студената војна сите конци ги влечела токму Југославија. Е сега, прашањето е - Кој би профитирал од нејзиниот распад? Русија не сигурно, самата има доволно економски, политички и социјални проблеми во тој период.. Но што е со другиот блок? Руската против-тежа? САД? Југославија веќе ја губи функцијата на тампон држава.. И се се води по старото добро правило исто како примерот со житото - раздели па владеј. Полесно е да се манипулира со народот која е разделен и со т.н марионетски држави. А како? Со подгревање на националистички тензии и пред се унишување на економијата и предизвикување состојба на паника кај народот преку хиперинфлација.

Апсолутно? Ајде релативно да беше и некако :D Неврзаните имале влијание во време на распадот на Југославија? Really? Каква тампон држава? Југославија е основана уште во 1918, пред да постојат НАТО и Варшавски пакт, реоснована е 1943, повторно пред да постојат двата блока. Кои факти говорат за странско мешање? Кој подгревал националистички тензии? Западот? Некој пример за тоа? Дали националистичкото лудило кое го пропагирале врвовите на републичките комунистички партии биле однадвор спонзорирано? Милошевиќ (кој собрал скоро милион луѓе на митинг на Косово во 1989 на кои им ветувал Голема Србија) Туѓман, Изетбеговиќ, Кучан и весело друштво, биле агенти на ЦИА?:) Распишувањето на референдуми за независност во Словенија, Хрватска и Македонија има некаква врска со западот? Секако дека нема никаква врска. Напротив, Југославија била во одлични односи со западот, дипломатски, економски, воено и секако. Еве една студија која се бави со можноста Југославија да стане членка на ЕУ во раните деведесетти а објавена била во 1989. https://www.law.upenn.edu/journals/...ssue4/Getter11U.Pa.J.Int'lBus.L.789(1989).pdf

Можеби ќе делува малку шокантно, но факт е дека Југославија имала можност за зачленување во ЕУ, под услов да се направат реформи.


Yugoslavia had established special trading relationships with EEC members West Germany and Italy (accounting for 70 percent of Yugoslavia's EEC trade in 1989), as well as most members of the neutralist European Free Trade Association ( EFTA--see Glossary). In 1988 the EEC granted a five-year extension of Yugoslavia's special commercial status. West European experts generally agreed that if it remained politically stable, Yugoslavia would be admitted to the EEC ahead of former Soviet bloc members such as Poland and Hungary.
Full membership in the EEC became a goal of Yugoslav economic policy in the late 1980s, and the media discussed the prospect constantly; in 1990 Prime Minister Ante Markovic officially declared that recent economic and political reforms qualified his country for inclusion. In response, the EEC strongly encouraged Yugoslav emulation of Western market economics and extended favorable financial terms wherever possible. Nonetheless, formidable reasons remained to delay full membership. One major obstacle, the Yugoslav trade deficit with the EEC, had virtually disappeared by 1989. But Yugoslavia would also have to eliminate all duties and accept all EEC standards to include itself in the EEC free trade zone; the Yugoslav economic structure did not permit such changes in 1990.
http://www.photius.com/countries/yu...former_economy_the_industrialized_w~2699.html

Чудни ситуации ако некој имал за цел распад...
Друг можна држава која би имала корист - Германија. Германија е една од основачките земји на ЕМС ( систем на фиксни девизни курсеви или поточно претходник на денешната монетарна заедница). Германија како земја која важела и важи како најака економија во Европа ги врзува курсевите со останатите валути меѓу кои е и фунтата на Велика Британија. Британија која во тој период се соочува со криза економска и воена (82' Фолкландската војна) вредноста на нејзината валута опаѓа. Фиксирањето на било која валута со друга, (во случајов со германската_ придонесува за сведување на инфлацијата на блиско ниво но главната негативна страна е неможноста да ги спречи шоковите внатре и оние кои се пренесуваат од земјата за која е фиксирана) Логично на тоа, британците ги заменуваат фунтите за германски марки за да ја зачуваат вредноста. Тоа пак, придонесува за зголемување на и стапките на принос што ги носат каматите внатре во самата Германија. Но, по крајно паметната политика на Тачер, и нејзината крајно револуционерна фискална политика, Британија го напушта ЕМС (Нели и денес не се дел од ЕМУ). При ваква ситуација опѓаат стапките на принос и државата бележи загуби. Најитересното прашање следи сега - Како ќе ги надохнади тие загуби? Едноставно, со најакиот адут што го има - тешката и воена индустрија и отворање на нови пазари каде што може да се пласира Поточно Словенија и Хрватска. А на тоа и финансиските кредити и бум! Има некаде цел документарец за тоа ама ако го најдам ќе го објавам. Не за џабе пееа хрватите ,,Danke Deutschland".

