Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Југославија како сакаш сврти го, крајот и` беше неизбежен. Што поради економскиот притисој од страна (да стане капиталистичка земја) што од приватизирањето.

Национализмот е факторот како таа се распадна. А тоа го гледаме и ден денес. Сите раскарани меѓу себе, без грам доверба.
Мислам да би можело да се тргне тој национализам на страна и да се распадневме на мирен начин, ќе бевме далеку подобри независни држави.

На секоја држава крајот и е неизбежен, зависи само за колку време. Колку огромни империи за кои во нивно време се мислело дека се вечни сега се само прашина на историјата... да не зборуваме за помали земји. Не сум сигурен дека крајот на Југославија бил неизбежен баш во 1991, иако ваквиот став повлекува what if сценарија... Земји со неспоредливо полоши економски показатели сеуште виреат, некои по 150+ години. Пример, централна Америка, освен Коста Рика - останатите се банана државички со етнички измешано население, економски зомбифицирани, политички безначајни, корупција, инфлација, нефункционалност, којзнае колку војни, што меѓусебни - што граѓански... и пак опстојуваат како државни ентитети.

Се распадна со импулс од надвор, директно во центарот...

Југославија беше совршен пример како би изгледала вистинската Пан-Европа со нејзините разлики (зборувам за моментите додека беше жив Тито), а сигурно тоа му сметаше на некој, затоа сега имаме некоја си чудна форма на Европска Унија каде што никој никаде не може да оди слободно, секој има чудни цени на производи кои не одговараат на секоја држава, чудни начини и причини за влез...

Ево Тито шта то каже :)

П.С. Еден човек додека беше жив не можеше ниту од надвор ниту од внатре да почнат размисли за разлики помеѓу народите! Еден човек... потоа дојдоа претседателства од различни држави, почнаа да си ги фаворизираат своите држави додека ги водеа претседателствата и тоа создаде поделба.

Како беше она од Бранко Коцкица (ако ја знаете или ако се сеќавате на емисијата) со седумте гранки жито! Заедно сите гранки не можеш да ги скинеш лесно, но одели ги една од друга постепено и лесно ќе ги уништиш! Тоа се случи со Југославија, успеаа да го натераат човекот да се сомнева во другиот, да не го почитува другиот, да почне национализам од најзаостанат вид! Конец филма :)

Нема показатели дека екс-Ју (па и екс-СССР) се распаднале поради надворешни импулси. Посебно Југославија, која имала сосема добри односи и со запад и со исток. Каков интерес би имале надворешните центри да дојде до распад?
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Нормално дека нема. Не ни треба да има, кој рече дека треба да има показатели кои би ги знаел ти или некој друг? Да знаеше обичниот човек, немаше да има распад и сето останато.
Имаат интерес, менување на оската на сила од запад кон центарот (Европа) не чини нели...
Доволна е една целосно обединета држава во светот или опција светот да биде ВО едната држава со неменлив врв!
Другото оди во распад и рециклирање.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нормално дека нема. Не ни треба да има, кој рече дека треба да има показатели кои би ги знаел ти или некој друг? Да знаеше обичниот човек, немаше да има распад и сето останато.
Имаат интерес, менување на оската на сила од запад кон центарот (Европа) не чини нели...
Доволна е една целосно обединета држава во светот или опција светот да биде ВО едната држава со неменлив врв!
Другото оди во распад и рециклирање.

Постојат показатели, само што упатуваат кон внатре а не кон надвор во однос на распадот. Југославија не била некој голем фактор кој би влијаел на менување на оски а освен тоа секогаш била хермафродит, со поглед и кон исток и кон запад.
Сите случувања после распадот јасно упатуваат на `кривецот`. The enemy from within.:pusi
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Напишав: таа беше одличен пример како би изгледала Пан-Европа, не да е некаков си фактор за менување оски!
Факторите за менување не се во силата, ами во можностите да се притиска во точен момент на точното место!

И реков, надворешниот импулс што направи. Да се само-цитирам:

Како беше она од Бранко Коцкица (ако ја знаете или ако се сеќавате на емисијата) со седумте гранки жито! Заедно сите гранки не можеш да ги скинеш лесно, но одели ги една од друга постепено и лесно ќе ги уништиш! Тоа се случи со Југославија, успеаа да го натераат човекот да се сомнева во другиот, да не го почитува другиот, да почне национализам од најзаостанат вид! Конец филма :)
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Македонија е вечна ти нешто си грешка у врска со распаѓањето на империите:rofl

Југославија насила се распадна а не дека и се ближеше крајот, токму од тие што најсилно ја пееја „Друже Тито ми ти се кунемо“ играјќи на најосетливата точка национализмот.
Напишав: таа беше одличен пример како би изгледала Пан-Европа, не да е некаков си фактор за менување оски!
Факторите за менување не се во силата, ами во можностите да се притиска во точен момент на точното место!

