Форумџии кои ја одбележаа 2013та

Статус
Затворена за нови мислења.

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Најдобар мод/админ: Miss Chevious,Electra, Saladin, Houp*,
Најинтелигентен форумџија: Saladin, Luckky, Electra, Arkantos
Најпозитивен форумџија: parvati
Најобјективен форумџија:/
Најактивен форумџија: Melpomena, Acquarius, The Queen
Најкреативен форумџија: MissChievous, Мортидо
Најголем оптимист: parvati, TheMayor
Најкомуникативен форумџија: Aquarius, parvati, JaMi, Trajche, WomanInRed
Најдобар советувач: Arkantos
Форумџија со најдобра смисла за хумор: TheMayor
Најискрен форумџија:/
Најфин форумџија: ЈаМи, Houp*, Saladin, ipopovski, psychosocial, WomanInRed, Maрија
Најзаљубен: Kisserboy
Најромантичен: Arkantos
Форумски/ка фраер/ка: Фраерка јас (се шалам):D Мајорот, Др Гонзо очигледно се замина во пензија
Најмузичар: Solstice, cakar_ulav
Филмохолик: Хоуп*, Knife, Kitty
Најголем читач: Redhead, Saladin, Luckky
Верен лајкувач: dee-dee никој не може да ја замени
Најголем сонувач: Redhead, Selene, Lena, Nighty
Најмистериозен член: Бобо и мелпомена:
Форумски поет/поетеса: Lena, Инкогнито, Luckky, Марија, Саладин, Мортидо
Освежување за 2013: Хоуп*, Aleksis, TheQueen
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Најдобар мод/админ: Electra, Saladin, Хоуп*
Зошто: Првите двајца веќе искусни модератори.Одговорни и секогаш активни.Додека третата иако тазе, за брзо време се снајде во тие води.Сите тројца одлично си ја вршат својата работа.
Најинтелигентен форумџија: Тука би ги спомнала Outrider и existence.
Зошто:Незнам дали има нешто за кое немаат познавање. :) Сакам да ги читам и ми се допаѓа како ги презентираат своите мислења,секој на свој посебен начин.
Најпозитивен форумџија: Parvati,The_Mayor
Зошто:Зар навистина треба да образложам зошто?:)
Најобјективен форумџија:Luckky,MissChievous
Зошто:На смирен,сталожен и културен начин ги решаваат конфликтите.
Најактивен форумџија: melpomena,Хоуп*
Зошто:Секогаш тука и спремни да си го кажат своето мислење,па макар и да си направат муабет во Чет муабети со некого. :)
Најдоследен на своите ставови: existence
Зошто:Затоа што е така. :) Дури и кога не е во право. :)
Најкреативен форумџија: Lena,Sarah
Зошто:Првата, заради нејзината поезија,текстовите и убавите фотографии.Втората, затоа што секогаш се занимава со нешто,било тоа да е разубавување на облека,правење накит,нокти и слично.
Најголем оптимист: Тука би ја ставила maja-maja
Зошто:Секое нејзино мислење е позитивно и оптимистичко, дури и оние во најстрашните теми: Личен дневник и Сакам да ти кажам :giggle
Најкомуникативен форумџија:Parvati,Aquarius
Зошто:Дружељубиви се,и со сите знаат да си направат муабет.
Најдобар советувач:Во љубовни проблеми embrace и Saladin.За во другите теми скоро сите по малку даваме совети кога е потребно на некому.
Зошто:Затоа што секогаш се таму да им дадaт добар совет на несреќно заљубените душички. :)
Форумџија со најдобра смисла за хумор: Outrider,Electra
Зошто:Се издвојуваат по нивниот саркастичен хумор.
Најискрен форумџија: Хоуп*,Solstice
Зошто: Затоа што секогаш си го кажуваат своето мислење без да се грижат дали ќе бидат осудувани или погрешно сфатени.
Најфин форумџија: Violetmoon, Хоуп*, Luckky,Mameha
Зошто: Секогаш прибрани и расположени за разговор.
Најзаљубен: Photographer и o$y(@$&!-.- :giggle
Зошто:Првиот нема ден да не пише некаде по љубовните теми,а Сајко иако знае вешто да ја прикрие својата заљубеност и не се отвара многу низ темите,сепак знае да напише по некоја љубовна порака,да посвети песна и слично.
Најромантичен: Arkantos
Зошто: Романтична душа во секоја смисла на зборот.
Форумски/ка фраер/ка: Kisserboy
Зошто:Ѕидот му е исполнет со бакнежи од членки на форумот :giggle
Најмузичар: Solstice,existence,cakar_ulav
Зошто: Покажале големо познавање за различни жанрови на музика а и сите тројца се дружат со гитарите. :)
Филмохолик: Хоуп* , Knife , Saladin
Зошто: Првите двајца мислам дека нема филм што го немаат изгледано :),и ги освежуваат темите за филмови и серии.Третиот исто би го ставила тука и би додала дека знае да напише добра рецензија за добри филмови.
Најголем читач: Saladin, Luckky
Зошто: Активни во секоја тема во литературното катче,поседуваат богат речник и мислам дека тоа е доволно за да бидат етикетирани како најголеми читачи на форумов.
Верен лајкувач: antonio
Зошто: Нема песна,виц,или мисла на денот што ја нема лајкнато :p
Најмистериозен член: melpomena,Lena
Зошто: Никогаш премногу не се отвараат на форумов.Се што пишуваат е со доза на резерва.
Форумски поет/поетеса: Luckky,Lena,Инкогнито
Зошто: Затоа што уживам да ги читам нивните творби.
Освежување за 2013: Хоуп* , Outrider
Зошто: Како што кажа Саладин погоре,огромен плус за форумот е што има вакви членови.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Најдобар мод/админ: MissChievous, Saladin, Electra, Хоуп*
Најинтелигентен форумџија: Outrider, Хептаграм, Electra, Luckky, True_Blood
Најпозитивен форумџија: parvati, solstice
Најобјективен форумџија: Electra, Luckky, Saladin
Најактивен форумџија: Хоуп*, The Queen, Хептаграм, melpomena, Змејче
Најкреативен форумџија: Luckky, MissChievous, Sarah
Најголем оптимист: /
Најкомуникативен форумџија: parvati, Solstice, Хоуп*
Најдобар советувач: /
Форумџија со најдобра смисла за хумор: Outrider, Solstice, Electra
Најискрен форумџија: /
Најфин форумџија: Sarah, maja-maja, Little Butterfly
Најзаљубен: Photographer, crvenkapa, Luckky, Lady*
Најромантичен: Arkantos
Форумски/ка фраер/ка: /
Најмузичар: Solstice, Aristokrat, existence
Филмохолик: Хоуп*, Knife, MissChievous, Saladin
Најголем читач: Saladin, Luckky, Arkantos
Верен лајкувач: /
Најголем сонувач: Lena
Најмистериозен член: Dystopian
Форумски поет/поетеса: Инкогнито, Лена, Luckky
Освежување за 2013: Aleksis, Хоуп*, Змејче
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Јас оваа година и бев не многу активен бидејќи бев потресен од пресудата на главниот мотикар Паско, а после тоа ме потресе и Кили (загреота човекот му помина денот на дрвото а тој ништо не засади), меѓутоа многу пати знаев да разлистам низ форумов што би рекле - од сенка.
Прибидејќи или затоа што многу од новите членови не сум запознал а и не ми пишале во ПП барем едно добарден (освен Весна одвреме на време знае да ми напиши здраво, а јас по природа и општество одма и враќам и чекам одговор да си попишиме, едноставно жената исчезнува и не ми враќа), каде грешам и се прашувам зошто? зошто така? зошто ли зошто остана, кошула недоткаена? Меѓутоа и не е многу битно, јас и понатаму останувам нејзин верен фан и тако даље и тако даље, и сега шо сакав да кажам е да се навратам офтопик на темава.
Јас со малку префинет и уникатен вкус морам да изменам само малку ситни детали во темава, и ќе зборувам само за старата багра бидејќи новите момци и пич уствари моми не ги познавам.
Be yourself no matter what they say
0.jpg