Не гледам каква корист би имала Германија или Британија од напишаново, освен споменувањето на Словенија и Хрватска како пазар за оружје. :D
Распаѓање на Југославија со цел да се отвори пазар на оружје за да се сузбие наводната криза? :D

Хрватска и Словенија не се никаков пазар за западно оружје. Дури на почетокот на војната е воведено ембарго на извоз на оружје во овие земји. Кое трае до крајот на војната. http://hr.wikipedia.org/wiki/Embargo_na_uvoz_svih_vrsta_oružja_i_vojne_opreme_u_Jugoslaviju со што ги оставаат Хрватска и Босна со извесен орган во раце, да се бранат од ЈНА и четниците.

Хрватска војувала со шверцувано руско и украинско оружје, главно преку Унгарија и со она што заплениле од касарните на ЈНА. Купувале дури и МиГ-21 и Ми-8 од братска Русија и Украина. Во составот на нејзините оружени сили немало и нема скоро ништо германско, уште помалку британско. Словенија уште помалку... до ден денес единствени тенкови кои ги има се југословенски, заедно со неколку амерички хеликоптери. Повеќе аеро клуб отколку воздухопловство.:)

Од друга страна, Југославија не само што била значаен увозник на западна опрема туку и си произвдувала опрема по лиценци. Од запад. Хеликоптерот Газела, млазни мотори Ролс-Ројс, телевизиски наведувани ракети Маверик, бродови, софвер, шведски противбродски ракети...... се само дел од соработката.
Ако се користи воениот пазар како можност, излегува дека гадно се заебале западњаците со распадот.


И последно но не и најмалку важно - користа на соседните држави. Сите сакаат да зграпчат повеќе и да искористат. Стрикно за нас, сведоци сме на српско-грчкиот договор за поделба на Македонија и останатите заговори од тој вид. Тука се и унграските интереси за Војводина и Славонија, Албанските за Косово, Романските за делови од југоисточна Србија...
И тоа како имаат влијание надворешните фактори.

Да, само што никој ништо не зграпчи и не искористи. Ме чуди како ништо никој не постогнал при толку роварење.
Републиките останаа во сосема истите граници во кои и беа за време на Југославија, плус Косово, во истите граници како покраина. Но сега во вид на независни држави.

Едно се шпекулации, друго се факти. Фактите се јасни околу тоа кој извлече најголема корист од распадот и на кого распадот му донесе моќ. А тоа беа `реформираните` комунисти кои ја заробија цела економија на екс-земјите, беа воени профитери, профитираа од блокадите и сите случувања на пост-Ју периодот.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Апсолутно? Ајде релативно да беше и некако :D Неврзаните имале влијание во време на распадот на Југославија? Really? Каква тампон држава? Југославија е основана уште во 1918, пред да постојат НАТО и Варшавски пакт, реоснована е 1943, повторно пред да постојат двата блока. Кои факти говорат за странско мешање? Кој подгревал националистички тензии? Западот? Некој пример за тоа? Дали националистичкото лудило кое го пропагирале врвовите на републичките комунистички партии биле однадвор спонзорирано? Милошевиќ (кој собрал скоро милион луѓе на митинг на Косово во 1989 на кои им ветувал Голема Србија) Туѓман, Изетбеговиќ, Кучан и весело друштво, биле агенти на ЦИА?:) Распишувањето на референдуми за независност во Словенија, Хрватска и Македонија има некаква врска со западот? Секако дека нема никаква врска. Напротив, Југославија била во одлични односи со западот, дипломатски, економски, воено и секако. Еве една студија која се бави со можноста Југославија да стане членка на ЕУ во раните деведесетти а објавена била во 1989. https://www.law.upenn.edu/journals/...ssue4/Getter11U.Pa.J.Int'lBus.L.789(1989).pdf

Можеби ќе делува малку шокантно, но факт е дека Југославија имала можност за зачленување во ЕУ, под услов да се направат реформи.


http://www.photius.com/countries/yu...former_economy_the_industrialized_w~2699.html

Чудни ситуации ако некој имал за цел распад...