И реков, надворешниот импулс што направи. Да се само-цитирам:

Како беше она од Бранко Коцкица (ако ја знаете или ако се сеќавате на емисијата) со седумте гранки жито! Заедно сите гранки не можеш да ги скинеш лесно, но одели ги една од друга постепено и лесно ќе ги уништиш! Тоа се случи со Југославија, успеаа да го натераат човекот да се сомнева во другиот, да не го почитува другиот, да почне национализам од најзаостанат вид! Конец филма :)

Не се сеќам јас на Бранко Коцкица ама се сеќавам како во 3 часот по полноќ се повлекуваше ЈНА.
Тогаш беше подобро или сега ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не се сеќам јас на Бранко Коцкица ама се сеќавам како во 3 часот по полноќ се повлекуваше ЈНА.
Тогаш беше подобро или сега ?

Сега е за никаде!
Немаме ниту војска, ниту единство, ниту волја за подобро утре!
Нема братство, нема единство!
ЈНА кога се повлекуваше, луѓето мислеа дека напаѓа! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Сега е за никаде!
Немаме ниту војска, ниту единство, ниту волја за подобро утре!
Нема братство, нема единство!
ЈНА кога се повлекуваше, луѓето мислеа дека напаѓа! :)

Значи тогаш :zelen
ЈНА се повлече сосема мирно и без никакви проблеми е тука ние имавме срека или треба да сме благодарни на поедини зш ако не вовлечеа во војна тешко нас и неможам бе да го најдам видеото со Тито и тогашниот претседал на Албанија ......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Значи тогаш :zelen
ЈНА се повлече сосема мирно и без никакви проблеми е тука ние имавме срека или треба да сме благодарни на поедини зш ако не вовлечеа во војна тешко нас и неможам бе да го најдам видеото со Тито и тогашниот претседал на Албанија ......

Немаше да војуваме со СФРЈ, ќе војувавме со националистички забегани држави кои ја изгубија главата (како и што знаеме анализирајќи ја војната на Балканот)!
СФРЈ беше одлично место за напредување!
Денес, Балканот е НИШТО!
Играчка, тест-поле за анализа на психолошки, економски, политички или било кој план, кој што може да се активира однавдор сега или утре или кога ќе посакаат!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and alba

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Нема показатели дека екс-Ју (па и екс-СССР) се распаднале поради надворешни импулси. Посебно Југославија, која имала сосема добри односи и со запад и со исток. Каков интерес би имале надворешните центри да дојде до распад?

Постојат показатели, само што упатуваат кон внатре а не кон надвор во однос на распадот. Југославија не била некој голем фактор кој би влијаел на менување на оски а освен тоа секогаш била хермафродит, со поглед и кон исток и кон запад.

Апсолутно не си во право и тоа од повеќе аспекти. Од политички , Југославија е основач на неврзаните, која не била ( сега баш и не до толку) организација за потценување. Во периодот за време на и по Студената војна сите конци ги влечела токму Југославија. Е сега, прашањето е - Кој би профитирал од нејзиниот распад? Русија не сигурно, самата има доволно економски, политички и социјални проблеми во тој период.. Но што е со другиот блок? Руската против-тежа? САД? Југославија веќе ја губи функцијата на тампон држава.. И се се води по старото добро правило исто како примерот со житото - раздели па владеј. Полесно е да се манипулира со народот која е разделен и со т.н марионетски држави. А како? Со подгревање на националистички тензии и пред се унишување на економијата и предизвикување состојба на паника кај народот преку хиперинфлација.
Друг можна држава која би имала корист - Германија. Германија е една од основачките земји на ЕМС ( систем на фиксни девизни курсеви или поточно претходник на денешната монетарна заедница). Германија како земја која важела и важи како најака економија во Европа ги врзува курсевите со останатите валути меѓу кои е и фунтата на Велика Британија. Британија која во тој период се соочува со криза економска и воена (82' Фолкландската војна) вредноста на нејзината валута опаѓа. Фиксирањето на било која валута со друга, (во случајов со германската_ придонесува за сведување на инфлацијата на блиско ниво но главната негативна страна е неможноста да ги спречи шоковите внатре и оние кои се пренесуваат од земјата за која е фиксирана) Логично на тоа, британците ги заменуваат фунтите за германски марки за да ја зачуваат вредноста. Тоа пак, придонесува за зголемување на и стапките на принос што ги носат каматите внатре во самата Германија. Но, по крајно паметната политика на Тачер, и нејзината крајно револуционерна фискална политика, Британија го напушта ЕМС (Нели и денес не се дел од ЕМУ). При ваква ситуација опѓаат стапките на принос и државата бележи загуби. Најитересното прашање следи сега - Како ќе ги надохнади тие загуби? Едноставно, со најакиот адут што го има - тешката и воена индустрија и отворање на нови пазари каде што може да се пласира Поточно Словенија и Хрватска. А на тоа и финансиските кредити и бум! Има некаде цел документарец за тоа ама ако го најдам ќе го објавам. Не за џабе пееа хрватите ,,Danke Deutschland".
И последно но не и најмалку важно - користа на соседните држави. Сите сакаат да зграпчат повеќе и да искористат. Стрикно за нас, сведоци сме на српско-грчкиот договор за поделба на Македонија и останатите заговори од тој вид. Тука се и унграските интереси за Војводина и Славонија, Албанските за Косово, Романските за делови од југоисточна Србија...
И тоа како имаат влијание надворешните фактори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius