Сон како сон, не му придавам некое значење.
Некои ги паметам некои не, а и не дека се замарам нешто посебно, ама ваков сон никогаш не сум сонувала. Многу реален.
- Се возам јас во бела лада ( онака демек искусен возач сум си терам низ град ) и си одам навака натака и сега доаѓа време дома да си одам. Ја палам ладава и тргнувам. : ))
Стигнувам пред врата и да закочам, не работи кочницата. А демек јас ептен со голема брзина возев нешто во сонов, па се испаничив, не можев да закочам ни да намалам брзина, се сеќавам како да вистина се случило, а не на сон, се испаничив ептен, па почнав да губам свест, да ми се мати пред очи. А во памет само ми се повторува -дојде денот готово, ете вака ќе се случи тој ден...
Исплашена на смрт, паднав на волан и осетив некое чудно чувство и кога отворив очи помислив дека вистина ми се случило, па се будам после тоа и можеби и не дај боже сум и неподвижна. Триста филмови си направив во глава, дур да ми дојде свест дека било сон.
Цел ден го мислам сонов, го преживувам по сто пати, па ај и вас да ви го раскажам и така на се што сретнав раскажав : ))