Не гледам каква корист би имала Германија или Британија од напишаново, освен споменувањето на Словенија и Хрватска како пазар за оружје. :D
Распаѓање на Југославија со цел да се отвори пазар на оружје за да се сузбие наводната криза? :D

Хрватска и Словенија не се никаков пазар за западно оружје. Дури на почетокот на војната е воведено ембарго на извоз на оружје во овие земји. Кое трае до крајот на војната. http://hr.wikipedia.org/wiki/Embargo_na_uvoz_svih_vrsta_oružja_i_vojne_opreme_u_Jugoslaviju со што ги оставаат Хрватска и Босна со извесен орган во раце, да се бранат од ЈНА и четниците.

Хрватска војувала со шверцувано руско и украинско оружје, главно преку Унгарија и со она што заплениле од касарните на ЈНА. Купувале дури и МиГ-21 и Ми-8 од братска Русија и Украина. Во составот на нејзините оружени сили немало и нема скоро ништо германско, уште помалку британско. Словенија уште помалку... до ден денес единствени тенкови кои ги има се југословенски, заедно со неколку амерички хеликоптери. Повеќе аеро клуб отколку воздухопловство.:)

Од друга страна, Југославија не само што била значаен увозник на западна опрема туку и си произвдувала опрема по лиценци. Од запад. Хеликоптерот Газела, млазни мотори Ролс-Ројс, телевизиски наведувани ракети Маверик, бродови, софвер, шведски противбродски ракети...... се само дел од соработката.
Ако се користи воениот пазар како можност, излегува дека гадно се заебале западњаците со распадот.




Да, само што никој ништо не зграпчи и не искористи. Ме чуди како ништо никој не постогнал при толку роварење.
Републиките останаа во сосема истите граници во кои и беа за време на Југославија, плус Косово, во истите граници како покраина. Но сега во вид на независни држави.

Едно се шпекулации, друго се факти. Фактите се јасни околу тоа кој извлече најголема корист од распадот и на кого распадот му донесе моќ. А тоа беа `реформираните` комунисти кои ја заробија цела економија на екс-земјите, беа воени профитери, профитираа од блокадите и сите случувања на пост-Ју периодот.


Или се правиш дека не ме разбра или навистина не ме разбра. Или не ми ги читаш постовите до крај или не ги читаш темелно.

Прво, ако веќе сакаш да си играме , не Југославија не е создадена во 1918. Тогаш е созадена СХС.
Не знам зошто ти е мерак да ми ги превртуваш зборовите или доволно не ги разбираш. Дали реално мислиш дека сум пишала дека Југославија била тампон зона во 1918 или Студената војна? Прочитај пак.

http://www.iacenter.org/folder02/hidden_em.htm Eте ти докази во твој стил. Највеќе мразам постирање на линкови зошто секој може што сака да напише ама ако сакаш така - еве :)

Не. Лидерите не биле агенти од ЦИА. Распадот им одговара од сопствени цели, лично обогатување или цели на одредена група кон кои припаѓаат. Тие не се ни прашувале а ни ќе се прашуваат. И да не се тие други ќе дојдат на власт, остануваат земјите под целосна контрола на САД. Едноставно тие се борат да ја превземат власта на пониско ниво на хиерархија, локално не глобално.

Пак, не ме читаш. Каде ја спомнав јас Британија како одговорна за нешто? Никаде, само ти објаснив како стоел економски периодот од 79' до 90те.