Највработен - Шмекси ... чоекот само за работата си пиши и одвреме на време за љубовта што е и сосема доволно па и скромно во ова време не време, и да ти кажам чоече дека имам претстава дека си работохолик а јас како Јарец во хороскоп тие луѓе си ги обожавам и имаш оставено добар впечаток, и само еден специјален поздрав во тебе со песната куча посо, посо куча...

Најспортист - foREVer е сега не знам што стана со девојчево и дали е сеуште активна, ама јас само да и кажам дека новата универзална сала во Скопје личит на јајце, и да најдиме уште еден објект таков во светов и да се чукниме за Велигден.

Најкоцкар - melpomena ти па толку многу и си мистична шо еднаш се сеќавам 2 месеци слика ти барав а ти нон стоп покриена како оние играчите на тексас холдем, и ако некогаш во животов сретнам жена со капа што си го покрива лицето и со темни наочари ќе мислам дека си ти.

Највојник - дури и покрај мојот ник Trajche мислам дека ја заслужуваа таа чест, а и според тоа што го пишува имам слика за чоечево дека е строг режим, дури мислам дека и мисионерската поза му е најфетиш што е многу несекси за мене , јас обожавам доги.

Најиздуван - parvati а бидејќи имав чест и да ја запознам Trouble (не знам дали е сеуште активна) е тоа е таа комбинација на најзабегани дефинитивно. Нив специјално да ги поздравам со песната king of the bongo , имаме спомени на таа песна луѓе мои, слушајте ја понекогаш.

Најметалец - Solstice и MissChievous , и имам прашање- зошто сите спотови на металците се во некоја шума? Искрејно тие групи и нивните спотови во шума страшно ме потсеќаат на дендрофилие, но не и вие ...немојте да ме сфатите погрешно.

Најскромна - оваа година златниот глобус го зема WomanInRed , несомнено дека е така имам едно мото до тебе девојко- јас во животот немам многу, но и тоа малку што го имам , многу ми завидуваат.

Најсмешки - Electra абе мислам дека мојш да падниш во несвес од смеење на газ ко ќе напишит нешто а и доста е интелегентна како Мајкл Скорфилд од бегство од затвор , а и како склерозен се сеќавам на најсмешната ноќ на форумов некаде во почетоците во 2012та, тоа беше JaMi и битолските дрогаши навлечени на кероин, матадон и слично што не знаеа да се шприцет туку нив ги шприцаа.

Најдругар- и кога Сулејман војува и кога модераторот бриши ,и да не сум тука, Kitty мене ми пиши...една е Кити мајке ми.

Најначитан - Saladin и многу ме потсеќа на еден мој брачед Жан Клод Ван уствари Жан Илиески, мислам дека луѓето се 1000 зошто 1000 за телефон, 1000 за интернет, 1000 затоа. Со други зборови се знаат.

Најадмин - Sarah абе девојчето е најдобро на форумот, сите мислат дека Иџо ова она ама јас мислам- фиктивно најадмин е Иџо а фактички е Сарчето.

Најзаљубен- е јас, кој и покрај харемот инатаму неможам а да не помислам на Froska Frosina (Фроска љубим те до коска)
Во листата на фини и забавни ликови Aleksis заземаш голем удел госпоѓо Алексо, а и Сара.13 (не знам дали сеуште јади семки од тиква и многу сум радознал, треба да дознаам).

Најлиберте- LadyButterfly и lady_blue позитивни и друштвени....доволно.

Златната малина оваа година ја доделувам на Outrider бидејќи имаше закачено грчко знаме на аватар и ме убедуваше дека е белгиско...постхиптерска неифнормираност.
Доволно е сега за сега, ќе се навратам пак на темава со нови забелешки и нови ликови а за досега кажаното -Ако грешам нека изгорам од Пепи Бафтироски.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Најдобар мод/админ: Miss Chevious,Electra, Saladin,
Најинтелигентен форумџија: Saladin, Electra, Arkantos
Најпозитивен форумџија: parvati
Најобјективен форумџија:
Најактивен форумџија: Melpomena, Acquarius, Aleksis
Најкреативен форумџија: MissChievous, Lena, Electra
Најголем оптимист: parvati, TheMayor
Најкомуникативен форумџија: Aquarius, parvati, JaMi, Trajche, WomanInRed
Најдобар советувач: Saladin Electra
Форумџија со најдобра смисла за хумор: Mayor parvati
Најискрен форумџија:/
Најфин форумџија: ЈаМи, Saladin
Најзаљубен: photographer
Најромантичен: Arkantos
Форумски/ка фраер/ка: Major parvati
Најмузичар: Solstice, cakar_ulav
Филмохолик: Хоуп*, Knife, Kitty
Најголем читач: Saladin, Luckky
Верен лајкувач:
Најголем сонувач: Selene, Lena
Најмистериозен член:
Форумски поет/поетеса: Lena, Luckky, Марија, Саладин,
Освежување за 2013: Хоуп*
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас се извињавам што се набацувам ко падобранец, ама ете, знаев дека некој ќе заборавам.
Во најискрени, си ја ставам alba
Ми се бендисува како ги изнесува своите ставови, in your face! И да бидам искрена, девојчето ме бендисува поштено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Марија

