Школување на приватен или државен факултет?

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Иако ми е рано за факултет јас сепак да си кажам.
Јас дефинитивно би се записала на државен факултет бидејки како што кажа Proton повекето на приватните факултети земаат диплома со пари. И потоа тие ке ти кажуваат високо образование имале. :angel
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
па шо знам во некоја друга држава сега зборувам за Америка или некоја друга так појака земја приватното образование важи за поквалитетно, додека кај нас државното е поквалитетно. зошто? затоа што на нашите приватни факултети учат кремчињата македонски, синови и ќерки на познати и богати бизнсимени и политичари и дипломата си ја земаат со пари. Не велам дека кај сите е така ама во едно 90‘ ослучаите додека на државните факултети се бара знаење...
Се сложувам со твоето мислење.Еден мој професор во една прилика кажа дека доколку факултетот не е тежок (приватен е) тогаш нешто не е во ред со самата институција и професорите(платена диплома-затворена уста на професорите) додека пак на државниот факултет има падови и успеси кои те градат како особа која е научена на порази и станува поцврста карактерно.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
872
1,103
393
26
Струмица
Jas sum na privaten fakultet i znaete sto ke vi kazam, gresite tie sto mislite deka se zima diplomata so pari... bezrazlika dali si na privaten ili na drzaven imas nepravda i toa kakva, jas sum i kazuvala na mojata drugarka na ispit i imavme napisano isto i taa pomina a jas padnav, a sum platila za da polagam, sega i za ispit se plaka, taka da ne e se so pari... na studentite vo Skopje im kratat matrijal a na nas tuka cel matrijal ni go davaat... Jas sakav na privaten bidejki si mislev deka ke izbegam od nepravdite, no vo golema zabluda sum bila za zal... taka da sekade e isto, i na privaten profosorot mora da te sobori barem ednas...;)
 
  • Like
Реакции: Scars and Hexasto

AnneBoleyn

Активен Член
14 февруари 2012
144
192
43
In Chuck Bass' bedroom
Се цени повеќе државната диплома бидејќи приватните универзитет се релативно нови, а кај нас нови работи тешко се прифаќаат. На приватните универзитети школарината е значително повисока и тоа за многумина е доволна причина да ги „плукаат“. Абе и лисицата кога не можела да го дофати грозјето викала дека е кисело. Нејсе.
Со тие пари, ги плаќаш условите, а не дипломата. За да стигнеш до диплома треба да се изнамачиш. Ако не си научил ќе паднеш еднаш, па два пати, три пати на испит се додека не седнеш и не го напишеш тоа што се бара од тебе. Има практична настава, со помал број на студенти во група и воедно поголема ефикасност. Односот на професорите е коректен и можеш да ги добиеш во секое време за консултации.
На државен од друга страна, среќен си ако еднаш успееш да го пронајдеш професорот за да си земеш оцена, предавањата се со минимум 100 студенти во предавална која собира 50, за односот на тетките од студентски прашања да не зборам, ќе чуеш зборови што претходно не си знаел дека постојат (во негативна конотација, а се однесуваат на вашата личност).
За препишување, секаде се препишува се додека не те фатат, а казните се секаде исти. Но, што корист ако препишуваш, ќе препишуваш кога ќе работиш?!
А врски секаде има. Мала држава сме, секој со секого се знае, јбг. :)
Мој заклучок, единствена позитивна страна на државните универзите е цената. Колку пари -толку музика( во случајот знаење).
Но, колку и да дебатираме на темава ако на некого му се учи ќе учи секаде, ако сака само да земе диплома ќе се снајде некако на било кој универзитет. Битно е таа диплома да се искористи после за вработување и во работата да се покаже стекнатото знаење. ;)


„кремчињата македонски, синови и ќерки на познати и богати бизнсимени и политичари “ - не успеав да го цитирам како што треба. Значи ако си ќерка/син на богат биснисмен или политичар под дифолт си глуп/а и не сакаш да учиш?! И сите што се на приватен се деца на директори? А оние со стипендии? :eek
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
И едниот и другиот имат и предности и недостатоци. Јас сметам дека државните се потешки, за разлика од приватните каде ретко паѓаат заради тоа што даваат големи суми на пари. Би избрал државен, иако моментално немам пари ни за едните-ниту па за другите. :zbunet
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
Се цени повеќе државната диплома бидејќи приватните универзитет се релативно нови, а кај нас нови работи тешко се прифаќаат. На приватните универзитети школарината е значително повисока и тоа за многумина е доволна причина да ги „плукаат“. Абе и лисицата кога не можела да го дофати грозјето викала дека е кисело. Нејсе.
Со тие пари, ги плаќаш условите, а не дипломата. За да стигнеш до диплома треба да се изнамачиш. Ако не си научил ќе паднеш еднаш, па два пати, три пати на испит се додека не седнеш и не го напишеш тоа што се бара од тебе. Има практична настава, со помал број на студенти во група и воедно поголема ефикасност. Односот на професорите е коректен и можеш да ги добиеш во секое време за консултации.
На државен од друга страна, среќен си ако еднаш успееш да го пронајдеш професорот за да си земеш оцена, предавањата се со минимум 100 студенти во предавална која собира 50, за односот на тетките од студентски прашања да не зборам, ќе чуеш зборови што претходно не си знаел дека постојат (во негативна конотација, а се однесуваат на вашата личност).
За препишување, секаде се препишува се додека не те фатат, а казните се секаде исти. Но, што корист ако препишуваш, ќе препишуваш кога ќе работиш?!
А врски секаде има. Мала држава сме, секој со секого се знае, јбг. :)
Мој заклучок, единствена позитивна страна на државните универзите е цената. Колку пари -толку музика( во случајот знаење).
Но, колку и да дебатираме на темава ако на некого му се учи ќе учи секаде, ако сака само да земе диплома ќе се снајде некако на било кој универзитет. Битно е таа диплома да се искористи после за вработување и во работата да се покаже стекнатото знаење. ;)