Западните земји се зезнале со извозот ако се распадне Југославија.. Дали?
Па тргни од состојбата во Јужна Кореа и спореди ја цената на трудот на капитал таму и во Југославија. Што мислиш каде било / е пофтино? Зошто дури и ден денес највисоките корпорации ги префрлаат своите централи во југо-источна азија?

http://128.121.186.47/ISSA/reports/Balkan/Oct3192.htm
http://emperors-clothes.com/articles/carr/carr.html
http://blogs.euobserver.com/alfter/2011/11/02/war-profiteers-unveiled/

Знам дека постоеле плановите за ЈУ за во ЕУ, но тие се неколку години пред да почнат војните и распадот т.е од периодот на плановите и анализите на Марковиќ. Притоа, 1952, Југославија, Грција И Турција склучуваат договор за соработка со НАТО, во случај СССР да ги нападне. Ако е така, според сите нивни правила кој стојат во целите и одредбите, зошто не се прекинати воените тензии уште во самиот почеток во Југославија? Зошто не е избегнат воениот конфликт?

Сите денес се прават светци и чисти, и сите гледаат да ги сокријат доказите на сопствените интереси т.н профит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Или се правиш дека не ме разбра или навистина не ме разбра. Или не ми ги читаш постовите до крај или не ги читаш темелно.

Прво, ако веќе сакаш да си играме , не Југославија не е создадена во 1918. Тогаш е созадена СХС.
Не знам зошто ти е мерак да ми ги превртуваш зборовите или доволно не ги разбираш. Дали реално мислиш дека сум пишала дека Југославија била тампон зона во 1918 или Студената војна? Прочитај пак.

http://www.iacenter.org/folder02/hidden_em.htm Eте ти докази во твој стил. Највеќе мразам постирање на линкови зошто секој може што сака да напише ама ако сакаш така - еве :)

Во 1918, преименувана во 1929, како и да е.

Но што е со другиот блок? Руската против-тежа? САД? Југославија веќе ја губи функцијата на тампон држава.. И се се води по старото добро правило исто како примерот со житото - раздели па владеј. Полесно е да се манипулира со народот која е разделен и со т.н марионетски држави.

Ок, да ја земеме студената војна.
Во тоа време, постои копнена граница меѓу Нато и Варшавскиот пакт. Тампон, ако земеме аналогија со тампоните кои ги користат жените е нешто кое се става меѓу две површини со цел да ги раздвои. Што имала да раздвојува Југославија во услови на постоење на директна копнена граница меѓу Источна и Западна Германија? Ништо. Освен ако не ја преместеле некаде меѓу Северно Море и Рајна...со копи пејст:D Настрана што евентуален судар би бил најверојатно од нуклеарна природа...

Те разбирам, само повторно не гледам како Германија или САД или `западот` би имале корист од распадот. Нема такви факти, само шпекулации, како овој на линкот кој пишува дека Југославија се распаѓала од 1992-95 и подоцна 1998-99... што е смешно, бидејќи Југославија се распаѓа 1991. Потоа ни кажува дека Германија сакала да оствари излез на Јадранско Море. :D Мислим збиља оно... Не знам дали ликот е информиран, но Германија сеуште нема излез на Јадранот, ниту ќе има.
Потоа има некакви лупетања за фашистичките врски на Словенија и Хрватска со Германија, бидејќи нели биле сојузници во ратот (facepalm)

Пак, не ме читаш. Каде ја спомнав јас Британија како одговорна за нешто? Никаде, само ти објаснив како стоел економски периодот од 79' до 90те.

:pusi

Британија го напушта ЕМС (Нели и денес не се дел од ЕМУ). При ваква ситуација опѓаат стапките на принос и државата бележи загуби. Најитересното прашање следи сега - Како ќе ги надохнади тие загуби? Едноставно, со најакиот адут што го има - тешката и воена индустрија и отворање на нови пазари каде што може да се пласира Поточно Словенија и Хрватска.

:rolleyes:

Јас те читам, изгледа ти заборави што напиша погоре.


Западните земји се зезнале со извозот ако се распадне Југославија.. Дали?
Па тргни од состојбата во Јужна Кореа и спореди ја цената на трудот на капитал таму и во Југославија. Што мислиш каде било / е пофтино? Зошто дури и ден денес највисоките корпорации ги префрлаат своите централи во југо-источна азија?