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Прво би сакала да кажам збор – два за моето искуство на форумов, кое веќе брои скоро две години, сума сумарум. Некој можеби ќе го најде за досадно, некој за реално, некој можеби нема ни да го прочита ама сеедно, какво и да е – мое си е. Се надевам дека покрај мојата цел, за забава, дискутирање и споделување, немам никого директно ниту пак индиректно навредено. Ако некој на било кој начин со некоја активност бил повреден воедно и се извинувам. Исто, сакам да напоменам дека никој лично не познавам од форумов, и сето споменато тука се должи на лично моја перцепција на одредени членови, и без никакво ласкање, додворување или некој вид на наклонетост кон истите. Ете, би сакала да посочам зошто баш токму тие членови ги номинирам во секоја од категориите.

Најдобар мод/админ:
Пред се’, сакам да напоменам дека тимот на модератори реално е вистинскиот и најдобриот. Сите посветено ја извршуваат својата работа и крајно се посветени на благосостојбата во форумот. Неколку од нив би сакала да ги спомнам тука, и се надевам дека истите ќе ми извинат ако погрешам за тоа каде се дејствуваат.
MissChievous (Мислам дека е најстабилниот и најдежурниот модератор. Секогаш реална и крајно објективна.), Electra (Електра во повеќе наврати ја имам начекано како е присутна во средување на хаосот што знае да настане на форумов и знае крајно објективно да ги потегне конците. Покрај тоа, форумот Психологија просто цвета. Многу нови теми токму од неа, поголема прегледност и ажурност). Saladin (Исто така, присутен при појава на непотребни мислења, креирање на логичен редослед низ темите, конкретност и посветеност). И за крај Redhead, и Хоуп*. Двете несебично посветени, и иако најнови во модераторскиот тим, безрезервно се трудат за напредокот на форумот. Redhead со раздвижувањеto на темите во Литература и книжевност додека Хоуп придонесува многу во форумот ТВ. Енергични, креативни. Толку.
Најинтелигентен форумџија:
Saladin ( Едноставно нема дел од форумот каде што ги немам сретнато неговите ставови, кои се навистина прекрасни). Melpomena ( Мели е заслужено во оваа категорија. Многу реалност, сеопфатност и вистина во нејзините искажувања, кои те тераат да размислуваш за кажаното.) Еlectra ( Низ многу нејзини постови ми се допаѓа начинот на кој размислува, без разлика на тематиката, и ставови што се секогаш добро аргументирани.) existence ( Со леснотија обраќање на сите тематики, кои покрај тоа се навистина издржани, промислени и комплетни). True_blood (Навистина одличен поглед кон многу работи. Повеќе мислења што ми се допаѓаат низ различни теми).
Најпозитивен форумџија:
Lady*, ЈаМi, Kitty, Violetmoon - Сите подеднакво се крвотокот на поизтивната енергија низ форумот. Секогаш ми се ,,насмеани” и позитивни, а нивните постови во различни теми често ме разведруваат.
Најобјективен форумџија:
Искрено оваа категорија ми беше најтешка за одлучување. Некои личности во некои теми се крајно објективни но во други и не до толку. Барав личности кои според мене не одат на таа варијанта замисли приказна А или приказна Б... туку на доследен и генерален заклучок, во сите нивни излагања. – Redhead, Electra, MissChievous, Хоуп* и Arkantos.
Најактивен форумџија:
ЈаMi, Kitty, Melpomena, Aquarius, Aleksis. И мило ми е што е така.
Најкреативен форумџија:
Lena и Инкогнито. Креација од нигде - никаде за секаде. Од ништо – нешто. Им завидувам на креативноста. И не знам зошто, имам чувство како да ми се надополнуваат цело време. Исто и Sarah, чија ангажираност и креативност ја искажува на многу начини во модата, убавината, грижата за себе и желбата да создаде нешто.
Најкомуникативен форумџија:
Aquarius, parvаti, Aleksis – Секогаш подготвени за разговор. Морам да го додадам и Outrider , чии дискусии особено во темите од Историја многу ме радуваат и уживам во нив.
Најдобар советувач:
Redhead и Saladin – Советување од аспект на кој треба да се пристапи. Реално,концизно и објективно.
Форумџија со најдобра смисла за хумор:
True _blood, Aleksis, Хоуп*, existence и Еlectra. Сите, ама баш сите некогаш повеќе - некогаш помалку, го вадат на површина токму оној тип на хумор што навистина знае да ме насмее. Не-очигледен и прилично саркастичен.
Најискрен форумџија:
True_blood, Selene, alba, lady_blue, Ана- Каренина. Самите постови ми делуваат сосема искрено, базирани токму на тоа што навистина го чувствуваат во моментот, без резерва.
Најфин форумџија:
Lady*, Mystique, Street_chic, WomanInRed, Aquarius, Sarah, Сара.13 , maja-maja, Змејче, Anastasija, |o$y(|-|0$0(|@l, Kisserboy.. Навистина не можам некого да одвојам. Затоа ги набројав сите што ми текнаа, некои од нив ги спомнав и низ другите категории а сигурно и пропуштив некој.
Најзаљубен форумџија:
Lady*, Photographer, crvenkapa, SaraFighter Личности кои форумски ми имаат повеќе од доволно влеано чувство дека живеат од и за љубовта, низ повеќе постови.
Форумски/ка фраер/ка:
Parvati, TheMayor Едноставно таков им е стилот – шмекерски :cool:
Филмохолик:
Хоуп*, Knife, foREVer и Kitty – Мислам дека се најнавлечени од филмовите од сите останати.Членови со најмногу споделени мислења низ филмските теми и со многу добри рецензии.
Најголем читач:
Redhead ( Добар избор на книги, добар избор на писатели и неколку добри препораки од неа, и според мене член што дефинитивно ја заслужува оваа титула).
Најголем сонувач:
Преку нивните постови сите го предизвкикуваат тоа чувство во мене. Дека се сонувачи – Lady*, Lena, Photographer, WomanInRed.
Најмистериозен член:
Dystopian, Аristokrat, warr, еxistence – Ми делуваат мошне мистично.
Верен лајкувач:
Antonio, mspasenoski, Rosana, Kisserboy - Поради големиот број ,,ми се допаѓа" низ темите од типот ,,Мисла на денот" ,,Моментално слушам", ,,Хит на денот" ,,Моментални чувства" итн.
Форумски поет/поетеса:
Lena, Марија, Saladin. Или едноставно форумскиот врв на ова поле, секој карактеристичен на свој начин. Lena е мојата поетска муза. Најискрено. Се воодушевувам на нејзината поезија. Огромна поетска присутност, огромна креативност. Едноставно инспирација. Марија - Поради најбрутално-реално донесена емоција во нејзините дела во Љубовната исповедувачница. Многу приземјено, реално и блиско до мене. Saladin – Стил што премногу ми се допаѓа. Делот од неговите фрагменти поставени на форумот ги имам препрочитано неколку пати, и навистина ми причинуваат вистинско задоволство исто како и првиот пат,како и активностите во пишувањето на зададена тема.
Форумџии кои фалат низ форумот оваа година:
Везилка, She, Nighty, Primrose, Реми, lady_blue - Нема потреба од дообјаснување. Докажан квалитет кој недостига.