„кремчињата македонски, синови и ќерки на познати и богати бизнсимени и политичари “ - не успеав да го цитирам како што треба. Значи ако си ќерка/син на богат биснисмен или политичар под дифолт си глуп/а и не сакаш да учиш?! И сите што се на приватен се деца на директори? А оние со стипендии? :eek
види вака јас зборам за едно 80-60% од студентите на приватен.. Ако сум политичар од власат со јак иврски шо мислиш да ли професорот ке ме гледа со сити очи со некој ученик чиј татко е земјоделец? не би рекол...
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
137
169
43
Скопје
За приватните неможам многу да зборувам освен тоа што знам од мои познаници, а тоа е дека ама воопшто уво не ги боли. Не е важно на кој приватен се запишани, ама знам дека последниве 2 години, на секој колоквиум (замислете имаат колоквиуми, мораат уште малку пари да им лапнат покрај тоа што плаќаат толку висока партиципација) имаат по што се вика, 20-30 прашања со еден точен одговор, и добиваат листа точни одговори пред да го полагаат. Единственото оправдување што можеа да ми го смислат за ова е дека и на државните факултети добивале прашања/одговори пред секој испит... Незнам колку оваа информација е точна ама од самото тоа што го слушам, ми се гади.

Од друга страна, ни државните не се нешто посебно. УКИМ е најдобро рангиран универзитет во Македонија, бидејќи сосема малку треба да се потрудат, а од друга страна и немаат некоја посериозна конкуренција. Значи зашто кога си најдобар во државата да се подобриш? 99% од професорите на УКИМ го делат ова мислење, што значи во превод, само 10тина професори кажуваат дека треба константно да се подобрува квалитетот на студиите, да се модернизира колку што може, да се надградува, т.е. колку што дозволува нивниот буџет (а тоа е мнооооогу). Се додека мнозинството смета дека не треба да се надградува, ние ќе си стагнираме/пропаѓаме. Тоа е тажната вистина.

Бидејќи можеби малку се оддалечив од темава, ај барем да дадам одговор :)
Мислам, барем според мене, дека треба да се отиде на државен факултет. Зашто? Бидејќи ако таму не ти ја извадат, народски кажано, ,,маста‘‘, ако таму не те научат дека во животот нема да ти биде лесно и дека ќе треба да се бориш со своето ЗНАЕЊЕ и да УЧИШ нон-стоп, ако таму не научиш дека некогаш треба да прифатиш пораз, но да не ти биде сеедно и да се помириш со фактот дека никогаш нема да го поминеш тој предмет и да запнеш со сите сили, незнам каде на друго место ќе научиш.
 

AnneBoleyn

Активен Член
14 февруари 2012
144
192
43
In Chuck Bass' bedroom
види вака јас зборам за едно 80-60% од студентите на приватен.. Ако сум политичар од власат со јак иврски шо мислиш да ли професорот ке ме гледа со сити очи со некој ученик чиј татко е земјоделец? не би рекол...
Па, баш како син на јак политичар ќе се очекува од тебе да бидеш попосветен на учењето бидејќи имаш повеќе услови, отколку дете на необразован земјоделец(со ова не сакам никој да навредам, само како пример давам кога веќе генерализираме) и кое дете ќе биде под поголем притисок да учи? Но, не спорам дека има такви случаи кога богатите деца не се појавуваат ни на предавања ни на испит па зимаат дипломи. Ама тоа го има на државен исто колку и на приватен и не значи дека сите се такви.
Тоа што сакам да кажам е, не сите богати деца не учат, и не сите сиромашни деца учат. :)

А за шангајскава листа не сакам да почнам да коментирам, бидејќи политика ќе мешам а тоа на форумот рековме ќе биде избегнато. ;)
Кога плаќате за нешто, што мислите тој на кого му плаќате што ќе каже? вие сте подобри или некои други?
Значи листава, врска нема.

Туку, ме интересериса кој е овој Меѓународен Балкански Универзитет?! Првпат го среќавам, а најдобро рангиран од приватниве.. :eek