На фејсбук на повеќе групи забележувам дека се организираат некои настани низ поранешните Југословенски републики за мирни протести низ истите за враќањето на патот на братството и единството како и се поголем број на анкети од кои се гледа дека народот се повеќе се изјаснува дека во СФРЈ се живеело подобро, постабилно и посигурно. Донесени се дури и неколку одлуки за спојување на железниците,авиосообраќајот, државните лотарии, фудбалските, ракометните лиги и слично, па затоа тоа ме поттикна да отворам една ваква дискусија.
Што мислите вие по ова прашање? Дали македонскиот народ сега ќе се наоѓаше во подобра социо-економска ситуација доколку не дојдеше до распад на Југословенската федерација и дали би имала корист во иднина од некое слично здружување без разлика дали е возможно или не?
Лично мој став е дека не треба да дојде до политичко здружување меѓу истите, но да се искористат некои шанси од економски карактер што се нудат , на пример некои одредени поволности на тој екс-ју пазар и слично.