Се цени повеќе државната диплома бидејќи приватните универзитет се релативно нови, а кај нас нови работи тешко се прифаќаат. На приватните универзитети школарината е значително повисока и тоа за многумина е доволна причина да ги „плукаат“. Абе и лисицата кога не можела да го дофати грозјето викала дека е кисело. Нејсе.
Со тие пари, ги плаќаш условите, а не дипломата. За да стигнеш до диплома треба да се изнамачиш. Ако не си научил ќе паднеш еднаш, па два пати, три пати на испит се додека не седнеш и не го напишеш тоа што се бара од тебе. Има практична настава, со помал број на студенти во група и воедно поголема ефикасност. Односот на професорите е коректен и можеш да ги добиеш во секое време за консултации.
На државен од друга страна, среќен си ако еднаш успееш да го пронајдеш професорот за да си земеш оцена, предавањата се со минимум 100 студенти во предавална која собира 50, за односот на тетките од студентски прашања да не зборам, ќе чуеш зборови што претходно не си знаел дека постојат (во негативна конотација, а се однесуваат на вашата личност).
За препишување, секаде се препишува се додека не те фатат, а казните се секаде исти. Но, што корист ако препишуваш, ќе препишуваш кога ќе работиш?!
А врски секаде има. Мала држава сме, секој со секого се знае, јбг.
Мој заклучок, единствена позитивна страна на државните универзите е цената. Колку пари -толку музика( во случајот знаење).
Но, колку и да дебатираме на темава ако на некого му се учи ќе учи секаде, ако сака само да земе диплома ќе се снајде некако на било кој универзитет. Битно е таа диплома да се искористи после за вработување и во работата да се покаже стекнатото знаење.
„кремчињата македонски, синови и ќерки на познати и богати бизнсимени и политичари “ - не успеав да го цитирам како што треба. Значи ако си ќерка/син на богат биснисмен или политичар под дифолт си глуп/а и не сакаш да учиш?! И сите што се на приватен се деца на директори? А оние со стипендии?