Освежување за 2013:
Хоуп*, Aleksis, Outrider, Mameha
Тие се и повеќе од одлично освежување. Членови кои дефинитивно придонесоа форумот да стане подобро место, заживувајќи многу теми со нивните мислења.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ќе почнам од позади

Освежување за 2013:
Хоуп*, Aleksis, Outrider, Lilian
Поготово првите тројца,интересни ликови чие размислување ми се допаѓа,без разлика дали сме истомисленици или не.
Во ист здив и зрели а понекогаш и соодветни за годините за кои имаат напишано дека се.
Последната ми е загонетен лик која исто така донесе едно освежување на форумов.

Форумџии кои фалат низ форумот оваа година:
Фалат многумина.
Фали Мајорот,понеогаш толку дрзок и директен но пред се оригинален и достоен за она што го пишува.
До некаде сличен на него Фор Фан.
Своеглави вредни момци кои имаат свое одбележје на форумов годинава.
She ми се чини од прв ден одкако е член истовремено и фали.
Тука е и TheKithen,Реми,Мортидо,Кones,Malo,Иdiot....
Lady_blue....Нејзината човечност и искуство фали во сите од нас,а потоа таа како лик на форумов.
Ако воведам класификација за човечност морам овде да ги додадам Oleri,Luckky.
Прекрасни ликови чии реакции и текстови ме посочуваат кон нешто што ретко постои.Баш без ниту една единствена забелешка,а не дека нема и други такви.


Форумски поет/поетеса:Luckky без конкуренција во оделот за поезија и проза.Нејзините зборови единсвено ме голтат низ нејзините ,,приказни,,додека ја читам.
Во оделот за колумни исто незаменлива ми е Реми,ова не го пишувам прв пат.

