Југославија како сакаш сврти го, крајот и` беше неизбежен. Што поради економскиот притисој од страна (да стане капиталистичка земја) што од приватизирањето.
Национализмот е факторот како таа се распадна. А тоа го гледаме и ден денес. Сите раскарани меѓу себе, без грам доверба.
Мислам да би можело да се тргне тој национализам на страна и да се распадневме на мирен начин, ќе бевме далеку подобри независни држави.
На секоја држава крајот и е неизбежен, зависи само за колку време. Колку огромни империи за кои во нивно време се мислело дека се вечни сега се само прашина на историјата... да не зборуваме за помали земји. Не сум сигурен дека крајот на Југославија бил неизбежен баш во 1991, иако ваквиот став повлекува what if сценарија... Земји со неспоредливо полоши економски показатели сеуште виреат, некои по 150+ години. Пример, централна Америка, освен Коста Рика - останатите се банана државички со етнички измешано население, економски зомбифицирани, политички безначајни, корупција, инфлација, нефункционалност, којзнае колку војни, што меѓусебни - што граѓански... и пак опстојуваат како државни ентитети.
Се распадна со импулс од надвор, директно во центарот...
Југославија беше совршен пример како би изгледала вистинската Пан-Европа со нејзините разлики (зборувам за моментите додека беше жив Тито), а сигурно тоа му сметаше на некој, затоа сега имаме некоја си чудна форма на Европска Унија каде што никој никаде не може да оди слободно, секој има чудни цени на производи кои не одговараат на секоја држава, чудни начини и причини за влез...
Ево Тито шта то каже
П.С. Еден човек додека беше жив не можеше ниту од надвор ниту од внатре да почнат размисли за разлики помеѓу народите! Еден човек... потоа дојдоа претседателства од различни држави, почнаа да си ги фаворизираат своите држави додека ги водеа претседателствата и тоа создаде поделба.
Како беше она од Бранко Коцкица (ако ја знаете или ако се сеќавате на емисијата) со седумте гранки жито! Заедно сите гранки не можеш да ги скинеш лесно, но одели ги една од друга постепено и лесно ќе ги уништиш! Тоа се случи со Југославија, успеаа да го натераат човекот да се сомнева во другиот, да не го почитува другиот, да почне национализам од најзаостанат вид! Конец филма
Нема показатели дека екс-Ју (па и екс-СССР) се распаднале поради надворешни импулси. Посебно Југославија, која имала сосема добри односи и со запад и со исток. Каков интерес би имале надворешните центри да дојде до распад?