Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Централистичкото планирање е тотално фијаско но луѓето се виновни што дозвоија прво да ги раздели раката на национализмот отколку да се трансформира во пазарна економија преку невидливата рака на Адам Смит. Жално ама вистинито.
Се сложувам. Национализмот исто е и една од причините поради која пропадна се’.
Реков да не ципидлачам, има и многу други работи.
А и бездруго имаше уште „многу невидливи раце“ од Америка од ваму и од таму и од секаде :)
Полесно е да се уништи човек кога е поделен на делчиња...
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.

Јасно, се разбираме... Тоа со ,,невидливата рака" се однесуваше категорично за економијата.... Па јас повеќе би ја обвинила Германија отколку Америка иако и двете се заслужни. А за виновници?? Само луѓето...
 
Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Категорично НЕ за обновување на Југославија, ма каква и да ни е моменталната состојба!
И без тоа си имаме голем проблем со србоманијата во нашава земја, со луѓе кои само физички се присутни во Македонија, а инаку се „хардкор“ приврзаници и возвишуваат се’ што е српско.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Категорично НЕ за обновување на Југославија, ма каква и да ни е моменталната состојба!
И без тоа си имаме голем проблем со србоманијата во нашава земја, со луѓе кои само физички се присутни во Македонија, а инаку се „хардкор“ приврзаници и возвишуваат се’ што е српско.
Станува збор за економско а не федеративно здружување. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Станува збор за економско а не федеративно здружување. ;)

Одговорот се однесуваше на првичното „Што мислите вие по ова прашање? Дали македонскиот народ сега ќе се наоѓаше во подобра социо-економска ситуација доколку не дојдеше до распад на Југословенската федерација“, не на понатамошните дискусии во темава. :)
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Одговорот се однесуваше на првичното „Што мислите вие по ова прашање? Дали македонскиот народ сега ќе се наоѓаше во подобра социо-економска ситуација доколку не дојдеше до распад на Југословенската федерација“, не на понатамошните дискусии во темава. :)
Обично јас ја читам цела дискусија па давам мое мислење, затоа ;) А во секој случај и во подобра социјална ситуација ќе се наоѓаше. Да. ;)
 
Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
На форумот имаш теми каде секој изнесува свој став (со свои факти) и дава простор за размислување „out of the box“, без притоа директно да го наложува и наметнува твој став... Во спротивно би немало простор за дискусија, туку ќе владее едноумие помножено по бројот на членови кои учествуваат во дискусијата. Во поглед на тоа...

;) А во секој случај и во подобра социјална ситуација ќе се наоѓаше. Да. ;)

Зошто воопшто да пробам да образложам со факти, ако ми се наметнува мислењето дека ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ состојбата ќе била подобра, ДА ;). Нема потреба од тоа, ниту ти се потребни факти, уверена си во тоа што ти го тврдиш и не даваш простор за разновидна дискусија, ја насочуваш во само еден правец.

Не сум за Југославија, зашто уште повеќе со тоа ќе се изгуби идентитетот кај Македонците кој отсекогаш бил кревок... А мене идентитетот ми е на прво место! Да, сите зборуваат за придобивките и чувството на еднаквост што владеело во тој период, но од друга страна, навлези подлабоко на таа тема со кој сакаш постар човек, и истиот ќе ти каже дека уште тогаш Македончето се чувствувало инфериорно во поглед на тоа кое е, што е, од каде, како црна овца... Приоритетите биле насочени кон другите земји, а за Македончето оделе „остатоците“, односно важело правилото „дај што ќе даеш“...
Примери? Има милион, но нема да навлегувам во нив, не за време кое и онака е изумрено, и не посакувам никогаш да се врати.
 
Јас не реков со мојот став пробувам да го замолчам твојот. Туку со секој комментар што е во темава проблематиката се проширува и опфаќа повеќе прашања па затоа мислев дека последната твоја реплика се однесува токму на последните коментари а не на почетното.

А сега да продискутирам малку за коемнтираното, иако сите одговори ги имам спомнато претходно тука. ,,Македончето" во никој случај не се чувствувало инферироно. Прво, социјалниот статус. Призната националност, еднаквост и рамноправност, јазик прогласен за државен јазик... да не потсеќа на темелите на нешто? Можеби ЕУ? Економски - спомнав неколку пати низ претходните коментари. Уште го немаме постигнато економскиот развој од 89'. Иако планот и анализата на социјалистичката економија потфрли, сепак не е за потценување фактот што голем број на фабрики и фирми имало во во Македонија. На жалост денес дали само неколку го преживеаа нејзиниот распад, Алкалоид , Витаминка а гледам пред згаснување е и ОХИС. Чист пример за капацитетот и работењето на тие фабрики се и голем дел на железничките пруги од Усје, Железара и сл. кои биле поврзувани до самите фабрики за побрзо и помасовно доставување на материјалните добра а сега служат како лежечки полицајци. Од безбедносен аспект не коментирам. Задолжителната војска, капацитетот на ЈНА, спремноста и напреднатоста на армијата, пример тенкот M-84 кој се покажа од круцијално значење за ружење на режимот на Хусеин. Бесплатно здравство, бенефиции во образование и уште многу други. Пред фактите и Боговите молчат, велат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and Foxboro