Лајкувач:Нема да номинирам од причина што случајно или не,признале или не,сите сме на моменти нечии верни лајкувачи без оглед на причината.

Филмохолик:
Кој друг ако не оваа четворка.
Хоуп*, Knife, foREVer и Kitty


Најмистериозен член:
Немам ниту мистериозни членови.
Сите ми се форумски ликови,зад кои седи личност која се прикажува онолку колку самата сака да знаеме за неа,него.
Повеќе од тоа до сега не ме заинтересирало за никого.

Форумски/ка фраер/ка:
Што се тоа фраерки и фраери?
Понекогаш ми се Elektra, Solstice, Alba, Outrider, Praetorian баш онака фраери,но дефинитивно True_blode ми е секогаш а не само понекогаш фраерка.
Ако објаснувам зошто може да бидам сфатена саркастично или иронично,затоа ќе прескокнам.

Нај убава форумџика: Сара 13....лично и умно моме,без разлика на одредени спротивставени ставови и сфаќања.Смело моме.


Најзаљубен форумџијаPhotografer,Lady* и Марија.
Посебно и навистина заљубени 4Fun и Jami

Најголем сонувач:Lena,existence,Arkantos

Најфин форумџија:Ако окарактеризирувам финоќа пак би ја издвоила истата тројка.Без ниту еден излив на ни случајна грешка.
Oleri,Luckky,Lady_blue.
Би го додала и Nighty,Фино дете кое исто фали на форумов.
Anastasija ми е посебна,апсолутно позитивна.Taa sum..исто така,посебо драга.

Најискрен форумџија:
Па искрени сме нели демек сите.Но би ги издвоила Марија,Хоуп*,Алексис,Олери,Bibi@,Solstice,Аlba,Farfalla,

Форумџија со најдобра смисла за хумор:
Мајорот,Електра,Хоуп дефинитивно,Лејди блу кои итекако знаеле да ме насмеат.Алба е тука исто така.

Најкомуникативен форумџија:
Aquarius,Saladin,Хоуп*,Cakar_ulav,Сара 13,|o$y(|-|0$0(|@l,

Најкреативен форумџија:Ако на дело ми се допаднала нечија креативност тоа е Мортидо.

Најпозитивен форумџија:Сестрите Jami Kitty ем најмногу частат по кафичите,ем ептен прилагодливи,во позитивна смисла на зборот,ретко кому му успева ова.
Trajche да не го заборавам.

Најобјективен форумџија: Освен MissChievous,Sarah,Lady_blue,Olery,ShakaZulu,Марија,Luckky,Кnife,.. не сум забележала по апсолутна објективност од нивната.(сигурно испуштив некого).
Браво,има што да научиме од вас,само кој како е заинтересиран за нештата.


Најинтелигентен форумџија:
Овде би сместила повеќемина,секој свој својствен на годините,искуството и излагањата.
existence,MissChievous,Lady_blue,Oleri,Selene,Anakin,Outrider,Solstice,TheKitten,Lilian,Alba,Марија...

Најголем читач:
Redhead

Подзаборавени форумџии:На кои ми текнува дур пишувам трудејќи се да не заборавам некој да спомнам.
Марицк 14,ХипХоп,Хармонија,Миг21,Макс,Hexasto,Scoobydoo,Мирче_Мкд...

Најдобар мод/админ:

Lady_blue ми се чини дека беше дел од тимот и во оваа година
Сега од моменталниве ке ја издвојам само MissChievous која остана како единствено ем нај активна од цел тим,нај објективна,без трошка навреда и пристрасност кон никого.
Добар е моменталнит тим,ми се допаѓа,без разлика на повремени испади.
Да ја нема ароганцијата до толкав степен ми се чини дека ќе си остане форумов доследен на себе,дека не треба да биде сличен на другите.

Jackal како да те спомнам тебе,во која категорија?
Поет,колумнист,реалист,интелегентен доволно повеќе и на посебен начин.
Фалиш многу.

Поновите од последните два три месеци не ми се додадени од причина што немам баш прочитано.
Сигурно пропуштив бајаги.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Dear sirs/madams,
Најпрво да се заблагодарам за многубројните номинации за Оскар за филмохолик на Црнобело на годината. :D
А потоа да речам дека треба да додадете категорија најмрзан на годината, да ја освојам бар таа титула, зашто ме мрзи да ве редам по категории сега. :zelen
Фала на внимание.
Faithfully yours,
Knife
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*, Saladin and TheQueen
Статус
Затворена за нови мислења.