Па, баш како син на јак политичар ќе се очекува од тебе да бидеш попосветен на учењето бидејќи имаш повеќе услови, отколку дете на необразован земјоделец(со ова не сакам никој да навредам, само како пример давам кога веќе генерализираме) и кое дете ќе биде под поголем притисок да учи? Но, не спорам дека има такви случаи кога богатите деца не се појавуваат ни на предавања ни на испит па зимаат дипломи. Ама тоа го има на државен исто колку и на приватен и не значи дека сите се такви.
Тоа што сакам да кажам е, не сите богати деца не учат, и не сите сиромашни деца учат.
А за шангајскава листа не сакам да почнам да коментирам, бидејќи политика ќе мешам а тоа на форумот рековме ќе биде избегнато.
Кога плаќате за нешто, што мислите тој на кого му плаќате што ќе каже? вие сте подобри или некои други?
Значи листава, врска нема.
Туку, ме интересериса кој е овој Меѓународен Балкански Универзитет?! Првпат го среќавам, а најдобро рангиран од приватниве..