На Југославија и продавале оружје и лиценци, на новоформираните држави - не. По распадот тие најмногу купуваат оружје од Русија и Украина. Тоа е факт, можам и линкови да ти пратам, не е проблем.:)
Зависи, можеби пак ќе ти биде чудно, но инвестициите во Југославија веќе биле на големо започнати. Во Сараево имало фабрика на Фолксваген. Голфови, буби и комбиња се произведувале таму. Во Војводина некаде мислам имало и фабрика на Опел. Во Словенија - Ситроен. Што значи имало аутсорсинг баш кон Југославија. И тоа ова е само дел...не знам какви големи вложувања има од Немачка денес низ земјите од екс-ју. Ми текнува само дојче телеком кој ровари наоколу...

Јужна Кореја мнооооооогу одамна била цел на аутсорсинг, одамна веќе - не е. Сега тие аутсорсираат во Кина...

Не. Лидерите не биле агенти од ЦИА. Распадот им одговара од сопствени цели, лично обогатување или цели на одредена група кон кои припаѓаат. Тие не се ни прашувале а ни ќе се прашуваат. И да не се тие други ќе дојдат на власт, остануваат земјите под целосна контрола на САД. Едноставно тие се борат да ја превземат власта на пониско ниво на хиерархија, локално не глобално.

Е тука веќе одиме некаде каде што рационален муабет е тешко можен. Дека постојат скриени центри на моќ, се согласувам, но дали сакаш да кажеш дека има глобален унифициран центар на моќ кој поставува марионети во помалите земји? Чија марионета беше Слобо, на САД!?
Баш таков став и пропагираат локалните моќници, дека не се тие криви, западот им ја скроил капата...:) Чудна коинциденција.

Но ако се земе она кое е видливо, кој извлече најголема корист, кој ширеше национализам, од каде произлезе олигархијата и денешнава состојба - сето тоа јасно укажува на комунистичката партија чија елита ја растури Југославија (и СССР btw, same scenario).
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Outrider ме читаш гледам ама не ме дочитуваш. Британија е спомната како мотив на Германија. Убаво имам пишано - Германија.
Инаку во тој период да тоа е Јужна Кореја , се согласувам дека денес лидер е Кина и останатите земји од тој регион.
За докази има и тоа многу. Ама чим е твојот став таков, така нека биде секој има право нели :)
Како што спомнав, регионалните лидери од типот на Милошевиќ, Туѓман итн, не се ничиви марионети. Тие се борат за лични интереси. Истото го пишав и погоре.
Инаку интересна идеа тема се центрите за моќ.. Може да се отвори таква тема и да се развие дискусија :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Што се расправате џабе, и онакој ништо не бива од тој. Југославија е отидена у неповрат, а сга можемо само да се надамо дека нема овија 'демократски' власти да не отерав на питачки стап. Мое мислење е, ј***ш десницу, ј***ш капитализам, а ви како сакате...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider ме читаш гледам ама не ме дочитуваш. Британија е спомната како мотив на Германија. Убаво имам пишано - Германија.
Инаку во тој период да тоа е Јужна Кореја , се согласувам дека денес лидер е Кина и останатите земји од тој регион.
За докази има и тоа многу. Ама чим е твојот став таков, така нека биде секој има право нели :)
Како што спомнав, регионалните лидери од типот на Милошевиќ, Туѓман итн, не се ничиви марионети. Тие се борат за лични интереси. Истото го пишав и погоре.
Инаку интересна идеа тема се центрите за моќ.. Може да се отвори таква тема и да се развие дискусија :)


Може, зошто да не, дури и не мора да биде само околу историја иако историјата сепак е најподложна кон тоа:)
http://forum.crnobelo.com/threads/Фринџ-Теории.4944/
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Порано ќе речев не, заради тоа диктаторско владеење и праќање на Голи Оток. Ми кажувале дека не смеело ништо против Маршалот да се каже, ама па кога ќе видам како се живее денес, да можам одма би го вратил времето.